хахах интересна беше случката со мојата менструација.. после училиште во 7мо со другарка ми разговаравме на таа тема, потоа си отидов дома и видов дека сум добила, не бев воопшто изненадена или исплашена, веднаш и кажав на мајка ми и таа само ми даде улошка и ми покажа како се мести, за останатиот дел без доволно информирана од Наш Свет хехе... после една година мислам и дека истиот период беше и пак разговаравме на таа тема но и со уште една друга другарка.. наредниот ден и таа ни кажа дека и таа добила хахаха
Секогаш кога јадам супа ми текнува на тој момент. Сестра ми местеше маса, а јас отидов до WC. Видов крв на гаќичките и ја викнав мама. Таа дојде ми даде улошка, од оние големине ко памперс Наредниот ден и реков да ми купи помали зошто ми беше срав дека овие се познаваат. Инаку бев 6 одд. и беше есен.
Бев шесто одделение. Додека се случило во школо бев, осетив нешто чудно во гаќичките, ама не ми дојде на памет тоа. Дојдов дома, гледам црвено...и едвај со полуглас: "Мамооо дојди, абе видии" И така го поминав денот намуртена. Сестра ми не беше дома, утредента дозна и ме праша: "Абе што ти се случило тебе вчера а?" И јас се усрамив, неќев да зборам ич за тоа
Знам дека тој ден имаше предавања во школо , 7мо оделение, за менстуација. И ни делеа влошки. И пред ручек, јас да одам во WC, и гледам црвееено. Но не ми течеше, само капка беше. Се израдував. И на мама и кажав и мајками вика, бравоо сега си голема женска.
18 август 5-то за 6-то одделение бев лето како лето си трчкав си играв во маалото,си играв ластик на гакичките бев забележала некоја кафеава течност но не обрнав мн внимание и така неколку дена и кога почна онака ептен црвена крв тогаш викнав по мајка ми и и кажав...Уффф маки цел ден лежев на кревет и одев во вц на секој 2 мин. да проверувам да не ми претекло..а нема веза тоа ептен малку течеше хаха и не ни сакав од дома да излегувам се чувствував како памтерс да носам..смешки
6-то кон 7-мо оддление, знам требаше да одам со другарка ми да се шетаме негде со мајка и, и си се спремам јас дома, одма во веце и што да видам имав како линија малечка на гаќичките и си викам што ми е ова па сега, и ништо си облеков други гаќички, и коа се вратив од шетање одам пак во веце и пак гледам истото И се јавувам на мајка ми на мобилен ( и дрхтам ) и кога и кажав ми вика ааааааа не се плаши готово си добила и среќна мајка ми , јас затварам телефон и се утепав од плачење (несакав јас да имам такво, ако сите други имаа ), коа дојде мајка ми од работа подуена бев во очите од плачење.
6то одделение, Декември, 10тина дена пред Нова Година. Бев спремна пошо мајка ми ми беше кажува се во врска со менструацијата, па не се ни плашев толку. Но како да очекував дека ќе ми дојде тие денови, без нервозна и секој час буквално идев во веце да проверам, и тогаш беше некаде на пладне се тресев целата и кога видов црвено на гаќичките, леле незнаев дали да плачам или да се смеам, душа мала И кажав на мајка ми, таа се израдува и од тогаш се почуствував некако посебно, женствено Ама сега најсмешно ми е што тогаш мислев дека секој ден ќе ми доаѓа И кога бев на Нова Година ми беше страв да не добијам, па да не ми се смеат другарките Ех сеќавања...
Бев шесто одделение и бев информирана за менструацијата највеќе од школо. Ни доаѓаа на предавања, ни објаснуваа како се става влошката и така натаму... Арно ама, никој не спомна дека течноста може да биде и кафена, па така јас останав малку збунета кога ги видов кафени гаќите. Ама потоа и кажав на мајка ми и таа се ми објасни. Не плачев, не се трескав од земја како сестра ми
Јас прв пат добив кога имав 12 ипол години знам дента и беше на братучедка ми роденден и ние бевме кај нив дома и на мене ми се одеше во вц и кога што да видам и малце се испаничив и одма ја викнав мајка ми ама не ми беше тоа нешто непознато затоа што пред тоа имав разговарано со мајка ми за менструацијата ама не знаев дека толку брзо ке ми дојде откако го правевме тој муабет.
Прв пат добив 7 за 8мо,дома бев сама и место нормални улошки јас си земав секојдневни и на секои 5 мин трчав во вц ...
Јас си добив 1пат лани на 22 септември 6 одд бев. Тој ден убаво памтам бев на роденден.И си дојдов јас од школо 1 смена и требаше да идеме со мајка ми и татко ми да купуваме патики. И јас си идам во вц и има што да видам се усреќив.И почна да ме фаќа еден таков страв дека сум добила и одма ја викам мајка ми во вц. И доаѓа она и ми потврди сум добила и отиде и ми купи едни влошки јап огрооомни. И цел ден ко замајана си бев и вечерта почна да ме мучи совеста и да си викам себе дека не сум добила тоа којзнае што било.И утредента ама се утепав од плачење буквално тој цел ден.Другиот ден дојде братучедка ми и со дечко и не носеа мене и сестра ми на колачи во Палма. И другите 2-3 дена додека ми траеше се убив плачејки а убаво знам отидов кај другарка ми и мајка и ми даваше пари дека сум добила а јас и таму плачев и не ги земав парите.И на другарките ништо не кажував следните 2-3 месеца па дури и физичко си вежбав ја со цел памет.
Ауу Јас мојата ќе ја помнам цел живот хахаа Бев шесто одд и беше 1 ви април ( Денот на шегата) Знам отидов во Ве-це и кога видов ја викнав мајка ми и и кажав без да и покажам ( бидејќи предходно доста разговаравме на таа тем, многу сум блиска со мајка ми ) На почеток мислеше дека се шегувам хахаха беше доста интересно !
Првата менструација ја добив на 13 години. Бев седмо одделение, ама бевме на зимскиот распуст, мислам 21 јануари беше. И видов на гаќичките, ама бев само дома и си лежев цел ден в кревет чекав мама да си дојде и кога дојде ја викнав во вц и таа се израдува ми даде влошче и така
Јас бев 5то за 6то коа прв пат добив. Бев на одмор од училиштето со другарките, и баш памтам беше последниот ден коа паднав од креветот додека спиев отидов до вц и шо да видам гаќичките ми беа црвени се јавив на мајка ми и отидов да си купам улошки и наместо такви као шо треба јас си бев купила од дневните и на секој 5 мин бев во вц
На 12 години. Си знаев се што е како е, што да направам - имам поголема сестра и се ме научи Срам ми беше да и кажам на мама. Кога и кажав таа одма на пријателките им кажа и потоа ме зезаа и многу и се лутев поради тоа и после срам ми беше да излезам пред нејзините пријателки зошто ја знаеја мојата тајна
Во седмо одделение, на 26 март. Си дојдов од школо, си седнав на компјутер и наеднаш ме стегна за по Спојлер голема нужда и кога отидов видов 2-3 капки. Пред тоа имав за тоа читано, ми имале и кажувано ама сепак незнам зашто одглумив како страв и нервоза. И цела таква и се јавувам на мајка ми, мамоо, мамо и мајка ми смирена, дури се насмеа.. Е добро де тоа нормално е, сега цел живот ќе имаш тоа. Е фала мноогу, ме утеши. Ми рече да си земам дневни влошки, си ставив. И после 15-20 минути, отидов да проверам, кога гледам пливам во крв, дури и на гаќичките ми капнало. И после некако се снајдов и си ставив нормални влошки. Ах, смешки
8-ми Март (денот на жената) на 13 години во 7 одд. Нема да го заборавам моментот кога си ги видов гаките Како вриснав цела зграда од мене ечеше. Нозе и раце ми се тресеа.. Плачев и и викав на мајка ми кажи ми дека ова не е вистина јас сум уште малааааа Мајка ми одма на сите разгласила иако и реков да молчи, па ете ти ги бабиве да си ми жива и здрава сега си девојка и бла бла.. Уф се тоа колку ме вадеше од кожа. Многу тешко прифатив дека сум станала "жена" нема 8-ми Март а да не се сетам на овој ден И морам да додадам првата менструација мајка ми ми менуваше влошки а кога почнав самата сигурно 4-5 месеци не ги лепев крилцата незнаев ни дека ги има
Јас прв пат добив на 25 април лани кога бев седмо одделение.И кажав на мајка ми но не ми беше ништо чудно напротив,едвај чекав да ми дојде зошто сите мои другарки имаа а мене ми беше страв дека нема да ми дојде никогаш