Вашата прва работа

Дискусија во 'Барање работа' започната од danniela5, 23 јули 2011.

  1. danniela5

    danniela5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2011
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Ме интересира искуството околу Вашата прва работа.
    Која беше Вашата прва работа?На колку години започнавте да ја работите ? Дали имавте трема поради тоа? Чувство на страв? Дали мислите дека згрешивте во вашиот избор?

    Исто така Ве молам да ми помогнете да се одлучам. Што е подобро да изберам според вас:
    * да работам во кафич или сендвичара
    * работа во текстилна фабрика
     
  2. loly89

    loly89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2011
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    74
    Според мене подобро е да работиш во кафич или сендвичара тука можиш да запознаеш повеќе луѓе и пак си излезена не си затворена во 4 ѕида, а во текстилна фабрика си затворена во една просторија и дупло е потешко седиш на едно место со наведната глава
     
    На danniela5 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.383
    Мојата прва работа-преведувачка, 16 годишна, во објект со непознати луѓе, мноооогу трема имав, ама другите цело време доаѓаа кај мене и ме прашуваа-што ти треба, како иде работа, да не имаш некој проблем, нема никогаш да го заборавам тој ден, ми беше срам да кажам дека сум гладна, од 1 до 5 не престанав да работам, а многу огладнев. :tmi: Кога ме прашаа дали сум гладна-викам, нее, нема потреба, не сум гладна, фала, до кога можам да работам? :tmi:
     
    На danniela5 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Freak.of.nature

    Freak.of.nature Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2011
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    30
    според мене би било подобро во кафич да работиш,макар што и таму е мн напорно јас иам искуство ,ама тоа е подобро зошто у фабрика мора на едно место да седиш аи досадно е тоа и по тешко ^_^
     
    На danniela5 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.349
    Допаѓања:
    22.232
    Пол:
    Женски
    Мојата прва работа беше ланското лето, на мои 19 години. Само што ми завршија испитите, од 15ти јуни веднаш почнав да работам како продавачка во салон за мебел кај мои роднини. Работев 2 месеци, можев и повеќе но доста ми беше. Платата ми беше 7000 ден. месечно, имав телефон, интернет, во канцеларија цело време и супер ми беше. Се жалев лани дека ми е тешко да станувам сабајле во 9 часот за првата смена - будала! Добро ми дојдоа паричките, не беа многу, но си имав за џепарлак.
     
    На danniela5 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.985
    Мојата прва работа беше на мои 14 години, кога завршив 8мо одд. и летото не ми се седеше на одмор цело време и си викам ај да пробам да работам ( за Грција зборувам затоа што таму живеам веќе мноогу години) и така си пробав 3 месеца супер ми дојде, си земав парички, лично мои и бев пресреќна, се сеќавам работев попладне само од 18-23 часот, во бутик за купачи и летна гардероба и некаде околу 20 евра ми беше дневницата и бев презадоволна и така почнав секое лето да работам се повеќе и повеќе додека не ме унапредија 8) и сега веќе сум женета и редно е да одморам малце , после толку години вредно работење :tmi:
     
    На danniela5 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. roberta-rubi

    roberta-rubi Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2010
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    64
    се уште ја работам мојата прва работа,и уште неколку дена и ке ставам крај,па да почнам да ја работам мојата втора работа :rofl: , :!: здравје боже,ако успеам да се вработам на друго место.
    инаку да кажам после завршувашето во средно немав можности да се запишам на факс,па си реков ке поработам за да можам да се финансирам сама на факултет или ке го земaм вонредно и факсoт заедно,само да ми се погоди работат и :!: платата!
    и бидејки неможев да најдам на друго место работа и бидејки знам дека во конфекциите секогаш примаат работници се вработив таму,немав појма за шиење и никогаш до тогаш немав видено машина во живо како изгледа освен на тв и на слики но таму се научив и ми беше платено,но предност имав со тоа што многу сакав да шијам,и сум креативна и во главата ми се вртат многу креативни идеи, а бидејки немав дома машина ова ми беше, можам да кажам, шанса за да научам.
    па би сакала сега да успаем да си купам машина за шиење и да си ја покажам креативноста ;)

    пред се, сакам да кажам дека е мачно и не ти препорачувам да одиш таму да работиш ако сакаш да заработиш добри пари ,бидејки од оваа работа пари како почетник нема шанси да извадиш поголема плата како што можиш на друго место.ние работиме на норма,како и повекето конфекции и мачно барем мене ми беше во почетокот дур се научам на таков режим на работа.
    да стекнам наеднаш нови навики ми беше тешко,секој ден да станувам во 5 и пол,бидејки патувам и да се вракам во 4 часот дома,па за јадење на пауза која е во 11 часот (работиме една смена)па се навикнав и рано да појадувам,неможев да издржам до паузата гладна морав на утро да јадам еднаш и после на пауза па дури дома да си дојдам 4 и нешто, и да ти кажам за плата дека воопшто не е платени јас земам по 100 евра но не ја правам нормата тешко ми е,а ако ја правам демек повеке ке земам но не успевам бидејки почетник сум,ако веке неколку месеци работам.
    сега летово сме преку времено и жешко не се издржува па се надевам дека ке ми ја покачат платата со тоа што работиме повеке.
    мој совет е ако можиш на друго место да најдиш работа слободно но ако сакаш да научиш занает и ако те занима шиењето слободно барем дури да научиш да шијаш и после :!: бегај што подалеку :lol: поздрав и секое добро!
     
    На danniela5 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    прва работа-ако се рачуна како работа дистрибутер во Орифлејм на 19години, а пред месец и нешто прва официјано работа како оператор во МК брендови :)

    и :!: подобро ти е во кафич или сендвичара, отколку во фабрика
    (се експлоатирани работниците за мали пари)
     
    На danniela5 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.040
    Допаѓања:
    66.624
    Пол:
    Женски
    Мојата прва работа :) Спомени, спомени...
    Искуство со работа имам од 14 години, а првата вистинска работа ми беше на 17 и можам да кажам дека ме промени. Видов што е навистина реалниот живот и како се заработува лебот. Почнав да размислувам на друг начин, можам да кажам и позрело. Траеше долго, ама на крајот кога веќе не се издржуваше решив да дадам отказ. Потоа се изнаредија и други работи, ама маките од првата се памтат секогаш :)
    А и јас мислам дека е подобро во кафич, можеш и бакшиш да фатиш. запознаваш луѓе, поинтересно е :)
     
    На danniela5 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.053
    Допаѓања:
    137.017
    Уште од мала подработував - давав часови по математика во маало кога бев на крај на основно.
    Со ова продолжив до крај на факултет, а исто за време на факултет работев на писмени преводи.

    Сепак првата официјална работа ми беше кога имав 20 години. Ја најдов под притисок од дома заради лошата финансика состојба на моите. Не дека моите ме тераа да барам работа, туку кога знаев дека можам да помогнам - не можев да седам со скрстени раце.

    Првата работа ја напуштив за помалку од 2 недели, бидејќи не ми кажуваа колку ќе ми биде плата, а кога ми кажаа веќе си имав најдено подобра :D

    После еден месец веќе најдов паралелно и втора работа, и буквално работев од 8 сабајле до 10 вечер, една па друга работа. И мене работата ме промени многу - некако наеднаш пораснав, морав да станам многу одговорна и добро организирана бидејќи имав факултет и две работни места.

    Често знаеше да ми падне криво што некако си го скратив безгрижниот период во животот што не се враќа назад, ама уште почесто ми беше криво и што не сум почнала уште порано, во средно.
     
    На danniela5, sweetheart10 и ForeverYoung им се допаѓа ова.
  11. danniela5

    danniela5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2011
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Фала ви на сите, срциња сте :*
     
  12. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.646
    Допаѓања:
    4.517
    Пол:
    Женски
    Мојата прва работа ја работам сега.Работам во кафич солидна е дневницата,сама сум на смена и јас служам и спремам кафиња и се.Не можам да кажам дека ми е лесно цел ден ми оди работам од 16.30 до 01.00 навечер,нон стоп сум на нозе, и плус со секаков народ си имаш работа. Баш пред некој ден еден виде кај ги чуваме парите од прометот,па ги тргнав на друго место и еве ти го другиод ден пак дојде ама не виде од кај ги извадив парите.Понекогаш е лошо пример ми фалеа околу 100 ден од промет па си го дадов цел бакшиш дента што го заработив.Мачно е не викам дека е лесно. Јас морам да работам малце да помогнам дома на мајками бидејчи имаме многу долгови што останаа по смртта на татко ми плус двајца студенти сме дома и не стигнува.Овој месец ќе работам секој ден па од септември само за викенди ќе држам по една смена колку за џепарлак да имам.

    Мој совет подобро пробај во сендвичара.
     
    На danniela5 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. danniela5

    danniela5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2011
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Ех, да во сендвичара пробав вчера. Супер ми беше, немаше многу гости. Платата ми е катастрофална ( 7000 ден), ама за еден месец ќе издржам за да им помогнам на моите( немаат долгови, но сепак добро ќе им дојде, ќе требаат пари за на школо, храна, облека...). Инаку во кафич и дома не се сложија ( сепка имам 16 год, макар и на моја возраст одат да работат в кафич), има многу манијаци, не знаеш на што ќе налеташ, плус има и повеќе гужва.

    П. С. Фала многу за советот :*
     
  14. slobodka

    slobodka Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.115
    Допаѓања:
    2.706
    Пол:
    Женски
    Мојата прва работа.....колку ли беше оддамна скоро и да заборавив.Само што завршив средно школо и се тупнав во една агенција за недвижности.Тогаш бараа луѓе што знаат активно Англиски јазик заради напливот на странци во Скопје.Траеше дури 4 работни дена заради тоа што газдата се измангуписа со мене па процентот што требаше да го земам јас им го даде на другата смена.Цела работа јас ја сработив и кога гледам другиот ден парите отишле кај колешките.Не стапнав повеќе таму иако ми се јавуваше неколку пати да се вратам.Во секој случај искуство повеќе за понатамошните запослувања ( дека нема доверба во никој)
     
  15. mila-sk

    mila-sk Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    лошо искуство , после дипломирање..ама подобро никогаш да не работев таму кај што работев, мобинг , мобинг, мобинг катастрофа невидена . ама човек трба да биде упорен и да бара подобро а не да кути и да трпи тоа е мојата порака до сите
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  16. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    За мојата прва работа е рано се уште, ама тебе ти предлагам да работиш во сендвичара или кафич. Не дека е лесно или не знам што (веројатно не е лесно), ама сигурно во фабрика е потешко. Имаш 16 години и работата во фабрика не е за толку млада девојка.
     
    На danniela5 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.701
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    Имам 18 години, значи од септември ќе бидам 4та година. И си реков ај дур сум средно, да си земам некој денар колку за мене. И си работам во меѓународни разговори :)
     
  18. Anja.F

    Anja.F Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    13
    мојата прва работа беше на шанк на плажа и ми беше супер искуство , иако беше сезонска работа :) а јас имав едвај 17 години :) научив многу ....во однос на дисциплина , одговорност итн итн .
    Од тогаш до сега ( веќе 5 години се поминати ) имам доста рботно искуство , можеби не класично но сепак работа на мал милион проекти од по 4-6 месеци и секоја работа ја доживувам и сакам на посебен начин
     
  19. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Моето беше на раб на катастрофа!
    Секојдневно рмбање од17 до даље ,дневница 150 денари ,ваму морав да се грижам за компјутерите ,да варам каде ,да спремам сендвичи ,тостови ,да чистам ,да метам ,да мијам ,да рибам килими и тој газдата дури и ми се расцрека оти ве-цето не сум го чистела!
    Поодив месец и нешто и ја здувнав!
    Сама бев на смена ,ама другоит колега цело време сакаше само тој да биде прва ,а јас втора смена ,никаде не бев излезена ,само спиев и на работа ,газдата - мрчатор невиден ,се му сметаше ,ми се јавуваше наутро во 5 за да ме праша дали јас сум ги зела неј=којси чаши ,не знам што...

    Хорори!


    А башка тоа ,во таа маалска компјутерница одеа само машки ,мажи и две фуфици. :puke:
     
  20. anonimen123

    anonimen123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    2
    хах мојата прва работа, 1 месец пред да завршам 8мо бев на натпревар по веб дизајн. Мојот проект го изработив со многу труд иако за мене никој не знаеше дека програмирањето го учам сам дома без помош од страна. Тогаш не разликував програмерски од дизајнерски дел на веб страна и мојот проект беше прогласен за 2ро место поради тоа што од темата бев излезен а програмерскиот дел ми бил професионален со најдови стандарди што било надпросечно за мојата воздраст :P Одма од другиот ден ми дојде идеа да почнам да го работам тоа :D Прва изработка ми беше веб на една хостинг компанија од која си зедов убај парички (200 евра) и мн ја засакав работата .. :D Сеуште си ја работам таа работа, така што програмирам само кога ќе снемам пари и ми оди супер :D :D :D
    Поздрав :D
     
    На danniela5 и MarchelineAmaru им се допаѓа ова.