Мојата прва плата беше негде околу 8000 денари и половина ја потрошив за да си купам облека и козметика,дома ги почастив еден ручек,а душлето вечера, а другата половина си ја чував дури и ми остана до наредната плата да не цинцарам.Битно бев кефој дека си заработувам свои парички за прв пат во животот.
Мојата прва плата изнесуваше 4000 денари. Ситно, меѓутоа не беше џепарлак, подарок за роденден, туку нешто што самата сум го заработила со свој труд. Многу се радував затоа што беа мои. Почастив дома со некоја ситница, затоа што нели не беа големи примањата и потоа си купив фустан и сандали. Ммм, и друштвото го почастив.
Мојата прва плата беше 8000 ден. и дома ги почастив, а јас си купив облека и козметика. Премногу горда бев на себе
Мојата прва плата беше 7000 ден. Беше веднаш одкога завршив факултет, не бев воодушевена, но не работев таму за плата, знаев дека е за привремено да стекнувам искуство додека најдам нешто подобро. И навистина тоа работно искуство ми беше карта за влез во многу успешна компанија каде што земам солидна плата. Иначе поголема радост беа моите најпрви стекнати приходи, т.е. кога ја добив стипендијата 3300 месечно, радост до небо. Многу бев среќна и горда на себе и колку само ми значеа тие пари, може и повеќе од овие што ги земам сега.
Ја чекав како јајце велигденско да ми стаса на сметка. И што кога стаса?! Како желка доаѓа, а како зајак се испотроши. Убаво ми беше на душичкава си купив тоа што ми требаше и си бев вери хепи.
Првата плата ми беше 4200 денари пред 8 години . Ја потошив да и купам на девојчињата чевли и да ги прославиме Нова година и Божик. Не беше кој знае колку ама и донесе огромна радост на девојчињата а мене солзи радосници кога ги видов како се радуваат на новите чевли.
Утеха за другите... Првата плата ми беше 2000-3000 ден. отприлика, дадени на рака (зошто газдата ме изматка и не ме имаше пријавено) и кога после цел пренапорен и преобилен со работа месец, ми ги даде парите на рака, си почнав да плачам над нив, што се искиснаа и ги вардев до дома в рака да не ми се искинат. (После разбрав дека и други нови, млади вработени ги користел за бадијала пари; Иначе бев вработена со факултетска диплома, таков профил и се бараше)
Мојата прва заработка беше 400 денари, кога имав 7 годинки, за коледе. Охоо, потоа гозба беше, ги изнакупив сите можни видови на мастики во продавницата Па што и тоа спаѓа во работа нели ?
Сега уз муабет со мајка ми се сетив дека всушност мојата прва плата беше лани. Работев 2 дена (од 6 сабајле до 2 саат поручек) кај неа во фирма и потоа нормално се откажав поради самата тешкотија на работата. Задачата ми беше да чистам јагоди 8 саати, буквално без да се помрднам, со некои строги правила и принципи на кои треба да им останам доследна, само јас си знам колку ме болеше грбот и со која тешкотија станував од столче после осум часовно седење. Земав околу 1800 денари, кои не можете ни да замислите колку не сакав да ги потрошам. Многу е поинаку кога трошиш туѓи заработени пари и кога знаеш дека сам си се мачел за нешто. На крај пак излезе дека ги снема за миг, ништо не си купив како спомен од прва плата, ги потрошив на најбезвезни работи, се развозував со таксиња, за кафиња, јадење и сл. Е со онаа која ја земав месецов, можам да се пофалам дека си изнакупував работи, надокнадив на некој начин.
Мојата прва плата ја добив пред 2 недели. После цел месец труд, добив 7 000 ден. Не се многу, но задоволна сум. Ги потрошив Си купив многу работи, си ги почестив најблиските. Е сега за натаму, полека платата ќе расте, но ќе внимавам како си ја трошам. Дури и сега за парите што ги потрошив ми падна тешко ееее свои пари потешко се трошеле
Оваа недела или наредната, треба да ја земам мојата прва плата. Парите се малку, ама добро ќе ми дојдат во овој период.
Мојата прва плата ја добив пред 3 години и изнесуваше точно 4000 денари за 1 месец ипол, не се сеќавам на што ја потрошив но бев многу разочарна од сумата бидејќи очекував повеќе. Сепак искуството што гo стекнав не беше лошо.
Мојта прва плата ја заработив на 18 години летниот период во Будва кај тетка ми во приватен ресторан, кафуле... и изнесуваше 500 тогашни германски марки. Кога се вратив дома татко ми ме зафркаваше... ни дојде Озбилна од гурбет На сите им купив по нешто а останатите пари и ги дадов на баба ми да ми ги чува... Таа ми беше најсигурна банка
Мојата прва плата отиде на купување бајадера од краш, томи мајонез , торта, блузи за мајка ми и за татко ми. Нешто купив и за двајцата мои копуци - сестра ми и дечко ми ама ми отиде паметот веќе не памтам што. И така. А сигурно сум си купила нешто и за мене.
пред 3-4 месеци 550 денари од Орифлејм за зачленети 3 консултанти и нивно регрутирање во првите 3 чекори од кампањата Добро ми дојдоа, не се сеќавам каде ги потрошив