1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вашата прва плата или заработка

Дискусија во 'На работното место' започната од rossonerka, 18 април 2012.

  1. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.382
    Допаѓања:
    1.114
    Пол:
    Женски
    Одамна беше со оглед на тоа што работам од мала. Беа тоа некои 600 - 700 денари за две дневници од конфекција кај што чистев конци :) Не се сеќавам на што сум ги потрошила, сепак не беа многу пари. Од 16 - 19 години работев на шанк во кафич, за време на учебна година само за викенди, преку лето по цели смени, а парите ги трошев за храна, облека, излегувања. Тој период од дома ретко барав пари.
     
  2. babymama

    babymama Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2012
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    225
    Како средношколки со другарка му помагавме на таткото на другарката да си го среди кафичот и на двете ни даде по 1.000 денари. Следниот ден со парите си купивме карти за на журка :D
    А како студентка држев приватни часови и тоа беше мојата прва вистинска заработка. Секој ден држев часови и убаво си заработував.
     
  3. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Најверојатно прва заработка во животот ми била кога почнав да му помагам на вујко ми на пазар. Обично ми даваше по 300-400 денари за 3-4 часа додека траеше гужвата, некогаш и повеќе.
    Парите обично ги трошев за излегување, со оглед на тоа што само лете му помагав.
     
    На karenin му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Alesii

    Alesii Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    841
    На мои 13 години,на татко ми му се зезна нешто телефонот и незнаеше како и му реков ако ми даде 300 денари ќе му покажам и ми даде и му го направив телефонот 8)
     
  5. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.298
    Пол:
    Женски
    Првата заработка... ууу одамна беше тоа, после прва средно скоро секое лето работам (во кафич на шанк и во печатницата кај што работи татко ми) така да не се сеќавам на што конкретно сум ги потрошила... за облека и за џепарлак веројатно. :)

    Годинава, последниот семестар, работев во колонијал на пола работно време и платата ми беше цели 4000 ден. Може звучат бедно тие 4000 ден., ама чувството кога ги добиваш тие пари кои сам си ги заработил е незаменливо. Ги потрошив за трошоци на факултет, за частење, нешто облека И обавезно купував некој подарок на мајка ми, зашто таа кутрата речиси никогаш ништо не си купува за нејзина душа, па јас ете така си ветив себеси дека од секоја плата ќе и купувам по нешто.
    Сега скоро од новата работа зедов 3200 ден, за неделата од јули што ја работев, ама ете уште не сум стигнала нешто да купам и да се почастам, чекам да дојде викенд :)
     
    На LittlePinky и LaraSolare им се допаѓа ова.
  6. Anja98

    Anja98 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2011
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    553
    Пол:
    Женски
    Првите заработени праи ми беа од стипендијата што ја земав за одличен ученик, и собирајќи ги парите секој месец,заработив доволно пари и си купив лаптоп :)
     
  7. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    За прва плата ќе пишам во темава откако ќе се вработам :)
    А првата заработка ми беше во средно, ми се чини бев прва година. Бев активист во Црвен Крст, а воедно и член на некаков одбор што броеше околу 20тина активисти. Одборот веќе не постои, го укинаа.
    За секој состанок каде што донесувавме одлуки поврзани со работата и активностите, на нас членовите ни даваа дневница од 500 денари. Не се сеќавам на што ги потрошив, ама знам дека си ги собирав во каса, 500 по 500 од секој состанок. Веројатно после сум си купила облека или чевли. До ден денес штедените пари ги трошам на тоа.
     
  8. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    651
    Пол:
    Женски
    Прва заработка ми беше во средно од берба на печурки 300 денари, си купив кломпи :D А прва плата заработив на 24 години во бутик.
     
  9. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    855
    Прва заработка (не можам да ја наречам плата) ми беше во трета средно кога месец и нешто одев во конфекција и работев некои ситни работи. Заработив околу 8000-9000 не се сеќавам точно. Си ги потрошив за одмор :rock:
     
  10. owl-ribbon

    owl-ribbon Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    678
    Работев на шанк минатото лето , дневница 800 денари :)
     
  11. VayaConDios

    VayaConDios Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2012
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    99
    добив малку пари (неколку илјади, не повеќе од 5000, не помалку од 4000 :D ) од еден ангажман во образование, ги потрошив сите пари на јадење :D
     
  12. SparkyAngel

    SparkyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    1.366
    Пол:
    Женски
    Првата заработка... ууу тазе тема 2 месеци работев во една приватна фирма ко практикант 4.000 ми беше месечна плата. Искрено толку труд не вреди за тие пари (повеќе пари за храна и превоз ке потрошиш :P)... ама мора да се започне од некаде, а кога ке ми текне дека и на повеќето места и не плаќаат за пракса си викам Спарки не се жали :)
     
  13. anngelique

    anngelique Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    2.484
    Допаѓања:
    5.832
    Пол:
    Женски
    Прва заработка ми беше во 4та година средно. Професорот по ликовно ни даде задача да направиме креација од отпадни материјали Trash Fashion. Ние се заангажиравме ептен, ама не очекувавме дека ке ни платат за тоа. И кога беше ревијата во МКЦ ни вика професорот оп еве ви 400 ден дневница, онака сум се израдувала пошто беше неочекувано :D и ги потрошив за јадење мислам :lol:
     
  14. MerlinMonro8

    MerlinMonro8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2012
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    209
    Првата заработка ми беше само што седев на едно столче...хахахха ]:)
    Цели 4 саати требаше на седам на едно скапано столче и да ракоплескам. Бев на косовски милионер во публика и ништо не разбирав, како муле бе...Само мавав со рацете..хахаххахаа Инаку имав 11 години и ни дадоа 10 евра (во евра ни дадоо, ааа колку бев happpppy :rofl: ) и еден хамбургер и можеш да бираш фанта или кока-кола лименка :) Се сеќавам, парите ги потрошив за Историски атлас :envy: :geek:
    Следните пари ги заработив на 12, бев многу активна во Oriflame преку мајка ми, ептен ми одеше, многу нарачки имав, е сега не којзнае колку, сепак... ама за моите години имав доста нарачки и заработка која беше, сон за мене, уживанција, тој период знам стално само нешто купував, крајот не ми се гледаше :P
     
  15. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Прва заработка ако можи да се кажи пари од стипендија сепак сум учела па да ја земам.
     
  16. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.250
    Допаѓања:
    21.754
    Пол:
    Женски
    Мислам дека имав пишано во темава, ама не можам да си го најдам постот. Може и не сум пишала :D
    Стипендијата не ја сметам како заработка, туку како награда за моето учење.
    Првата работа и плата ја имав пред 3 години, кога работев во салон за мебел кај роднини. По цел ден си седев на нет, ако дојдеше некој муштерија арно, ако не, пак арно :D 7000 ден. ми беше платата, работев 2 месеци за време на распустот. Парите ги поторшив за ташни, облека, подароци на моите и на дечко ми. Ама бев презадоволна :)
    А сега летото работев во МекДоналдс во Франкфурт, и месечната плата ми беше 1400 евра! Најсреќна бев кога ја видов сумата :D Овде кај нас, и со факултетот кој го учам, нема шанси да земам толкава плата. А работата во МекДоналдс е најниско платена во Германија. И како да останам во оваа скапана држава? ....
     
    На Ema.Sk му/ѝ се допаѓа ова.
  17. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.157
    Допаѓања:
    46.952
    Пол:
    Женски
    Првата заработка ми беше пред некое време, 5800 денари од обуката која ја имав :D па за две недели обука добри беа париве :P
    Од неа си купив се од козметика што ми требаше ( за лице и коса), купив фустанче, блуза на ханито, му дадов на брат ми ситен џепарац да се порадува :D ми останаа уште пари кои за жал ќе ги дадам за лекови :devil:
    Наскоро ќе си зимам и платичка и така :wasntme: :D
     
  18. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Ако стипендијата се смета како заработка тогаш,веќе 4 години заработувам.Но според мене таа е награда за трудот и резултатите направени во спортот, а не заработка.

    А баш заработено,па тоа беше некаде оваа година крајот на мај, кога се решив дека ќе почнам да изработувам китенки,бонбони,корпи....и други тракатанци за свадба.И првата невеста на која и ги работев беше Биљана водителката од Моја Свадба :) Заработувачката беше 1000, и бев пресреќна. :)
     
  19. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.157
    Допаѓања:
    46.952
    Пол:
    Женски
    мојата втора заработка :rofl: денес си земав уште 2600 |( само ми ги сецкаат парите :@ така е кога си нов :worried:
     
  20. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Првата заработка (плата) беше недге на 18 год. и тогаш беше во германските марки ... Оној кој ми ја даваше, мојот надреден бато :D . Не ми даваше цела туку пола плата, а за се друго ако не ми стигаше, а имав желба и потреба да си купам се обраќав кај него за плаќање. Таков беше договорот. :geek: