Внимавај со Eveline 8во1, особено после отстранување на гел. Не се препорачува користење после отстранувањен гел, т.е на оштетени нокти. Може повеќе штета да ти направи. Ако те пече или боли на ноктите немој да го користиш.
Не го знаев ова. Козметичарките сите ми го кажуваат. Ме терале да ги одмарам ноктите и да ги лакирам со него за да ми се обноват. Треба изгледа да истражам повеќе.
Јас го користев веднаш после гел и многу ми помогна го користев само 14 дена, немав печење некои линии на ноктите се уште ми останаа но битно ми се цврсти и не се лесно кршливи.
Ги средувам во домашни услови. Најчесто ги носам кратки, за разлика од порано. Ги кратам еднаш или двапати неделно, брзо ми растат. Потоа ги средувам со турпија, па нанесувам безбоен лак. Понекогаш лакот е црн, црвен или некоја неутрална боја.
Се надевам дека сум на соодветна тема. Вака.. Учев средно медицинско, и ми беше забрането да растам, и лакирам нокти, поради што ноктите ми беа многу цврсти и здрави. Но, откако почнав на факултет, пред две години, забележав дека ноктите почнаа да ми се лупат. Не ми се кршливи, ама ако ги пуштам подолги, тоа делче од ноктот, кое расте над прстот ( не знам како да објаснам подобро), буквално се лупи, како да се раслојува, значи не ми се крши, ми останува делчето, ама за еден слој потенко. Навистина, откако почнав да студирам, почесто се лакирам отколку во средно, ама ништо претерано, еве веќе некое време избегнувам и не сум се лакирала. Дали е можно да е последица од стрес, и дали има некое чаре? Зајакнувач на нокти можеби, или некој витамин?
Што се имам пробано и пак се листаат. Зајакнувачи, масла, растење со лак, без лак и пак ништо. Најлошото е што мора да се излупат еден слој или два за да почнат да растат. Сестра ми од друга страна користеше чичково масло и неа и помогна, со редовна употреба и сечење на излупениот дел постепено дури не постане ноктот здрав, па потоа растење. Кај мене ништо нема ефект.
Hello, под прстот на ногата ми се појави како меурче полно со крв, но крвта е со темна, многу темна боја Искуства?
Мојот проблем/прашање е следеќо: не знам зашо ама периодов кутикулите и општо кожата околу ноктите ми се КРШ.Нонстоп мијам раце, ама цел ден фаќам нешто, и само навечер успевам да ставам крема за раце, некогаш и заборавам...Дебил сум знам.Е ме нервира што сум рани, пошто и се јадам, а и почнав и заноктиците да ги корнам.А девојка сум, срамота е да шетам вака ко дете некое изедено. Имам онакво секач за кутикули, ги средувам два пати неделно пошто брзо ми растат, ама џабе, еве завчера ги корнев, сеа пак имам такви од оние незгоднине, шо ако ги повлечеш те боли до петици? Нерв ли е шо ли е, не знам.Дај кажете чаре, ми текна да ги квасам у топла вода, ама после шо? со турпија да е фатам или пилинг некој опасен да направам, и после со маслиново да ги намачкам па да копам.Ама пак ќе ми се направат... еве слика ај помош не го гледајте левиот показалец... ХАХАХАХА ќе игра после ноктарицата, затоа и прашувам. Бар се` комплет да средам
Тоа е проблемот.. нонстоп сум со пенкало во рака или куцам на лаптоп, лом ќе направам.. А имам невен маст шо треба да се потроши, во таа можам да ги удавам. Едино баш баш горе да ставам внимателно со стапче за уши.Ќе ме фрлат со се маслиново ако залепам нешто. А многу ми смета и ружно е.
Претури си во празно шишенце од капки за нос на пример, или во празно, исчистено од сјај за усни/коректор, такво нешто. По една капка ти треба на секој прст. Ќе го размачкаш и ќе се впие, нема да оставаш траги. Значи втриј го убаво во кутикулите и ноктите. Го правам ова често и веднаш има видлива разлика.
Тоа со пипета ти е супер опција. По една капка буквално, немој да ги удавиш во масло Редовно мачкај, па кажи дали има подобрување
Постојано што ми се со лак ноктите, ми стануваат како жолти. Со што може да си ја добијат природната боја? Знам дека треба да не ги лакирам ама не можам така ич да одам. Не ги лакирав додека бев бремена и стварно ми беа ептен убави, бели. Ама сега не можам без лак. Имате некој совет?
Исто и мене ми останува пигмент кога користам појаки бои како бордо, виолетово... Другарка ми кажа да земам подлога за лак од Голден Роуз и да ставам пред било кој друг лак во боја, таа била задоволна, исто така пред некој ден го купив и ова: Прво еден слој со ова, па лак во боја над него. Се надевам ќе има ефект, можеш да го најдеш во dm.
Ти благодарам, баш ќе пробам, да од потемни нијанси уште повеќе менува боја, баш сега од оваа причина посегнав по нуд нијанса.
Како да си ги зацврстам моите нокти?Многу се меки и кршливи,плочката ми е за нигде,како изгризани се,ко од гума и бавно растат,зашто ги правев доста често.Претпоставувам од геловите ми се,од печењето...Што да побарам од аптека за да се поттикне растот и и тие да зацврстат?