Моите нокти порано беа многу кршливи, не растеа, се кинеа. Ама најде си моја техника и сега ми се супер Вака: после бањање ми се обавезно меки и лесно може да се скршат...прво си ги исушам раците, исчистам си ги кутикулите, кожичките,таму кај што треба да се замазне со турпија чак чак среде се одма одма ставам од P2 хелпер, (незнам дали го има во МК ама многу помага, како лак безбоен е), после откако се исуше си ставам P2 8in1 Multi talent , и после се шарам правам си експерименти, знаесувам се дека сум професионалец А некогаш се озбилам па си ставам и гел ама мрзе ме тоа чудо ногу се чека П.С ама стварно многу ми помогнаа да не ми се ноктите кршливи, еве ги трите чуда за мојте нокти
Вашите нокти За лакот што распукува прашав во Еликсир (бидејќи има таков лак на Ессенсе) и ми рекоа дека производителот не планирал тој производ да го пушти на нашиот пазар Истражував и на интернет, видов дека и макс фактор имаат таков лак, прашав во Космо, ми рекоа дека го немаат, и дека веќе не се произведувал. Па се откажав од намерата, ќе барам во Солун. Ако некој во меѓувреме дознае дека има случајно негде таков лак одма нека кажува
Вашите нокти Мене пак во Еликсир ми рекоа дека можно е да го има во наредната пратка на производи за околу недела дена
Вашите нокти Јас во другата тема за нокти пишав дека лакот веќе 2 недели го има кај нас, на голден роуз е производ чини 130-160 денари зависи дали ќе го купите во продавничето на голден роуз или на пазар(во првово е 130 ) Има 8 нијанси , и е супер што да ви кажам повеќе јас си го користам, одлично распукува!
Вашите нокти ке можи некој да стави некаква слика од тој лак што се распукува да имам претстава за што се работи???
грицкалка--->турпија---->Аура од белиот за зацврствање*2 слоја---> лак во боја или шарање со некој од овие кои ги имам
Купив Дикла крем и да чукнам на дрво ми се зацврстија. Конечно пораснаа без лупење и кршење на половина...
Еднаш месечно на маникир, а во периодот помеѓу, со hemel neels многу добра крема. И секогаш ноктите ми изгледаат перфект. Инаку пред да почнам да одам на маникир, ноктите ми беа кршливи, се лупеа и кутикулите ми беа ужас. Почнав да ја користам кремата и ми станаа сјајни и цврсти. После одлучив дека со маникир, дефинитивно нема да се замарам со ноктите
Прв пат ставив надградба на нокти со гел метода (тогаш бев невеста- оправдано е) Предноста на овие нокти е што истите немаат никаков допир со коренот на природниот нокт и овозможуваат негов правилен и здрав раст. Потоа ноктите ми пораснаа и сега веќе ги правам моите нокти. Значи третманот вклучува вадење на кутикулите, полирање и на крај тоа завршното - цртање или било што. Самиот гел претставува заштита на ноктот,тој не непукува, не се лупи а и кутикулите помалку растат.
Двапати месечно на маникир и раат сум. Не знам ни што е тоа потхранувач на нокти, ни пилнзи ни чуда. Ма раат. И секогаш средена. Претежно сум со френч, црвен бордо лак или пак некоја нежна седефаста нијанса. Не премногу долги. И да секогаш со Alessandro производите кои се незаменливи во негата на раце. Кремите се феноменални, лакот за зацврстување за кој другарка ми вели дека треба да му се изгради споменик зашто нејзините нокти од ливчиња и ги направи цврсти и убави, а пилингот за раце па да не кажувам. малку се поскапи ама вреди секој денар. Кој може да си дозволи топло препорачувам.
Од каде го имаш ова и ако не е тајна колку пари е ...некакако ми станаа презаситени ноктите од Аура па сакам да сменам ...
мене со оваа колекција ме прават на маникир. Инаку ги имам видено во Венеција во Буњаковец. Треба да ги има во подобрите парфимерии и ако не се лажам накај 500 денари е.
Кратење на ноктите, турпирање, лакирање. И секогаш ми се средени и лакирани, никогаш не ми се пола излупени па оној имам лак на оној немам. Мразам не уредни нокти, премногу долги или пак изгрицкани до живец