Порано имав многу кршливи нокти, но почнав да користам гел кој го поттикнува растот од Авон и многу ми помогна Ги обозавам и турпиите за сјај, баш пред една недела си купив една од Џамбо (60 денари) и си ги исполирав. Секогаш имам лак на ноктите, а и сум експерт за правење шари (умре циганката што ме фали) , а и искрено средените нокти многу кажуваат за личноста. Еве сега ќе закачам некои дизајни што ми се допаѓаат
Нокти Хипи , мене искрено да ти кажаам таа со долгите нокти на вештерка ми личи . Па да ми се појави навечер мислам дека на место ќе умрам . Инаку никогаш не сум ставала црвен лак ама интересно ми се виде . Имав црвен до денес а преска си земав аура како бордо е и баш си ги сакам сега ноктите . Мали ми се за шари . За некој ден и тоа ќе биде
Ноктите се последните делови на телото кои се снабдуваат со крв и хранливи материи. Одредените променливи појави на површината на ноктите сигнализираат количество на витамини, минерали или некакви промени на телото. Затоа како се грижите за вашите нокти и вашето здравје е многу важна работа. Нашите нокти се безбојни и транспарентни. Здравите нокти појавуваат розова нијанса поради изобилството на крвни садови под кожата. Ткивата на ноктите се наречени база на бела боја со месечина на врвот на базата. Над ова доаѓа подлогата на ноктот, каде ноктот се прицврстува за телото. Кутикулите растат над подлогата на ноктот и формираат непропустлива кожа, која ја заштитува основата на ноктот од инфекции, страни тела и надворешни влијанија. Вимавајте, при маникир или педикир се отстрануваат кутикулите – можноста да дојде до некоја инфекција е голема. Во принцип козметичарите не котистат хемиски зацврстувачи или кондиционери за нокти како дел од своите техники. Овие продукти не го забрзуваат нивното растење ниту пак ја зголемуваат нивната цврстина. Тие содржат чисто полирање кое мора да биде отстрането со штетен растворувач. Растворувачите пак, ја одземаат природната влажност на ноктот, со што доаѓа и до оштетување на кератините и протеините на ноктите кои предизвикуваат лупење и кршливост. Природните третмани вклучуваат употреба на алое вера за лековити цели во комбинација со масла од јаглика, камелија или бадем кој овозможува омекнување. Овошни киселини се додаваат за омекнување на ктикулите, за да можат полесно да се отстранат. Вие можете да правите сами третмани на вашите нокти масирајќи ги со масла од шипинки. Ова масло содржи состојки кои ги зацврстуваат ноктите и го стимулираат нивното растење. Масните киселини пак, ја потпомагаат влажноста на ноктите, а витаминот Ц помага во заштитата од бактерии. За да ги заштитите ноктите, додолку миете садови или имате контакт со некакви средства користете водоотпорни ракавици. Водата ги набабрува и собира со што се предизвикува нивни сушење. Како резултат на ова добивате кршливи нокти.
Нокти и јас имам многу кршливи нокти и споро ми растат многу работи сум пробала ама џабе...Единствено што ми помогна беше тоа што секој ден јадев тон овошје и зеленчук едно 3 дена ама после ми здосади и не ми се јадеше аххахахахаха сега ми се слаби и кршливи ама не дотолку како порано
Нокти Јас не преферирам француски маникир ,едноставно станува кич ....Редовно одам и си ги средувам ноктите и преферирам акрил повеќе отколку гел, а кога им правам регенерација на ноктите за повторно да ги средам ,во тој период ги премачкувам со масло за нокти од праска за да ми се зацврстат....
Нокти Навистина многу се трудам околу моите нокти имам милијарда сетови за ноктите им обрнувам доста внимание, но попусто. На почетокот се цврсти но по извесно време почнуваат да се лупат. Секогаш ја одржувам истата големина, од време на време ги кратам и обликувам, фала богу доста витрамини внесувам во организмот и здраво се хранам. Купив од Орфлејм едно за потхранување демек, но не го бива Им се радувам на ноктите како мало детенце секогаш различно си ги шарам ама кога ќе ги видам расцветани ми се темни. Не ми се кршат туку ми се лупат, зошто? Што да направам да го спречам ова?
Нокти Јас секогаш ги лакирам ноктиве, пошто ако не се налакирани завршуваат во мојата уста хахахаха. Не ми се долги, не ми растат многу поради тоа што ги грицкам понекогаш, ама се доволни за должината на прстите мои, да не ми изгледаат ко поткастрени. Од лакови користам Севнтин или Есенс. Ги имам скоро сите бои, а најмногу нијасни имам од розевите. Други средтсва не користам, а често ставам и надградба со акрил. Eве нешто што било на мене
Нокти Најчесто ноктите ми се лакирани со црн лак, и го оставам да се излупи до крај А некогаш во денот 2пати ги средувам ноктите. Зависи.
Нокти Си ги обожавам ноктите и внимавам секогаш да ми бидат средени, баш вчера бев на маникир и ептен ми ги погодиа со шарата, обично сама си ги средувам или френч или пак некои појаки боички сакам ноктите ми се цврсти и ретко м исе кршат пу пу да не се урочам само
Нокти Фрутини какви преубави нокти си постирала, одлично! Баш по мој вкус, и ме инспирираше да барам лак со зелени нијанси Најубави се пократки и средени нокти, барем мене ми стојат само такви, нит прстина ќебапчиња нит ништо Се ежам од оние гел предолги нокти па џиги миги, па со триста тракатанци, за мене таквите не се. А и мислам дека некои цури претеруваат со нив, дефинитивно не му стојат на секој. Пред некоја вечер видов девојка со шпицасти премногу долги нокти, си викам. Нит е убаво нит практично. Жими све добив желба да ја прашам како си го брише задникот
Нокти Како предпоследнава нијанса на Фрутини имам лакче на Аура, буквално иста. Така да, има заменa. А околу ноктите, исто и јас не сакам предолги и наџиџани нокти, мене ми делува грозно, па уште шпиц напред, како на Ријана. Ми се лоши. Туку одвај чекам сега за месец дена надградба да си ставам, не долга, ама меракот го имам и ќе си ја исполнам желбата. После има секој ден да се лакирам (не дека сега не се лакирам).
Нокти Нокти, нокти, нокти. Еве интересна статија за ноктите преземена од еден наш дневник Ноктите ве откриваат Според сметаат дека женската рака, а особено ноктите можат да кажат многу работи за каратерот на жената, за нејзините очекувања, желби, страсти... * Кратките нокти укажуваат на смиреност Жените со кратки и средени нокти водат грижа за својот изглед. Секогаш се уредни. Најчесто имаат смирен карактер, никогаш не избувнуваат пред да размислат, осветени се на работите кои ги сакаат и работат. Некогаш се повлекуваат во себе, може да им се случи да не сакаат да се дружат ниту пак да комуницираат со своите пријатели и најблиските. Кон парнерот се отворени и искрени и истото го бараат и од него. * Нервозните жени имаат изгрицкани нокти Изгрицканите нокти не се естетски. Кратките и изгрицкани нокти се знак на нервоза. Жените со вакви нокти лесно избувнуваат, помалку се самоуверени, не сигурни во одлуките, другите им се виновни за се, плажат без причина. Викам јас, кратки нокти се најубави, ем ќе си бидете смирени
Нокти Еве најдов ДОЛГИ НОКТИ Жените со долги нокти се дами во вистинската смисла на зборот. Меѓутоа, должината зависи од нивниот стил. Предолгите нокти се знак на екстремности во секое поле од животот, додека пак умерено долгите нокти се знак дека жената е смирена и дека води грижа за тоа како изгледа и се однесува пред останатите. Сензуални се, сакаат предизвици и возбудувања, и често не можат да им одолеат на искушенијата. Не го сакаат спортот и најдобрата забава за нив е шопингот, кафето со пријателките проследено со некој најнов трач или пак вечера во некој елитен ресторан. ВЕШТАЧКИ НОКТИ Жените со вештачки нокти се често површни, сакаат да бидат некоја сосема друга жена и не се познаваат самите себеси. Никогаш не остануваат само на вештачки нокти, туку продолжуваат и со пластични операции. Сепак, и покрај таквите потфати на кои се сложуваат, тие се добри пријателки, секогаш се ведри и расположени. Кога станува збор за какви се во љубовта, тоа прашање е малку деликатно. Често се љубоморни и многу посесивни и се лутат ако не е по нивно.
Нокти Мајка ми ми купила таблети пивски квасец , и пишуваше добри се за ноктите , се надевам дека нема да ме здебелат
Нокти Еве па денес на што налетав Жените со долги нокти имаат 50 отсто поголеми шанси да се инфицираат со бактерии, покажуваат најновите истражувања. Колку што е подолг ноктот, толку повеќе се невидливи нечистотии кои се собираат под него, влегуваат во организмот и предизвикуваат сериозни заболувања. Стручњаците апелираат особено на опасноста од акрилните и од другите вештачки нокти кои треба да се избегнуваат. За да се спречат инфекциите, покрај скратувањето на ноктите, неопходно е да се внимава и на нивната хигиена. За дезинфекција редовно треба да се користи гел за раце на база на алкохол, особено кога е оневозможено миење на рацете со сапун и со вода. Долгите нокти се атрактивни, но жените треба да го стават здравјето пред убавината.
Нокти Моите нокти се историја. Мали се многу а кога сакам да ги порастам се кршат, кинат, виткаат.. Ма свашта. А потоа слушнав за Диклава
Нокти Да ги известам сите феминки дека во голден роуз го има лакот за нокти што пука 130 ден е и имаат 8 нијанси од истиот. А воедно и да прашам дали некој знае кај нас да се продаваат од оние фолиите за нокти?
ме интересира бидејќи имам широки нокти како можам да ги турпирам и со каква турпија и најубаво да не се оштетуваат.... и како најдобро за да има резултати ако знаете и некои видеа ќе ви бидам многу благодарна