Јас на Св. Кирил и Методиј добив. На празник хахха. Знам неработен ден беше и дома бев. Инаку имав 13 години
6 одд. пред да одам попладневна смена на училиште. И се сеќавам, се отепав од нервирање и цимкање дека не ќе можам да играм на физичко
На 11 години. Бев меѓу првите во одделението што добија и малце ми беше срам да кажувам бидејќи другите девојчиња уште беа „деца“. Мајка ми ептен се израдува, ми поклони парфем и златен прстен зашто сум станала жена, дури и торта правеше
Мислам бев 6то одд, околу 12 години. Февруар месец. Бев болна, не можев од кревет да станам, имав висока температура, халуцинации и не одев цела недела на школо. И едно сабајле одам во вц, гледам тоа што гледам, иако знаев и доволно бев инфоримарна за тоа што треба да ми се случи, сепак ми беше неочекувано ептен и почнав да плачам дека нема веќе да бидам девојче, да си играм и да си трчам на раат Ја викнав мајка ми и кажав, и плачев пред неа, па ајде таа ме тешеше, и истото ми го кажуваше како сите девојки мора да поминат низ тоа, и тоа значи дека се здрави блабла дека ќе можам слободно да трчам, да вежбам...И и викам а на тато да му кажам? тој како ќе знае? ај ќе му кажам... и таа ми вика абе немора одма да кажеш има време, и среќа што ме запрела можам да замислам и нему незгодно како ќе му било, дете бе дете.... Ми заврши после 3 дена, па пак ми дојде, па пак заврши, кој знае колку пати ми дојде во месецот.
2 јули...станав и во купатило што да видам,и се јавив на мама дојде ме среди и два дена лежев неможев да одам од улошките ама детенце што разбирам...сега веќе се навикнав
22 октомври... пред да појдам на училиште и мајка му почна да им се јавува на сите мои тетки и баби за да им се пофали хахахаха
првата менструација ја добив на 2 август 2007 кај мене пред компјутер и не памтам колку траеше но веќе ми имаше објаснето мајка ми и спремна бев
Здрaвo девoјки,јaс имaм 14 гoдини,a сеуште немaм менструaцијa сите мoи другaрки имaaт сaмo јaс немaм дaли е мoжнo дa не дoбијaм?
Нема врска тоа што имаш 14 години, и не се споредувај за ова со никого - секој организам си е различен ентитет, сам по себе. Има девојки кои за прв пат добиваат на 15-16 години и тоа е нормално, иако тоа последниве години е многу ретко. Нема кај тебе проблем за паника. Доколку не би добила да речеме до кај 16-17 години, тогаш би требало да се консултираш со лекар. Сега за сега, не се секирај, нормално е.
Може, но и не мора да значи. Тоа може да е еден од факторите. Најмногу зависи од генетска предиспозиција, како и начин на живот и исхрана, телесна конституција, навики, здравствени проблеми, итн. Но како што напоменав, секој организам е посебен и кога се работи за нешто вакво, 2+2 никогаш не се =4.
Девoјки сaкaм дa прaшaм нештo..Вчерa дoбив менструaцијa кoгa видoв имaв крв,нo сегa немa крв нештoo кaкo кaфенo ми тече мoжнo ли е дa не сум дoбилa?