Вашата прва менструација

Дискусија во 'Тело' започната од rockstar, 25 септември 2010.

  1. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    652
    Пол:
    Женски
    Нееее :D
     
  2. Srculence--91

    Srculence--91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    52
    Јас прв пат добив менструација во 7 одд. Дури не ни знае што е тоа ја прашав мајка ми и ми објасни :lol: :lol:
     
  3. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.098
    Допаѓања:
    4.462
    Пол:
    Женски
    Сега си видов во книшката сум добила на 12 год, ама пак неможам да се сетам на моментот :)
     
  4. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.979
    Добив на 10 и пол години и искрено појма немав што е тоа. Мајка ми после тоа правец на доктор и на гинеколог ме однесе, фала богу што тогаш најдоа што е проблемот со мене и моите хормони. :D

    Знам дека прво мислев дека сум се покакала :tmi: оти беше прилично кафено. Добро е што бевме на зимски распуст и по некоја случајност, мајка ми беше дома. :D Бев прва што доби во одделението, и се чувствував прилично искусна по тоа прашање во 7мо и 8мо, кога веќе на прсти се броеја тие што немаа добиено. Па плачеа оти немале добиено и се траќаа за тоа кога ќе добиеле, а јас се ќе дадев да добиев на некои нормални 13-4 години. :worried:
     
  5. ohoho

    ohoho Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2011
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    101
    првата менструација ... па мислам дека беше на 12 год и бев многу исплашена кога видов незнаев што ми се случува :D
     
  6. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.238
    Пол:
    Женски
    во 7 одд..26 септемврии..памтам ко вчера да беше :)
     
  7. Forgotten

    Forgotten Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    185
    20 Декември 11 и пол години , 2008. Моите заминаја до некое село на мекици а јас дома ја местев сама елката :D . Бев меѓу последните во класот така да ја очекував.Кога ја завршив елката заминав во WC и што да видам, црвени гаќи :rofl: . Пред неколку месеци ни беа дојдени во клас да ни кажуваат за менструацијата и знаев од прилика се додека пак со мајка ми никогаш немав разговарано на таа тема (и ден денеска немам). Се наместив сама а на мајка ми и кажав после 3 дена од причина што не знаев како да и кажам :$ . Третиот ден само и ги покажав крвавите гаќи и таа рече тоа е нормално возрасна си, ти треба нешто јас не и од тогаш не сме разговарале за тоа.
     
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.226
    Допаѓања:
    67.733
    Пол:
    Женски
    Леле вака кога ве читам, по десет, единаесет години :x Рано е тоа некако, како идат времињава се порано и порано добиваат девојчињава... Аххх женски маки. јас барем си истерав раат до крајната граница :lol:
     
  9. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.467
    Јас многу тргично ја сфатив менструацијата. Добив на 4-ти декември 2002год. кога бев 7-мо одд., на 12 (скоро 13)години. Бевме на систематски од на училиште и таму ништо, се во ред беше и кога се вративме дома отидов во вц и кога се видов :o - ужас! Се стаписав, не знаев што да правам. И седам така се гледам и пцујам се на ред зошто мораше сега да се случи, зошто мене, бла бла и излегов, ја викам мајка ми и ја прашувам - што сум ваква ( демек јас не знаев) и таа ми вели - е ако де, на сите женски тоа им се случува и се смее. Почна да ми кажува - сега ќе ти дадам влошка, вака ќе ја залепиш, така ќе ја ставиш, а јас цела стресена ко крај на светот да е. Отидов в соба си се изнаплакав, изналипав, изнавикав и се молев никогаш повеќе да не добијам |( . Ставав по 2 влошки ( од оние Бони дебелине, па замислете колкава бев во га*ов :lol: , ко со пелена) од што ми беше страв да не ми истече, ни јадев ни пиев нешто, ниту пак се смеев, цело време бев нажалена, замолчена, замислена ко кој знае што да се случило. Одев ко пингвин, ми беше страв да не ми испаднат влошките и кога седнував ко штица в стомак да имав, од најгоре седнував ич не се виткав за да не ми протече :D . Знам дека цела прва вечер не спиев, пола лежев в кревет, пола седев пред греалица и плачев. Лежев на грб, со нозеве свиткани во коленава и со рацете под г*з од пуст страв :D .
     
    На ANELIJA му/ѝ се допаѓа ова.
  10. ANELIJA

    ANELIJA Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    229
    Допаѓања:
    154
    Јас прв пат добив менструација во 6-то одделение и тоа баш за нова година.Не се испашив воопшто бидејки пред тоа бев запознаена со тоа,Но не знам некако многу чудно се чувствував(цела нок си мислев еј јас пораснав,веќе сум голема добов менстуација хахахахахахах)утредента и кажав на мајка ми и таа не се плаши тоа не е ништо убаво е :D :D и ми даде од оние бони влошки во лилакова кесичка,и ми кажа да земам да ги исперам гаќичките со 3 прста да ми траело 3 дена.Ноза зал не се 3 туку 5 хахахахахх БАБИНИ ДЕВЕТКИ
    И потоа не ми дојде 8 месеци,И едно утро кога се рзабудив црвена река,катастрофа целата бев во крв,дури се испашив кога видов си помислив да не сонувам па некој во сон да ме сечел со нож......
     
  11. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.642
    Добив по завршување на 6то одд. Беше лето, 18 јуни, се спремав за на роденден. Бев дотерана во бела сукња и лилава маичка и одам во вц пред да излезам од дома и има што да видам. И ништо, не викав не паничев, си излегов од вц, си отидов во соба, си земав чисти гаки, една влошка од мама, си ја залепив и си излегов. На мама и реков да ги испере гаките пошто немам време. :)
    Таа се зачуди, крена паники, па како ја залепив влошката, па ќе ми се извалка сукњата, па не знам ти што. Кога се увери дека сум добро, се помири со фактот дека нејзиното девојче станува девојка и ме испрати на роденден. :D
     
  12. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.383
    8мо одд. 30 март ^_^
     
  13. glamour-lady

    glamour-lady Популарен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2010
    Пораки:
    572
    Допаѓања:
    776
    седмо одделение.. 1 септември.. првиот училишен ден :D затоа го памтам датумов :D
     
  14. sakamramenstomak

    sakamramenstomak Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 април 2011
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    1



    Јас уште немам добиено :| сите во мојот клас имаат -,- само јас сум the special one >P инаку ве молам за помош што да и кажам на мајка ми кога ќе добијам? :$
     
  15. Avril.09

    Avril.09 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    737
    Допаѓања:
    892
    ^Мамо дојди нешто. Јас изгледа добив. :lol:

    Па стварно, јас така и' кажав. :)
     
  16. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.642
    Викнија во вц и сама ќе сфати што ти се случило! :)
     
  17. Night.Wish

    Night.Wish Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    33
    Јас добив во шесто одд на 4 мај :D Се враќам од школо и гледам сум добила.. многу бев среќна кога добив, се правев важна демек сум влегла во светот на жените, мн интересно ми беше.. :D А сеа се би дала да неам добиено -.-
     
    На odbojkarka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.732
    Јас добив на 12 години, скоро 13. Не бев изненадена, очекував да добијам и бев доста информирана на таа тема.
    Не беше некое посебно доживување, требаше да излегувам некаде, отидов во wc и видов дека сум добила. После тоа ја викнав мајка ми, и кажав и ми честиташе. :)
     
  19. Buubica

    Buubica Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2011
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    245
    Еден ден пред мојот роденден во петто одделение си идам јас така у веце и гледам гаќите ЛОМ..знаете што напраив?? Епа си ги кренав и си отидов на модерен балет мртва ладна :D :D :D :D :rofl: :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На odbojkarka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. ElleS

    ElleS Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    210
    прва менструација на 13 год. на 1ви мај. среќа бев дома, прв пат да прескочам да не ми се иде нигде ко да знаев. И најнормално и кажав на мајка ми знаев што ми се дешава, ама сестра ми почна да ме зафрква и почнав да плачам ;( :D