На 12. Памтам месец дена пред да добијам прв пат, имав страшни болки во јајниците. Март месец беше видов крв на гаќички и се јавив на мама да и кажам и ми беше страв да не искрварам Леле боже многу убаво им кажала
Лелее, првата менструација комедии На 11 години, зимно време беше, јас изигравав некакви акробации и скокав ко млад мајмун од соба во соба. Така додека скокав осетив некоја тапа болка во јајниците, отидов во тоалетот и видов крв. Знаев што е тоа бидејќи сестра ми веќе имаше добиено па таа ми кажуваше и ме учеше за тоа. Ја викнав мајка ми да и кажам и таа пресреќна дека сум добила ме гушкаше и потоа следува нели ритуалот со перење на гаќите. Демек со колку прсти ќе ги запереш, толку дена ќе ти трае, ајде заврши и тоа. Ја прашав мајка ми дали ќе му каже на татко ми и ми рече дека тоа било нормално и дека секако ќе му кажела, ајде си викам татко ми е нема потреба да се срамам од него. И таман кога помислив дека заврши таа еуфорија на мајка ми, таа почна да се јавува по баба, срини и тетки да им кажува дека сум добила. И бев лута бидејќи ми беше срам и не сакав другите да знаат. Следниот ден ги собрала мајка ми сите блиски да ги почасти за тоа што сум добила. Се криев во соба од нив и не сакав да излезам, а тие ми влагаа една по една во соба и ми туткаа пари во раце. Заврши и тој циркуз некако и нели кога ќе собереш пари ко мал следи она добро познатото "дај мама да ти ги чува парите". И еве мојава уште ми ги чува
Првата менструација ја добив на првиот ден од распустот од петто за шесто одделение, околу 12 години имав. Бев дома и кога видов крв одма знаев што е, но не и кажав веднаш на мајка ми не знам од која причина. А тогаш се спремав требаше да одам некаде со неа и јас со цел памет триста филмови со направив дека тоа којзнае колку ќе тече и дека додека се вратам дома целата ќе бидам со крв. Кога дојдов дома ми олесни кога видов дека немав воопшто крв, па почекав неколку саати за да можам да и кажам и да и покажам на мајка ми. Смешки живи
Na 11 eve vekje 10 godini od avgust imam . Isplasena ja viknav majkami i mi objasni sto e toa,sestrami e pomala i poradi iskustvoto so mene koga i dojde znaese sto e toa jas bev izgubena...
Затоа не се чека да се објасни. 9-10 години најкасно, треба да знае секое дете, дека жените имаат менструација, мажите ејакулираат со исфрлање сперма, и како функционира тој процес.
Девојчињата имаат предавање за менструација во основно школо во 9 одделение на 14 години. Кога и не им користи многу бидејки сите веќе знаат што и како се случува треба тие предавања да ги имаат во 5-6 одделение на 10-11 години.
Ако имаат соодветно сексуално образование и навремено се информирани за повеќето работи кој се во човековата природа нема потреба од родителите ама се уште има родители кој ќе кажат нема моето дете на 13 години да учи за секс и така. А ако неговото дете на 16 забремени од неинформираност нема врска, битно за секс и заштита не учела на 13.
Ние имавме "женски час" со учителката уште во 3то или 4то одделение, каде што она се ни објасни, после тоа и во 5то-6то одделение исто наставничката по биологија све отворено ни кажуваше, имаше и што доаѓаа предавачи од надвор(поточно оние нешто што рекламираат влошки) и тие држеа предавања..
На 11 и пол години. Лето беше и паметам бевме во Охрид кај баба ми и цел ден имав менструални болки ама не знаев дека се тоа. Баба ми ме мачкаше со ракија на стомакот Помина тоа, бевме на плажа, супер се и вечерта излегов со една другарка од зградата (со која уште се дружам), си седевме пред зграда и ај ми вика да се качиме дома до вц. И глеам јас црвенооо И викам на другаркава: аууу изглеа добив јас! И опишав како изгледа и ми рече изглеа е тоа и јас добив прв пат пред 1 месец. Кога заминав кај баба ми и кажав, она се изнаплака, ме изнагушка и ми рече: Е сега ако легнеш со маж можеш трудна да останеш Следниот ден дојдоа моите и на мајка ми и кажав, и она солзи радосници, мене срам ме фаќаше кога ќе кажеше на роднини
Некој месец пред да наполнам 14 години. Скоро сите девојчиња од одделението веќе имаа добиено, памтам дека мислев дека нешто не е во ред со мене и бидејќи тогаш немав интернет за да прочитам нешто повеќе, се информирав од списанијата Загриженоста ја споделив и со мајка ми, таа ме убеди дека е во ред бидејќи и таа добила подоцна.
На 9. Прерано добив и воопшто не ми се допаѓа тоа а бев загрижена и колку може тоа да е здраво. Ми беше малце срам кога сфатив и не сакав да и кажам на мајка ми не знам зошто.
На 12 години кај баба ми додека бев на поседок. На полноќ некаде забележав кога отидов по мала нужда и да се средам за спиење. И кажав на баба ми, а таа бидејќи немаше влошки, затоа што нејзината заврши многу одамна ми даде памук. И потоа кога следното утро станав таа ми беше купила влошки, си наместив и така...
Одамна беше не знам на колку години беше. Станувам за во училиште да одам гледам лом, крв целата па мама ми кажа што како, влошка ми стави и тргнав.
Мојата прва менструација ја добив на 12 години, беше проследена со многу солзи, дали од страв дали од возбуда и ден денес не знам.
Првата менструација ја имав на 10 години. Станав за на училиште и отидов до тоалет, кога се слеков видов крв на долниот веш. Се исплашив многу, мислев дека крварам, не знаев дека е менструација тоа. И така си отидов на училиште, без влошка, сѐ си мислам дека црни панталони облеков за да не се познава дека ми тече крв, но не ми текнува убаво. Кога сме веќе на темава, сакам да прашам нешто. Имав прочитано дека тие што ја имале првата менструација под 12 години ризикот им бил голем за рак на матка или дојка. Дали е тоа вистина?
Никаква врска нема тоа, незнам кој би напишал такво нешто. Тоа е најнормална возраст при која голем дел од девојчињата ја добиваат првата менструација.