Уфф..го мразам тој момент..едноставно на 3ти декември нз са која година и шо години беф т.е 5то одд..и одам у купатило да се средам за спијање..и ќе се тушираф..ко гледам..се здрвив и се тресев..и викаф по мама ко некоја лудача таја дојде..и ми се смееше ми викаше ако убо е нз шо глупости...дека убо то било деца ќе сум можела да имам...гревој..и јас плачев..сега дали ме најде викав ко ненормална..и мама ми ставаше влошка на гаќите..едно 3-4 месеци значи нз..смрт тој ден ми беше..не оти не разбираф шо е како е..знаеф и како се ставаат влошки се..и слушнаф пред то дека ко ќе ти дојдело поќе нема да растиш.и јас стравој сета...уште гаќите ги памтам..беа потокалови ..едни од омилените..па фала богу порастив од тогаш ехее..и уште растам ..xD
Се убив од плачење..Добив некаде на 15 години и многу трагично си го прославив. Знам дека прв пат видов кога отидов да моч*ам и оп крвче . Откога се исплакав едно убаво, отидов кај мама вакво и одвај и кажав. Овде удрив уште една тура плачење, додека брат ми се врткаше околу мене прашувајки А оти плачиш? Да не те боли нешто? А? А мамо? Оти, а? Па ајде лепење влошки како оди, ајде лекции . Знам само дека кога одев си мислев дека сите ме гледаат и сите знаат дека имам добиено. Лудо дете бре..
Бев на 14 години. Мама пред тоа ми објасни све односно менструацијата, на школо многу ни говориа за женските и машките полови органи, за секса, чување од болести и несакана бременост и така на така и јас си знаев све... Напочетокот се збунив, а после тоа ми текна дека може да имам добиена прва менструација. Го прифатив смирено, само дето многу ме болеше мешето и сеуште ме боли при менструација...
на 11 год. бев на играње со другарките кога приметив. па се исплашив, си реков што не е во ред со мене, што се случува. па и кажав да братучедка ми, па таа ми кажа што е работа. е после се се срамев да и кажам на мајками, оф леле колку се срамев... и за тоа братучедками и кажа
Јас многу рано добив менструација, на 10 години. А, мајка ми не беше тука неколку дена мислам дека беше на посета кај тетка ми. И сега само јас и татко ми дома и ми беше срам да му кажам. Ставав еден тон тоалетни хартии на гаќичките и знам на зимски распуст бев и од дома не излегував. Потоа си дојде мајка ми и некако и кажав и почнам да плачам. Јас плачам, таа се радува.
петто за шесто одделение бев кога добив, летно време беше, толку многу се исплашив,едвај и кажав на мама, пред тоа нешто знаев за тоа,ама онака лаички....за мене беше шок таа вечер..и еве сеуште ми предизвикува шокови таа менструација...секогаш ми касни....ме плаши аман )))))))))))))
Па прв пат добив во шесто одделение на првиот ден од второто полугодие но бидејќи имам постара сестра која веке имаше добиено воопшто не се исплашив и ниту пак сум плачела едноставо се израдував иако вечер пред да си легнам имав чуство дека ке добијам и така се случи само малку имав проблем со влошките не можев да одам убаво и мислев сите ме гледаат и приметуваат дека имам добиено
Јас првапт добив во летото 6то спрема 7мо одделение, ама веќе предходно имавме со другарките праено муабет на таа тема така да ми текна дека сум добила.. и бев целата збунета, мајка ми се гледаше телевизија и и идам јас цела во збунка "Maмо изгледа добив..." и она цела среќна, една недела се обидував да сфатам зашто жената толку се израдува па одма се испофали на тетка ми, стрина ми ко којзнае што да е хахахаха.. сите ми честитаа нешто.. а јас бев такваа.. што? зашто? хахахха, дете
На 11 години, како новогодишен поклон! Јаоооо, кога ќе се сетам, едно утро 29 декември, среда, одам во тоалет и што ќе видам. Surprise! Одма ја викнав мајка ми, знаев за што станува збор, само навистина ми беше страв. И ајде после тоа, мајка ми ме упати, што како со влошките, жива катастрофа дури се навикнав. А истиот ден, прв час физичко! Па после ајде на телефон мајка ми да се испофали по тетки, стринки, а јас и се љутев
Прв пат добив кога бев 6 одд., на 18 април 2009 г. Утредента беше роденден на брат ми и Велигден. Сама бев дома и стомак ме болеше нешто, и одам во вц и сум добила. После и се јавив на мајка ми да и кажам и она: епа браво, честито. Бев упатена во ова, знаев се. Имав зборено со мајка ми, со другарки кои веќе имаа добиено и немав проблеми за ништо.
Прв пат добив летото кога завршив 6то одделение,срека што беше мајка ми дома-целата се испаничив хахаха....
Во шесто одделение, врска немам кој датум, отидов во тоалет и видов што видов на гаќите. Како возбудено викнав, сите ме слушнаа мислам. Многу бев среќна и мислев дека е тоа најсовршеното нешто. Сега не го мислам тоа!
ех оваа менструација. Јас добив летото петто за шесто. Во Охрид кај баба ми и дедо ми. Се вративме од шетање и да се спремам за спиење отидов во веце и што да видам. Се уште бев мала и не бев сигурна дали сум добила, и си легнав така. Утрото кога се разбудив што да видам, кога почнав да плачам а баба ми се смее, ми честита, а братучедите и сестра ми се чудат што ми стана одеднаш.
Јас негде на 16 ипол добив и беше пеколно. Две недели ми траеше, обилно со парчиња Се чудев што ме снашло. Уф, ужасно беше.
беше лето 15 години имав . си седевме дома со дада ми и тато гледавме нешто на ТВ и јас станав за во вц и ко појдов што ќе видам. ја отворив вратата и почнав да викам по даде и да плачам. иди тато и ми вика шо е шо ти е? јас му реков не ти даде нека дојди. дојде дадичка ми покажа шо, како, да не речам ме среди и толку . после тоа не седнав и да ме видевте само забавена снимка кога се движев мислев ќе ми падни влошката
прв пат добив на 27 Јануари во 8 одделение. Бев дома и отидов до веце и има што да видам црвен картон, ја викнав мајка ми таа го прати татко ми за влошки ми дадоа 500 денари и ајде на здравје
уууууууф во 4 одд.бев кај баба никој немаше дома само вујковците неоженети нема на кого да кажам,почнав да плачам ми текнува мноогу плачев пошо незнаев што е тоа мама не ми збореше ништо и ете така
во 6 одделение 13 октомври и јас исто така бев запознаена со овие работи , и воопшто не паничев и се јавив на мајками и и кажав xD а тоа што велат дека ако кога ке ти дојде не ти купат злато ќе те следи несреќа цел живот ... вистина е ? :/