Скроз првата зааботувачка колку што јас се сеќавам 900 денари обична дневница. А плата, 10 500 денари. Првите знам дома почастив, сама се почастив со излегување и толку беа. Вторите им ги дадов на родителите.
Првата плата-заработувачка ми беше скоро 17,000 без некој динар..ги почастив сите роднини и пријатели а богами се почастив и самата со една добра книга.
Еден месец пред да наполнам 19. Ма да и како дете ми се имаат слевано пари, ама тоа не го рачунам. А за трошење, исклучиво во мене си вложувам заработка, така и со првата. Не сум по частенки и тие ствари (расипништво).
Па како дете си имав јас одреден начин за заработка на пример соборање на билки, собирање на шумски плодови, и такви ствари па излегуваше некој денар колку да не е без ич. А прва плата кога имав 15 год. Работев тешка физичка работа во шума собирање и цепење дрва таква мака несум видел во живот. Ама кога се нема се се мора
Не очекував толку многу пари Бев на шопинг, дел дадов дома и тоа што ми остана го чував за секој случај среќа е прва плата
Прва заработка... Охх, не знам какви се чувства ме преовладуваат кога се присетувам. На 10 годишна возраст почнав да заработувам. Првите заработени пари им ги дадов на моите дома. Јас горда што сум зааботила и притоа помогнала дома, а моите... трогнато делваа, горди но и помалку тажни.
Бубаче, темата е вашата ПРВА заработка, а не, НАЈГОЛЕМА. Ете пример, дечки работат по кафичи дури се на распуст, за дневница од 300-400 ден... тоа е прва заработка. Први пари кои биле само твои.
Мене прва заработка ми беше 200 денари кога бев студент на 19 години, за час по англиски на дете од основно. Вака, така, тргна од тогаш
8300 денари. Платата беше повисока, ама пустото од среде месец почнав да работам. Не ги ни видов како избегаа, не се сеќавам на какви ситници ги потрошив.
10.500 ми беше првата плата, за пола месец.. Ги почастив моите еден ручек, а другите ги потрошив за себе за едно неделен одмор во Охрид..
Па самата почнав со работа каде што за да почнам ги вложив сите мои заштедени пари од родендени и сл. (10.000мкд) а заработив 39.700, со што постојано одам во нагорна линија
Платив дома сметки, а другите ги потрошив на шопинг и скапи колекции. После се опаметив, сфатив дека со парите треба повнимателно да се располага, па следната плата ја вложив во високо буџетни ескорти, џигери и кокаин.