мојта прва плата па беше кога работев за време на летниот распуст , на 17 години и изнесуваше 2800 а работев 8 дена , од неа си купив облека и една блуза на дечко ми
Мојата прва плата ја добив на 7 години кога глумев во една серија цело лето и дел од Септември. Изнесуваше цели 6000 денари, што за едно 7 годишно девојче беше и повеќе од доволно. Парите ми траеја се до 6то одд кога си ја платив 3 дневната екскурзија
Првата плата- 6000 денари (за цел месец работа по 6 часа дневно) Не се осеќав нешто посебно горда, да бидам искрена и од сумата бев разочарена! Ги разладив колегите со по една лимонада (е мнооогу сум се потрошила значи ), си купив неколку парталчиња и толку беше од парите! Од мојата заработка ни тогаш ни никогаш не сум давала на моите дома, си ги трошев само на мене и заштедував по некој денар тогаш кога добив покачување! Инаку од 6000-те илјди немаше што да се заштеди, ги снема за кратко време и морав да барам од моите родители пари за секојдневите трошоци Нардните плати беа нешто повисоки и тогаш усепевав подобро да си ги распредлам парите а дури и да заштедам некој денар за одмор, за шопинг и сл.
Немам сеуште ни работано ни земено пари но заработувам ... Како !? Епа земам стипендија Ми доаѓа 3500ден месечно ... Не е многу но за штикли и секој ден по едно кафе стасува )
Првата плата, бев попишувач на пописот за земјоделие. Заработив 15.000 денари за 3 дена. Третина отиде на алишта, третина на одмор во Охрид, другата третина и ден-денес не знам каде. Сигурно на излегување и частење. Поубо од државно, амин!
Од Мојата прва плата купив за сите по нешто.За децата,за маж ми ,за свекор ми ,за свекрва ми....И за мене секако едни кондури. И после еден ручек за сите во кафана,и толку беше... Наредните ги трошев порационално.
Мојата прва плата беше заработена во февруари 2010 изнесуваше околу 10 000 и знам дека одма ја потрошив за некој домашни потреби
Првата заработка,ми беше од Авон-некои си 1600 ден,кои секако ги потрошив да си ги платам нарачките Првата стипендија што ја добив на факултет,значи околу 3 рати,некаде 9000 ден,ја искористив за частење,на мене си купив само новчаник Купив за дома на секој по нешто,на дечко ми,и плус се частевме во пицерија. Првата моја плата на сметка беше 10.000 ден.Се договаравме за повеќе,и спремна да се карам зошто толку малку,кога тие во плико ми дадоа уште 4000 ден.Покасно сум била пријавена,па затоа ми пуштиле помалку.Оваа ја потрошив баш за мене,Частев нормално,меѓутоа ми требаше за гардероба за на работа,па цела отиде
Мојата прва плата беше во април 2006 година, кога работев во едно албанско училиште како професор по македонски јазик.Изнесуваше негде околу 20 000 денари и нели првите мачиња во вода се фрлаат, им купив подароци на сите од семејството, ги почастив колегите со торта и сокче,сфатив дека сум кредито-способна и подигнав потрошувачки кредит, со парите купив скутер и остатокот го потрошивме со сопругот шеткајќи лево-десно со скутерот, а богами и без него
Мои лични први пари ми беа 1500 ден за 3 дена работа во фабрика за средства за чистење (лепев етикети на шишињата со тоа за чистење прозорци ). Не се сеќавам за што ги потрошив парите, мислам дека све беа глупости, кафиња, таксиња, такви работи. После тоа работев во кафичи како шанкер, собрав 100 евра за 2 месеца и заедно со пари од дома што ми дале отидов на море. Сега пред некој ден земав 5000 ден (првпат волку пари на купче наеднаш да добијам) и пак ќе ги дадам за на одмор. И така.
Мојата прва плата ја добив пред 4 години и изнесуваше точно 10.000 денари Цела, ама буквално цела плата ја потрошив во рок од неколку часа Си купив парфем од 4.000 денари, шминки, нешто облека, штикли, а со останатите пари му купив на дечко ми подарок, отидовме на вечера и ги почастив дома моите со благо И така, мојата фамозна прва плата не потраја ни еден ден
мојата прва плата изнесуваше цели 1 500 денари малку бев разочарана искрено за успомен си купив ѓаќи за мене и сестра ми а домашните ги честев пепси ама затоа пак втора плата (по една година) ми беше 3 000 Spoiler + 3 000 од дома и јас пресреќна заминав на одмор
До сега не сум имала во прав смисол прва плата. Пред година дена бев повикана за статист за снимање на еден филм,и таму заработив околу 5.000 денари и секако отидовме на вечера со моите, другарките ги почастив, и останатото за гардероба. А сега, си заработувам само од Орифлејм, секој месец околу 1000 и нешто погоре-подолу.
Многу рано почнав да заработувам Прва заработка ми беше на 8 години Околу 300 денари ми дадоа од еден циркус за да ми ја стават змијата на вратот Покрај парите заработив и котек од моите ( а толку бев срекна кога им кажав оти заработив пари) :
Првата плата 1500 денари Си купив слагалица од 1500 парчиња (после 7 години уште не сум седнала да ја составам)