Вашата прва менструација

Дискусија во 'Тело' започната од rockstar, 25 септември 2010.

  1. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.426
    Во седмо одделение значи на неполни 14 години, инаку тогаш сите од одделението имаа добиено освен јас и едно друго девојче ( таа доби по неколку дена по мене) , знам мајка ми не беше дома но прво и кажав на сестра ми :)
     
  2. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.880
    7-мо беше, враќајќисе од школо, и кога отидов дома што ќе видиш....имав страшни болки, тоа мене што ме се деси на никого не му се десило...ми траеше цели 15 дена, мајками полуде сите доктори ги прешетавме, ужасни болки имав со инфузии со лекарства со ништо не се смируваше....и си се навикнав на тоа и до ден денес см истата само фала Богу не трае 15 дена до кј 10 ...
     
  3. Obu

    Obu Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    3
    хаха јас добив во 8мо си бев на Матка на планинарење по карпите и многу се заморив и дојдов дома и шпњас гаќите крв :) и ми траеше 2 или 3 дена и после следен пат добив после одприлика 6 месеци :)па после третиот пат после 4 и после тоа редовно ми доаѓаше и ми доаѓа :)
     
  4. MoonChild

    MoonChild Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2011
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    94
    7-мо одделение домче :)
    немав многу болки и мн малце имав
     
  5. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.936

    Исто. :D Ама јас бев на излет. :)
     
  6. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    225
    Септември 7 одд!

    Се прибрав дома од цел ден седење пред зграда и што да видам. :)
     
  7. Lilly8

    Lilly8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2011
    Пораки:
    306
    Допаѓања:
    289
    Септември 7 одд
    Бев дома и гледам нешто чудно на гаќичките ама не сватив дека е тоа ми беше баш неочекувано иако мајка ми ми имаше кажувано многу за тоа.Си ги пресоблеков и потоа пак.На крај сватив што е... И кажав на мајка ми и ја натерав да отиде до продавница да ми купи влошки зошто мене ми беше срам да појдам сама и да купам... :D
     
  8. L-enna

    L-enna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2010
    Пораки:
    1.107
    Допаѓања:
    1.793
    Па, при крајот на 7мо одд, имав скоро 14 години. Не ни осетив кога сум добила, ама ко отидов во WC видов. Не се изненадив, па веќе и време и беше да дојт. Стомакот не ме болеше, а до душа и сега не ме болит, само некогаш знајт да ме стегнит стомакот ко ќе добивам во моментот, после супер сум. :wasntme:
     
  9. liliput22

    liliput22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    365
    Допаѓања:
    651
    Пол:
    Женски
    на точно 13години и тоа на денот на роденденот.леле коа ке ми текне дека вечерта го славев и јас така целата умислена за менструацијата ич неможев да се забавувам и се секавам колку смешно одев со тоа пелената на мене мислејки дека сите знаат и таму ме гледаат :D :D :D
     
  10. modest-girl

    modest-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2011
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    2
    Кога завршив шестто оделение...се сеќавам беше 13ти Август...бев возбудена..првата личност на која и кажав беше мајка ми...
     
  11. Peperutka90

    Peperutka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.083
    Во прва средно, и тоа на крај, мислам дека Мај месец беше. Значи тогаш сум имала 15 год!
    Месец дена пред да добијам осеќав огормна болка во долниот дел од стомакот, па и на страна! Бев на лекар прво ми рекоа слепо црево (смајли што се крсти) од што се компетентни нашиве доктори, секој ден ме ставаа на инфузија (како демек воспалено ми било али не било сеуште за оперативен зафат ццццц), за после сите испитувања да ми кажат дека треба да добијам за прв пат! Знам дека со татко ми бев тогаш на лекар и докторкава ми вика ДЕВОЈЧЕ МОЖЕ КЕ ТИ Е НЕЗГОДНО ОД ТАТКО ТИ, АМА СЕПАК КЕ КАЖАМ ПРЕД НЕГО СЕ РАБОТИ ЗА ТОА ДЕКА ЗА ПРВ ПАТ ТРЕБА ДА ДОБИЕШ! Боже женоооооооо си викам у себе, па мене ако ми било срам од татко ми немаше со него да идам, сама ќе дојдев! И точно после не цел месец добив! И така си добивам сеа секој месец :lol: :lol: :lol:
     
  12. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.522
    21 јануари, кога бев осмо одделение, на 13 години. Беше последниот ден од зимскиот распуст и јас лудував надвор во снегот. Немав гајле :lol:
     
  13. brunete

    brunete Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    39
    Во 6то одделение и тоа на 31ви декември :^) Хахаха :rofl: Уште па ми беше срам да и кажам на мајка ми и и реков мамо мислам дека имам бубулица и она глеа и ми вика ааа си добила ти и ја елеле не кажувај на никој.Ххахах комедии сум била :lol:
     
  14. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.261
    Допаѓања:
    1.347
    Оооо тоа беше болно искуство ( од психолошки аспект) :lol: Добив прв циклус на 25.03.2001 година,на само 11 години, се искомплексирав до максимум, на никого не му кажав,секако,знаев за што се работи :rofl: Се мразев и мразев и мразев се додека (2 години потоа) мојата најверна другарка ми призна дека добила и таа,па јас се направив на удрена и од срам и реков дека сеуште немам добиено. Секако,по некој ден /и мене ми дојде/ :rofl: :rofl: :rofl: Оффф јадни ниеее! :rofl:
     
  15. FlameFairy

    FlameFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    197
    Бев петто одделение, на зимски распуст. Ме заболи стомакот кога се разбудив и одам во тоалет и кога ќе видам, крв на гаќите. Знаев што е ама ми беше срам да и кажам на мајка ми и ставив еден тон тоалетна хартија, и со цел памет отидов на скијање. Кога се вратив дома реки течеа, и морав да и кажам на баба ми мајка ми не беше дома. После кога се врати таа, баба ми и кажа таа цела среќна, радосна а јас почнав како бебенце да си плачам.
     
  16. Ket.Rin

    Ket.Rin Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2011
    Пораки:
    286
    Допаѓања:
    970
    Почеток на 5то одделение, во септември се сеќавам беше. Не се сеќавам ни дали знаев тогаш што е тоа менструација, онака само гледам нешто дамка и викам мамо што е ова, ми даде влошка, ми честита и ајт со здравје, не дигнавме нешто голема фама околу тоа :D
     
  17. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Оооо тоа беше спектакл...
    Бев основно, колку што ме служи меморијата 7 одделение на почеток, негде Октомври, се некако низ глава ми се мота дека било 11 Октомври ама не сум сигурна.

    Појдов да мочкам и видов крв, знаев што е, имавме предавања во школо за тоа, ама пак се испаничив и цела со се алишта влегов во када и се миев, едно саат време, додека имаше топла вода во бојлерот :tmi: . Излегов цела утоп мокра, ко од поплава, испаничена, уплашена и уплакана :$ .
    Со трчање влегов во соба и најдов од оние влошките што ни ги даваа во школо на презентациите, ја наместив лошо и цела шушкав ко памперс да носам.
    Отидов во дневна и мислев дека ми се познава дури и преку фармерки, мајка ми веднаш ме позна дека не сум во ред, а најверојатно ме слушна додека шушкав, и почна некаков спонтан разговор. Се исплакав ко дожд во есен, и после бев горда дека сум пораснала.
     
  18. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    За Водици последниот ден пред да си одиме дома,бев шесто одделение :D
    Мајка ми ги спремаше торбите,а јас поjдов во WC и кога одам што да видам :o Моите бели гаќички обоени во црвено :D И кажав на мајка ми а таа ми даде влошка и тоа беше се.Потоа со денови се јадосував зошто толку мала сум добила (а сега гледам дека таа била нормалната возраст) да не останам ниска :D :D (така имав слушнато со добивањето престанувал растот),но од тогаш пораснав сигурно 10-тина цм и сега сум задоволна со мојата висина.
    Happy end :D
     
  19. N.A.T.A.S.A

    N.A.T.A.S.A Нов член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2010
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    487
    Ауу комедија беше првата менструација! Кога завршив 6 одд отидов за Швејцарија и таму ми дојде прв пат веројатно од промена на климата. И уште 1ден кога стигнав одма ми дојде а мене ми беше страм да и речам на тетка ми и цели 3 дена ставав тоалетна хартија :D :D се додека не и реков!
     
  20. SaraTrajkovska

    SaraTrajkovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    0
    Јас како што се сеќавам добив прва менструација во 4 одделение на 10 години.. и тоа на училиште кога отидов во вц видов дека имам крв на гаќичките и веднаш си знаев што е работата и кажав на учителката да ме ослободи и си дојдов дома.. дома малку ми беше непријатно да и кажам на мајка ми но сепак и кажав хаха