Памтам добив баш на празникот Богородица во август,пред да почнеме осмо одделение.. Сите девојки од класот веќе одамна имаа добиено,само јас не и никад нема да заборавам во седмо одделение зимата имавме час по физичко и дискутираа девојчињата на таа тема која кога добила првпат како и било.Јас искрено си кажав дека немам добиено до сега и таа наставничката ми рече дека очигледно сум болна и дека треба на лекар да одам... Не знаете колку грозно сум се осеќала...
И јас исто,сите девојки имаа добиено,а само јас немав и кога ќе ме прашаа јас искрено ќе им кажев а тие не ме веруваа..инаку после добив на 14.
И јас исто,сите девојки имаа добиено,а само јас немав и кога ќе ме прашаа јас искрено ќе им кажев а тие не ме веруваа..инаку после добив на 14.
па нема врска ке си се миеш само со детски гел за туширање и нема да те чеша и редовно инаку имам забележано дека ако не се миеш со некој нежен гел или сапун (иако сапун не препорачувам) неговото лачење е зголемено мислам на вагиналниот исцедок позз
Мене докторката ми има кажано дека,геловите за туширање и оние за интима,колку што се корисни толку се и штетни и не е добро да се користат многу.
Јас добив на 11 Прва бев што ми дојде од клас. А не дека бев нешто многу поразвиена од другите. Едноставно ми дојде порано. И им се прчев во петто,демек најголема сум И ми доаѓа втората,и почнуваат маките. Море,стварно сум за прчење,најдолго сум го трпела тој шејтан црвен
Во осмо добив..спремна,пошо сите другарки имаа добиено,па очеквев и јас секој момент ми траеше само 3 дена,па после 3 недели пак ми дојде и пак 3 дена...ми тргна со тројките после то си почнав редовно да добивам и нормално да ми трајт
Уште го памтам тој ден. И ја прва добив во одделение, ама мнооогу, многу рано. Дури може и некој да не поверува ама тоа е. Првата менструација ми беше на на 9 години, не ни очекував дека ќе ми дојде. Отпрвен ми идеше нормално, па 6 месеци немав, па пак имав неколку месеци, па немав, па ми дојде и на крај ми беше нормално.
Јас исто добив покасно од другите, некаде кај 8мо одделение мислам Па и будала девојче, тогаш кога добив не сфатив дека тоа е тоа Си помислив дека имам некој друг посериозен проблем. И ќутев, не и кажував ни на мајка ми, чекав да ми помине. И после кога дојде пак наредниот месец ми текна што било работата
Не е ништо за неверување, знам многу девојчиња што добиле на 9 години, секој организам си е различен. Alyson, ме изнасмеа со ова што си си ќутела додека да помине хахаха
Првпат добив на 12 години...тогаш бев кај баба ми и ми беше срам на нејзе да и кажам па вечерта кога си отидов дома и кажав на мајка ми
Јас прв пат добив на 12 години ...Сеуште се секавам на тој ден. само кога ми текне се превртувам од стол .
Беше пред две години, 14.08.12, имав 13 ипол год, памтам дури дека беше 11 навечер. Си се допишував на фб и отидов до вц, и видов капки крв. И иако чекав одамна више да добијам, срцево почна да ми лупа коа видов. Наредниот ден кога мајка ми си дојде од работа, ја викнав настрана и и кажав, и она ме гушна. Ама маки изнамачив додека да ја наместам влошката првиот пат
Јас прв пат добив на 11 ипол години и се сеќавам имав станато од спиење за на училиште и одам до тоалет и гледам крв на гакичките прво се исплашив па после ми текна кога ми кажуваа другарките за менструација.Одма трчајки отидов до кај мајка ми плачејки и после ми објасни се и јас нервозна цела