Досега единствена лична заработка ми беше таа од лани. 175 евра за една недела работа во Грција. Се глупирав, работев како PR, ама многу фино ми дојдоа парите. Ги потрошив веднаш. На летни тракатанци, купачи, шешири, сувенири за сите... Ама најголем дел отиде за журкање и частење. Пола и повеќе можеби. Ги пробав сите можни алкохоли на островот, нови и сто години стари, сите можни коктели и видови на апсинт. И така. Лепе успомене.
Првите заработени пари не се сеќавам на што сум ги потрошила, ама знам дека тоа беше огромна радост, возвишено чувство, чуство на колку-толку самостојност, гордост на самата себе. Тоа беше некој мал еднократен хонорар, ама за мене сепак голем упех. Потоа со првото вработување (исто така хонорарно) иако платата беше околу 150 евра се чувстував многу богата Традиција ми беше во првите месеци од работењето секогаш штом ќе земам плата да си дозволам да си се почастам со нешто ново, дали фармерки, штикли, ташна што било, и тоа ми беше онака наменски „од новата плата“.
Моите први заработени пари тукушто денес легнаа на мојата сметка(не сметајки стипендија нели)... 14340 ТОЧНО... Ќе си пукнам од среќа, ама не кажувам дома, утре ќе купам торта и за секого по нешто и ќе им кажам... Во облаци суммммм
Не е многу, оди за лични потреби некое парче облека, средства за нега и тоа. За факултетот претежно уште добивам помош од дома.
плата како плата се уште не сум имала можност да го почуствувам тоа задоволство, а од тоа што ме исплатија од една фирма и козметички салон беше наменето лично за мене и вториов приход ако можам да го наречам и подарив парфем на мајка ми
Мојата прва заработка (не плата) беше пред цели 21 година. Почнав уште во 3-та година на факултет приватно да дадам часови и да си заработувам Не беше многу, не беше доволно за да почастам некого нешто ситно-колку што е часот , ама знам дека многу си се гордеев со себе, исто и моите После тоа веќе станаа повеќе, како што растеше фондот на часови, па дојде и првата плата.....арно ама сега истата не стига
Каква грешка сум направила.....не 21, пред 12 години беше. Леле, бруки Се извинувам за два поста еден под друг, дури сега видов каква грешка сум направила, морав да ја поправам
Мојата прва плата ја добив пред една година и изнесуваше точно 10000 денари си купив фустанче и сандали ,си извадив пашош и останатите им ги оставив на моите затоа што навистина ни беа потребни
Се секавам како вчера да беше,а беше далечната 1996година месец април на мојата срека и немаше крај.Бев продавачка во ''Краш''земав плата 7000денари но дома кажав 6000 така ми чинеше за да си имам некој денар за себе.Од првата плата си купив златни обетки кој до ден денес ги чувам и ми се посебно драги.
Пред скоро две години, 13 000 денари прва заработка, работата траеше еден месец, прилично лесна и интересна. Ах како им се радував... Платата се сведе на мало частење, нешто облека и поголемиот дел беше за џепарлак за летовање во Италија со дечкоми. И да, и тој џепарлак на одморот се претвори во облека и акцесорис кои ми се посебно драг спомен од одморот.
За жал незнам какво е чувството да се зема плата. Но мојата прва заработувачка беа 3000денари лани во јуни за мојата пракса. Им се израдував на парите како мало дете, дека со свој труд сум заработила. Отидовме со дечко ми на скара, си купив едни сандалчиња и остатокот си го чував да си купувам картички за во автобус.
Ахх меморис, пред 5 години, убава беше првата платичка 15000 + бакшиш истото толку, првиот месец имаше супер бакшиш.Казино грл Штета што бевме заглавени тој период, па цела отиде ако не се лажам за кирија,али од бакшишот купив нешто за мене нешто за мм, тогаш дечко.Срекна и горда на себе, нормално.
Бев Брисел и Амстердам на по еден викенд (со здружени финасии со мм, тогаш дечко) али јас си платив мојот дел поштено.
пред 4 години. имав тогаш 15 години и работев во грција во сендвичара. работев месец и половина. заработив 800 евра но им ги дадов на мајка ми и татко ми и ми стојат на сметка у банка.
Прва лична заработка ми беше лани. Една пријателка од мајка ми шиеше фустанчиња и на секое продадено имав по 50 ден. Заработив одвај 300ден. и мислам дека немаше човек на кој не му се пофалив. Имав штотуку наполнети 16години и парите ги потрошив на депилација.
Првата плата ја добив на 18 години доста солидна целата ја потрошив на облека козметика и на шеткање (еве 4 години ја земам истата ама среќата не е иста сега ја трошам на побитни рботи )
Мојата прва плата беше 1995год.Платата ми беше 7000,оо работев во ТВ,а на мојот дечко сегашен сопруг му ја купив наскапата блуза која до ден денес ја носи и скап рачен часовник:Со останатите 4000 нешто дадов дома,си купив табакера(уште ја имам) и ташна а друѓите со ќеиф ги поарчивме