Сигурно се сеќавате на вашата прва плата или заработка во животот. Што направивте? Почастивте ли некого? Си дозволивте некое задоволство кое долго го посакувавте? Дал само на себе ги потрошивте тие пари или нешто дадовте за дома или купивте подарок за драгите лица? Бевте среќни и горди на себе? Сите имаме убави сеќавања со нашата прва плата па слободно споделете си ги. Јас со првата плата си купив куче. Мојот Рики Така да си исполнив една огромна желба за која никогаш не се покаав, ни што таа прва поголема заработка ја истрошив токму за тоа. Па и после земени многу плати можам да кажам тоа ми е најдраго истрошената сума на пари Секако падна и едно ручече со моите и едно ручече со бојфрендот и едно кафенце со другарките и за 5 дена АШ од платата.
Со оглед на тоа што сум уште студентка, не сум имала можност да работам, а не сум посетувала ни пракса, моите примања се минимални скроз! Бидејќи играм, и бевме на едно патување во Германија, и таму организаторите ни даваа по 10 евра за ручек еден ден, затоа што ручеците беа секогаш испланирани во ресторан, ама тој ден ни беше слободен, па као - Купете си нешто за јадење. И македонче ко македонче, си купува кифла за евро, другите за шопинг! Исто така, пари имам два пати земено, од чување на кутии за време на избори (независна странка, да се разбереме)
Мојата прва плата... Кога ке ми текне колку само се радував Па и не беа некои големи пари, ама мислам дека ги потрошив за глупости, частење, не си купив ништо посебно што би ми останало и да ме потсетува дека тоа ми е од првата плата Хахахаха rossonerka мојата плата ни 5 дена не издржа!! И да, бев преееемногу горда на себе
И јас до сега немам земано ПЛАТА ко плата, зашто сум студент, ама знам стипендијата што ја земав до лани, ја извадив од банка и се потрошив на облека Па немав ништо, што да облечам Инаку и на сестра ми и купив едно палтенце, ја гледам и ден денес си го носи, многу ми е мило.
Првата плата ми беше 7000 денари . Се сеќавам како вчера да беше Си купив сукња и кошула (немав ништо како за на работа), частење, и редовни месечни трошоци (за факултет, бензин, а дури 2000 ден тргнав на страна . Ех сега да ја имав таа навика Од првата плата не можев многу да направам, ама од заштедата од првата година направив неколку работи на кои сум горда: - му купив компјутер на дечко ми - на моите им дадов пола од потребните пари за реновирање, т.е. со тие пари испланираа уште неколку работи - моите беа во критична ситуација со пари, па сакаа да ја продадат мојата најсакана викендица. Олеснителна околност при продавањето беше тоа што неколку години немавме отидено, па некако приврзаноста со местото почна да се губи. Знаев дека ако само еднаш стапнат таму, веднаш ќе се премислат. Татко ми на шала викаше - собери ќерко пари, ќе одиме. Неколку месеци пред да дојде лето извадив на маса толку колку што ме зезаше татко ми да соберам, и им ги им дадов. Доволно за пат и минимално потсредување на викендицата. Не можам да го заборавам погледот на моите, во очите им се читаше среќа. Летото таму поминавме повеќе од еден месец, а викендицата се уште ја имаме.
Прва работа - статист во филм! Не се ни сеќавам на филмот, знам само дека преку кастинг од средно ме избраа. Не беше плата, ами дневница, околу 800 денари. Си купив карта за концерт и брдо книги, за 15годишна тинејџерка тоа беше wow момент! Друга посериозна заработувачка беше исто во средно, бев волонтер, па координатор на проект за млади, и освен што добив три дневно камп дружење со дечиња во Охрид, земав и 3000 денари Бев и со тие пари на концерт на Вајтснејк, си купив ситници некои и цедиња!
Ауу што убава тема. Знам дека прв пат негде кога бев седмо одделение чував мало дете. Првата заработена работа беше ламбада сукња ми ја соши мајката на бебето, а потоа кога тогаш ми даваше по некое париче или ми шиеше нешто. Знам дека ги собирав парите и си купив сама дналоп патики, оти тренирав ракомет сакав добра патика. Дете. Таму негде 7/8 одделение, мама работеше продавачка во продавница и секогаш кога не беше добра ја менував, редовно. Ми даваше и она ситно ама жал ми беше да ги земам во тоа време не ни имавме нешто пари. Први поголеми пари во средно бев хостетса на Рено и ни беше дневница 1000 денари. Спечалив 10000 и ги потрошива на поклони, гардероба и карти за журки.
Тоа беше пред 3 години. Скромно околу 4000 земав. Му купив на дечко ми Адидас тренерки за роденден, за мене нешто ситно и тоа. Инаку прва плата во права смисла на зборот сеуште не сум добила.
Првата плата.... Како да беше вчера, си купив капут и чизми, 1000 ден. си кренав на страна, 500 ден. одвоив за частење Потоа ми стана како традиција , од секоја плата си купував по нешто, блузи, фармерки, од последнава си купив патики.... Овој месец нема да земам баш кога најмногу ми требаат Али шта је ту је идемо даље
Мојата прва плата беше точно 100 евра која ми беше дадена на рака точно на 1-ви во месецот. После раб. време додека се враќав дома со автобус срцето ми трепереше од радост и среќа. Целата плата му ја дадов на татко ми да ги плати сметките. Не сакаше да ги земе а знаев и гледав дека не беа платени сметките за 2 месеца а и тој немаше земено плата. Али затоа пак до летото собрав парички за да отидам на одмор со другарките
Прв бакшиш ако можам да го наречам беше 1000 ден. пред околу 7-8 месеци.. А прва плата 5000 ден. толку многу бев среќна.. На блиските им подарив по некој ситен поклон а најголемиот дел го потрошив лично за себе
Прва посериозна заработка ми беше лани, 7000 денари за цел семестар што бев демонстратор на факултет. Ги почастив моите со торта, си купив нешто за себе облека и другото го заштедив и ич не памтам за што ја искористив заштедата подоцна. Како и да е, знам дека се осеќав многу убаво кога конечно од мои заработени пари можев да се почастам нешто
Првата плата цела ми отиде за образованието, за книги и сл. Им дадов и на моите дома нешто што ми остана и после си бев ко свирец до следната плата.
7000 денари-цело богатство за мене...Слатки, частење, мнооогу козметика, првата преса за коса и по некое парче гардероба...толку.
Првата плата па и едниствена...ја земав на 14 год..пред 2 год доаѓа.Па и 5000 не се некои пари,али знам бев мн. среќна Си купив патики,а останатите пари частење со друштво.Бев голема мрза и моите не очекуваа да работам..Поише бев среќна и горда на себе отколку за парите
Првата работа ми траеше 3 месеци (цело лето, келнерка на многу chill out плажа) на 16 години. Дневница ми беше по 350 денари и работев скоро секој ден. Па така за 16 годишно девојче собраните пари до септември беа богатство! Сама си плаќав лични трошкови за цело лето, а парите ме држеа дури до следното лето (за облека, излегувања..). Иначе со првите пари дома им купив огромна нутела и кока-кола Не сакаа да ме трошат за поклони, оти знаеа дека сепак се броени пари. Научив како да раководам со парите и уште повеќе да ги ценам и нив и самиот вложен труд. А и самостојноста ме направи уште посреќна
Мојата прва плата за тоа што го работев беше многу мала 8000,од 8 до кај 5 држев часови во приватно школо
Мојата прва заработка(заедничка со сестра ми и двете допринесовме) беа 500 денари преку мојагардероба и со тие пари и купивме ташна на мама затоа што таа што ја имаше не беше во возна состојба.
Работев и уште работам на дневници ... месецот имав 20 дневници и зедов 6000 ден. Ги почастив нешто дома, другите за мене, си зедов гардероба, нешто шминки што ми беа при крај и другите т.е. остатокот за излегување