Вашата прва прочитана книга

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од RainBow, 5 март 2015.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.020
    Допаѓања:
    66.563
    Пол:
    Женски
    Дали се сеќавате која е првата книга која сте ја прочитале?
    Дали таа е одговорна за понатмошното развивање на љубовта кон читањето? Или можеби обратно?

    Јас не се сеќавам на насловот, ама беше некоја бајка, имаше некои духови кои ги бркаа селаните, па селаните се обидуваа да си ги повратат своите домови. На крајот беше успешна битката. Се сеќавам дека бев воодушевена и се чувствував како да ми се открил еден нов свет. И од тогаш па натаму основното и средното во училишната библиотека ги поминав. :)
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  2. CrazyOne

    CrazyOne Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    2.051
    Допаѓања:
    19.460
    Пол:
    Женски
    Во оссновно и средно читав од што морав да ги читам книгите. Се сеќавам дека ги читав онака без мерак, дури и скокав страници. Не се ни трудев да запомнам што пишува во нив. Редовно ги земав книгите од библиотека, дури и за други земав книги во мое име. Во средно имав другарка со која се комбиниравме една книга таа читаше,јас друга па ги прераскажувавме. И така помина доста време откако завршив средно.

    Пред три години, седејќи на нет, видов дека во Матица беше актуелен јануарско-февруарскиот попуст. Почнав на нет да барам наслови на книги и нивни кратки рецензии. Имав нешто кеш тргнато на страна и следниот ден правец во Матица. Купив две книги тогаш Опасно Блисску од Баркли и Дух од Несбе. Реакцијата на моите дома беше зарем ти книги ќе читаш? што ти текна пак сега? Прво ја прочитав Опасно блиску која ја прочитав за два до три дена. Од тогаш почнав активно да читам и тоа строго трилери. После некое време си реков да дадам шанса на чик литѐратурата и ја земав Чокохоличарка на диета. Ја оставив на пола, не беше тоа што сакам да читам па си се вратив на трилерите.

    Еве веќе три години активно си читам, секоја година се подновувам со неколку книги. До сегa читав книги само на македонски, оваа година си купив и книги на англиски. Сум останувала до сабајле за да ја дочитам книгата, зошто за неколку страници не ми се чекало да дознаам што како. Сега како што имам повеќе време одлична релаксација ми се, плус не ми е залудно поминато времето.
     
  3. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    Зоки Поки- Оливера Николова.

    Јас ги имам прочитано скоро сите книги на Оливера Николова од други причини, ама со оваа книга ја паметам и никогаш нема да ја заборавам.
    Добро оваа е детска литература, од литература за возрасни мислам дека ми беше Белата Долина од Симон Дракул во 4то оделение, надвор од тие нашите зададени лектири.
     
    На Marossa му/ѝ се допаѓа ова.
  4. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Не се сеќавам точно, ама сигурно била некоја детска книга што сме ја читале како лектира.
    Од слободен избор, многу добро се сеќавам дека прва книга што ја читав беше „Како се калеше челикот“. Во домашнава библиотека имавме едно многу убаво издание на книгава, па изразив желба да ја читам и побарав дозвола од татко ми :D Сега ми е смешно кога гледам дека има помалку од 400 страни, зашто тогаш ми се чинеше дека ја читам „Војна и мир“ :lol: Не се сеќавам колку години имав, ама знам дека уште бев основно. И знам дека ми беше многу поинаква од книгите што ги читавме за лектири.
    Од денешна перспектива, можеби не требаше да читам додека бев толку мала, зашто знам дека не ја проценив вистинската вредност на книгава. Ама ете, темава ми беше поттик да ја прочитам уште еднаш :)
     
  5. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    И мене ми е Зоки Поки,ама мислам дека не се бројат лектирите :D
    Првата книга надвор од училиштето ми беше од Горјан Петрески-Исти очи, имав 13 години и ептен ми беше убава,додуша уште ми е прекрасна,знам да си ја препрочитам.
    После следеа книги што ги подаруваа од Наш Свет,како што се „Еј Пиги,се заљубив“,„На седмо небо“ и „Дебела,бисквити и љубовна болка“ :D
    За прва озбилна книга ја сметам Среќен е тој што умее да сака од Херман Хесе.
     
    На Elena69221 и Hipster им се допаѓа ова.
  6. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    Да знаете само колку и во мое време не читаа лектири дури ни во прво оделение, и те како се бројат лектирите, дури и детските Зоки Поки и Касни порасни:D
     
    На Marossa и mackica1 им се допаѓа ова.
  7. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.316
    Допаѓања:
    28.906
    Пол:
    Женски
    Немам поим искрено. Уште од најмала возраст покажував голем интерес за книги, и мислам дека почнав да ги читам лектирите на сестра ми уште од 6 годишна возраст. Најпрва мислам дека ми беше Касни порасни или Зоки Поки, не се сеќавам точно. :D
     
    На mackica1 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. atala

    atala Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    1.164
    Допаѓања:
    940
    Пол:
    Женски
    Мене прва прочитана книга ми беше ,,Зоки Поки,, од Оливера Николова нидејќи таа ни беше првата лектира во прво одделение.:DСе сеќавам убаво на денот кога учителката не одведе во прво одделение сите за да не запише во библиотеката на одделот за деца затоа што како учителка имаше за задача да ја всади во нас уште од прво одделение љубовта кон книгите и кон читањето воопшто и сите моравме да земеме по една книга што библиотекарките ќе ни ја одредат според нашата возраст.:)Мене тогаш ми се падна една со илустрирани како сликовница приказни коишто јас ги имам некои од нив дома купени на српски јазик,а таа што тогаш ми се падна беше на литературен македонски.:)Значи,таа илустрирана сликовница со приказни ми беше првата прочитана книга надвор од лектирите на училиште.:)Подоцна,во второ одделение мајка ми ми зеде една книга исто на детскиот оддел во библиотеката ја имаше на српски јазик од ,,Кадок,, едицијата,,Сарат и Випули,,авторот не го помнам кој беше,мислам дека машко беше иако обично љубовни романи жени пишуваат(добро,не беше книгата само љубовна,иако насловот ги содржи имињата на љубовниот пар во книгата,се работеше исто и за други ликови во книгата и за животот,созревањето и смртта воопшто).Иако мислам дека ја разбрав тогаш книгата,сепак од денешна перспектива знам дека таа не беше за деца за второ одделение,туку за подоцна,за тинејџерската возраст кога децата созреваат и се развиваат во себеспознавањето,ама,сепак,тоа е тоа,од минатото не се бега,не може ништо да се промени.:$И така,јас уште од дете ја стекнав љубовта кон книгата,иако како мала пред да тргнам на училиште ги кинев подоцна го сменив мислењето и станав зависна од книгите и читав буквално и што треба и што не треба!:$;)8)
     
  9. Ketchup

    Ketchup Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.416
    Шеќернa прикaзнa мислaм декa се викaше...Инaче ни еднa oд лектирите штo ни ги зaдaвaa не ми беше интереснa сo исклучoк нa Втoрa сменa :D
     
  10. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.238
    Пол:
    Женски
    Најверојатно Зоки Поки:)
    Ако се бројат и лектирите би ја ставила таа. Ако не се бројат тогаш ќе кажам „Козета„ од Виктор Иго. Се сеќавам дека мајка ми чистеше и планираше да ја фрли книгата. Цела беше пожолтена и имаше искинати корици. И ја дале како пофалба за завршено 4-то одделение со одличен успех.:D
    Почнав да ја читам и ден денес, после 20 години се сеќавам на сликите кои си ги правев во главата кога мајката на Козета ги продаваше своите заби и каде спиеше девојчето. Мислам дека тие слики ќе ги аметам додека сум жива
     
    На LittlePinky, Mishela, crimson и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Cvetetto

    Cvetetto Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    1.891
    Пол:
    Женски
    Зоки Поки :l:
     
    На anina, LittlePinky и tessie им се допаѓа ова.
  12. Adina

    Adina Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    1.048
    Допаѓања:
    8.016
    Пол:
    Женски
    najslatkata-detska-slikovnica-kasni-porasni-01.jpg
     
    На anina, LittlePinky и crimson им се допаѓа ова.
  13. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.839
    Допаѓања:
    4.523
    Пол:
    Машки
    Јас се си мислам дека беше Снежана. Во прво одделение читав по 2 сликовници дневно. После ги читав книгите од Ванчо Николовски, тие ми беа омилени.
     
    На anina и Lella им се допаѓа ова.
  14. Oneo

    Oneo Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2014
    Пораки:
    2.747
    Допаѓања:
    17.557
    Пол:
    Женски
    Не се сеќавам баш добро. Мислам дека први ми беа „Зоки Поки“ и „Касни - Порасни“.
    Кога почнав на училиште мајка ми цело време ми земаше од библиотека книги да читам кои не се на училиште, ама не можам да се сетам на некое име.
     
    На anina му/ѝ се допаѓа ова.
  15. mackica1

    mackica1 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2012
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    1.721
    Пол:
    Женски
    Зоки Поки и Kасни Порасни ги читав уште пред да почнам на училиште, со брат ми сме 3 и пол години разлика па кога ќе му зададеа лектира на училиште заедно ги читавме :lol: прва малку подебелка лектира која ми оставила впечаток е Возот в снег од Ловрак :lol: а прва книга што прв пат сама ја купив е Поле" од Мек-Тагарт.
     
  16. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.995
    Допаѓања:
    51.767
    Пол:
    Женски
    Имав некои бајки дома, веројатно прва била некоја од нив.
    Прва на која се сеќавам, освен лектирите ми беше Дружината Братско стебло :)
     
    На anina му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.316
    Допаѓања:
    28.906
    Пол:
    Женски
    Токму така, сега ме потсетивте.
    Мислам дека пред фамозната Зоки Поки, ја прочитав Мице и Волшебното самарче. Беа споени заедно во една книга.
    Тие се едни од книгите кои засекогаш ќе ги паметам. :inlove:
     
  18. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.784
    Допаѓања:
    81.012
    Пол:
    Женски
    Мене првите книги ми беа сликовници, ги имав меморирано на памет и глумев лудило дека знам да читам. :wasntme:
    Првата прочитана книга со која впрочем и се научив да читам, беше една мала книшка со преубави песни, ама бев толку мала, па ниту се сеќавам како се викаше, ниту пак од кој автор беше.
    Помала беше од стандардниот А5 формат, имаше полутврди виолетови корици и преубави илустрации - девојки со преубави цветни коси по кои ми паѓаа вилиците, коњи и сешто.

    Ми дојде преку глава да ја замарам баба ми да ми чита секој ден - беше ужасно бавна и се плашев дека многу ќе се измори па нема да сака да си игра со мене. :D
    И се научив да читам со една песна која делумно уште ја памтам како во магла, а интересното беше тоа што не можев да ја изговорам буквата „р“, која во песнава ја имаше пречесто.
    „Јоси, јоси, јосица, да ми јасне косица“ беа стиховите на моето детство. :D
    Четиригодишната јас во моментов би ми ги искорнала косиците за муабетов. :rofl:

    Ако на некоја и` текне за која книга станува збор, нека каже. Одамна ја барам, емоционално сум поврзана со неа и се сеќавам на секоја илустрација. :)
     
    На atala, anina, Lella и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.886
    Допаѓања:
    4.892
    Пол:
    Женски
    Јас се научив да читам со сликовниците. Мислам дека првата сликовница што ја прочитав се викаше "Златка и трите мечки". Омилена ми беше тогаш :l:
    Инаку прва прочитана книга ми се чини дека беше Касни Порасни или Зоки Поки некоја од овие две беше,ама не се сеќавам баш добро :)
    После знам дека го читав и Глувчето Мице.
    Инаку ко бев мала си бев мрза така за читање,па поголемите лектири ми ги читаше тато,или евентуално мама ако успеав да ја убедам :angel::angel::$:$:$
    Срам да ми е.:$:$:$:$
     
    На anina му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.316
    Допаѓања:
    28.906
    Пол:
    Женски
    Малку сум офтопик, ама кога сум веќе тука да кажам кои ми беа првите прочитани букви.
    Тоа беа буквите од логичките плочки, беа мали, жолти и на нив беа испишани буквите. Секогаш ќе се сеќавам. Сама сум се научила да читам, покажував голем интерес и постојано ја прашував мајка ми „која е оваа буква, која е оваа буква?“ :D
    Од сликовниците први ми беа Аладин и Убавицата и ѕверот, исто така и Снежана и седумте џуџиња, со нив всушност научив да читам. :)
     
    На atala и anina им се допаѓа ова.