Прва заработка 4000 ден од практиканската работа во ЕВН. Парите отидоа во еден здив. Штикли,кошула,вечера во ресторан за мене и либето и частење на мама во Палма.
Прва заработка...пред доста години коа брат ми најде 50 еура на сред улица обидувајќи се да ја премине и ги подели со мене
Мојата прва заработка - ја поделив со сестра ми и либето на добра шопинг....За мене облека , за неа и за либето, потоа частење со либето во ресторан и толку! Кога ќе се сетам убави пари беа тоа
Од првата заработка си купив градник од Лиска и преса од Северин, тостерот ми беше пред умирање и зедов и тостер за домакинството, па ме пофалија моите како ќе бидам домакинка јас, аха да
Мојата прва заработка беше пред 3 години. Толку многу се радував бидејки ми беше прва заработка, незнаев што попрво да правам Ги почастив најблиските и потоа веднаш во шопинг. За миг ги потрошив и не ми е криво. А веке со втората не беше така
Мојата прва заработка беше пред неколку години, беше 9000 денари, што за тоа време мене ми се гледаа како цело богатство... и ги потрошив на честење и гардероба, и го снема “богатството“ за 3 дена
Си купив Нојферт, архитектонско проектирање Прилично бескорисна инвестиција, повеќе го користам PDF-от во компјутер отколку книгата, ама ептен му се радував.
Прва заработка,пред 5 месеци,работев во продавница, и добив не многу но 11.000 илјади денари. Го почастив дечко ми, отидовме 2 дена во хотел само спиење за друго штедевме за друго
Знаеш дека сме за греота, нели. Не ми е криво што ја купив, ама cè почесто се фаќам како ја листам оваа на компјутер, срамота. Си ја купив и Modern Construction Handbook (ти ја препорачувам ако ја немаш), ама неа барем ја убивам од листање. Првата заработка не се сеќавам кога ми беше, најверојатно некаде на почетокот од средношколските денови за маникир или шминкање некоја девојка, зашто тогаш бев преокупирана со тие работи, а првата сериозна плата ја добив летово и не си купив ништо за себе, освен книгиве. Ги почастив моите ручек во Берово, на брат ми му купив графичка картичка, а јас нормално - останав со прстот во уста.
Првата заработка не ја рачунам, пошто и као многу мала роднини, моите ми давале пари и најчесто ги чував долго време и после си купував нешто. Првата плата ми беше пред година ипол, не можам да се сетам на што точно ја потрошив, мислам дека најголем дел отиде за ќирија и по некоја ситница, наредните плати ми беа послатки и поголеми па повеќе можев да си дозволам за себе и за други да почастам
Првата заработка - бедни 6000 денари. Се сеќавам дека очекував повеќе, сметав дека заслужувам повеќе и им кажав дека сакам повеќе. Наредните месеци веќе беше друга приказна, цифрата порасна а порасна и одговорноста на работата која ја вршев. Парите ги потрошив во еден ден, купив неколку парталчиња за мене и толку. Па и малку беа, не беше тешко да се потрошат.
Беше многу одамна пред некој си 5 години првата заработка ми беше 500 ден а година дена подоцна и се вработив прва плата околу 100 еврича кој му ги дадов сите на брат ми.Да си купи Nike Спринтерки (патики) тоа се специјални патики со иглички оздола за трчање наменети за атлетска патека наречена (Тартан) каква што имаме кај нас во Скопје на Грацки.Спортуваше и сакаше да трча уште од мал и му успеа да влезе во младинските категории на Македонија има трчано два пати во Хрватска и еднаш во Бугарија и на неколку турнири тука кај нас.Има освоено 4 медала и неколку признанија па се откажа и ете ги сеа дома седат фаќаат прашина .
Прва заработка ми беше стипендијата во средно што ја примав, ако може така да се нарече воопшто. Тогаш за еден месец добивавме стипендија од околу 3000 денари, ако добро ме служи памтењево, ама не ја пуштаа секој месец. Првиот пат ја пуштаа за 4 месеци, а после преку еден месец, па од првата тура ми се собраа доста пари од кои си купив една јакна која егзистира до ден денес, мобилен телефон и некои ситници, а остатокот го дадов дома. Првата заработка од работа (плата не можам да ја наречам, затоа што никогаш не сум била пријавена, па да ми стигнува плата месечно) ми изнесуваше околу 400 денари. Работев како келнерка, па ова ми беше заедно со бакшиш. Значи 350 денари беше дневницата. Искрено, толку бев разочарана и обесхрабрена, што за тие години додека ја работев работава, често пати се враќав дома плачејќи. Сакам да кажам, толку ми беше за никаде првиот ден, што не се сеќавам на што ми отишле тие пари.
На 18 години,летото отидов за италија кај тетка ми и работев 10 дена на гроздобер и земав 600 евра,не плаќав ништо за стан и јадење,и си ги донесев сите чисти пари.Се сеќавам дома кога стигнав на моите им викав ова се пари заработени со труд и пот,хахха