Имам 14 год. за два месеци ќе полнам 15 .Пред околу една год. имав малку кафеаво на гаќичките и после долго време отприлика 4 месеци два дена кога се бришев имав како црвено ставив улошка но немаше ниту капка и толку од тогаш ништо.Ова менструација е или нешто друго???
Беше 21 февруари 2013,четврток.Бев у школо и имав последен час физичко и како што трчавме,се осетив помочана ама си викам ај испотена сум и си продолжив со трчање хаха.И си идам накај дома,коа почна да ме чеша нешо мислиш шуга има девојчено фатено и како шо идев ги мрдав нозете за да си се почешам.И стигам дома право у веце и шо ке видам гаќите како светска војна да се одиграла и соблакам гаќи,земам влошка,ми текнува дека треба да земам други гаки,со пешкир на газот до соба да земам гаќи.И кога се средив сѐ и кажав на мама и така.Она предходно ми имаше кажано шо се дешава у тој период и плус имав една книга за тие работи,објаснувања и си знаев,не кренав некоја голема паника..
На училиште бев, зима беше, снег до колена и после часови секој ден со школските се тепавме со топки со снегот. И осетив, почна нешто да ме студенка ама си реков ајде. И одам дома, гледам крв и почнав да плачам, па ме тешеше мајка ми...
На 12 години беше...вечерта видов крв и се уплашив па не и кажав на мајка ми.Утредента и кажав и знам ми рече демек сега си жена или така нешто
На 11 години беше само што станав од спиење одам во тоалет гледам црвено многу се исплашив веднаш отрчав кај мајка ми таа ми објасни што и како.
Дома, на 12 години. Не и кажав на мајка ми, некако страв ми беше да и кажам А од самата појава не се уплашив. Претходно бев информирана со се што треба.
Распустот после 5 одделение. Незнам на колку години паѓа тоа, ме мерзи да пресметувам. Иако мајка ми ми имаше објаснето, прв пат кога видов крв се помислив што не е во ред со мене.
Менструација добив при крајот на 7мо одд.Бен на школо случајно видов кога тоидов во WC неколку капки крв на гаките останав со подзината уста иако знаев за што се работи кога отидов дома ми беше срам да и кажам на мајка ми или сама да си земам влошка иако знаев каде и стојат влошките на мајка ми сабајлето кога се разбудив немав ништо на гаките и кога си седев осетив дека ми тече крв и отидов до WC премногу крв имаше и немав што да правам и морав да и кажам на мајка ми,и после тоа благо ми се развика зошто не сум и кажала истиот ден,но што да правам дете бев срам ми беше. Мајка ми тогаш ми покажа како да ја ставам влошката и тогаш бев како здрвена едвај одев додека да се навикнам а сега исто како ништо да не носам
Менструацијата ја добив на 14 години 19 јануари.Не бев засрамена,ниту возбудена тоа беше нормално за мене.Се ми беше претходно објаснето. Исто така сакам нешто да прашам. Сестра ми има 10 год. и доби денеска. Јас имав 14 години и откако добив бев на гинеколог. На сестра ми треба да ја носиме на гинеколог или не ?
Мислам дека немало и нема потреба... Ниту пак познавам некоја што била на гинеколог од ко добила за прв пат..
Имам трауми од првата менструација.Кога ја добив на неполни 12 години незнаев ништо за неа освен дека е црвенат. е крв.Мајка ми што ми даде едни влошки цик цак мислам беа жолто паковање ке умрев лелеле цела недела од дома не излегов како пелена да носам на мене,ама тоа беше последно.После тој хорор што го доживеав почнав јас да купувам влошки со крилца па ја измодерив и мајка ми.Душичка се мачела со цик цак
Јас добив на 18.01.2016.Неколку дена пред 12-от роденден.Дома беше,не се исплашив бидејќи мајка ми ме имаше информирано.
Јас добив на 21 -1 -2000 на 10 години :/ Беше 1 часот по полноќ кога видов црвено на гаќичките и почнав да плачам да не умрам ...хахаха
Првпат добив на 12 години, дома бев... Воопшто не се исплашив, баш сеизрадував, едвај чекав интересно ми беше...
Ја добив на 12години, 7 одд. у школо. Сетив нешто мокро на гаќите, мислев бело прање е пошо многу ми течеше. Одам дома и гледам гаќите лооом. Бев многу среќна пошо едвај чекав да ми дојде. Од класот саамо три-четири девојчиња немавме добиено. Многуу ми беше срам да и кажам на мајка ми. На крај собрав храброст и и викам " Мамо имаш влошка?" И таа ми вика "Иии дојде ли ти?" И ја па незнам видии и и покажувам гаќите. И тааа ме изнагушка ме изнабаци и ми даде влошка. И шо е најважно немав никакви болки ама втората ми брше ХОРОР Си идам од школо и одма отидов до тоалет пошо ногу ми се одеше. Си се соблеков глеам тренерките од назад лооом. Гаќитее цели крвосани. Ајде одма се пресоблеков и и кажав на мајка ми. И така *
Ја добив у школо на 11 год последниот час ги осетив мокри гаќите и побрзо потрчав до дома.Кога стигнав и кажав на мајка ми и ми рече добро само, ништо посебно знаеше дека ќе добијам зошто пред 3-4 месеци исто ми беа намокрени гаќите ама не беше сериозно тоа И ми даде влошка и толку. Иначе сакав да прашам и јас, дали имаат врска годините на добивање на менструација со растот на градите? Зашто имав слушнато дека ако добиеш на 10-11 престанувале да ти растат градите отприлика до кај 16, ако добиеш на 12-13 демек до 20 година, точно е тоа?
Не, нема врска. Другарка ми добила на 10 години, а сега е 18 и баш се чудеше дека уште и растеле градите