Мојата прва работа... беше тоа во далечната 2006. Работав во хотел во Виена, и стекнав едно убаво искуство што многу ќе ми помогне за понатака во животот. Завршив тогаш за рецепционер средно, и директно стекнав некакво искуство уште од средно на тоа поле. Комуникација со луѓе од целиот свет, чисто, средено, хотелот беше со 5 ѕвезди, и како за чудо не чувствував никаква трема нити страв уште првиот ден. Целосно се вклопив во улогата, и сериозно ја сфатив работата. Мачно беше станувањето секој ден во 5 сабајле, ама се исплати. Следната работа беше исто во хотел, ама беше доста исцрпувачка, и психички и физички, се имам изјаснато дека не би ја работела пак. (вторава) Човек станува позрел и посовесен кога имал искуство со каква било работа во животот. После ова работно искуство, знаев дека треба да се запишам на јазици, и тоа и го направив тогаш.
Јас имам 16 години и многу сум размислувала за работа.Од проста причина што ми требаат пари.Се си мислам во лето ќе работам но до тогаш сакам да најдам нешто за викендите.Немора секој викенд.Било што.Да работам во играотека,да мијам чаши од ресторани од свадби нешто така за дневница.Кафич не доаѓа во предвид.Да мијам чаши можеби ама не и келнерка да бидам.Сепак незнам кој ќе ми налета.Сакам колку толку сигурно место.Ама се е со врски во нашава земја па дури и за чистачка.Што ми препорачувате? Ако има некој,некој познат што бара некаков работник за преку викенд(не секој) за дневница,нека ми прати ЛП. Пекара или редење роба во магацин или штознам што..Ако има некој нека ми пише.Благодарам!
Мината година беше моето прво работно искуство. Бев на промоција на производи на здрава храна. Искуството беше супер, имаше заинтересирани луѓе нонстоп на кои требаше да им се објаснуваат истите работи. Само после за две дневници кои чинеа 2000 ден чекав 6 месеци