Вашите нокти Од лаковите ти пожолтуваат. Најди некоја постара четка за заби што не ја користиш и исчеткај ги со паста за заби
Вашите нокти Или на четката стави една лажичка сода бикарбона и исчеткај ги , ќе видиш како ќе побелат
Вашите нокти Чудно, мене секогаш ми успева. Епа ете пробај и со сода бикарбона како што ти пиша Каllias.
Порано ги чував многу долги и се нервирав страшно кога ќе ми се скршеше некој.Ама кога се вработив.не дека некој нешто ми рече,ама мислам дека е невкусно да штракаш на комјутер со канџи ,па така си ги скратив,веќе 2 години така си ги носам.Не ми скрос скратени,до месо што се вика,малку подолги.Но,ми се допаѓа вака,незнам како сум можела да ги пуштам толку долги Нонстоп си ги лакирам бордо,циклама,француски...Ги негувам со крема за раце и секогаш со мене си носам,во ташна,во фиока во биро на работа,после секое миење шубе ми е ако не се намачкам.Си ги турпијам, на 2,3 дена ги лакирам и тоа е
Ги чувам долги, но не премногу затоа што изгледа невкусно и нападно, а и ми сметаат кога ми се предолги. Инаку немам некој голем проблем со кршењето на ноктите (за среќа! ) и растат релативно брзо. Секогаш настојувам да ми се средени и налакирани. Никогаш не оставам излупен лак, незнам дали постои нешто погадно и понеуредно од тоа. Турпија користам обавезно. А за боите на лаковите-ги користам скоро сите, најмногу црвен, црн, бел, некои нијанси на розево, а и френч си правам често. Значи посветувам големо внимание на ноктите и трошам доста време за средување. Си ги сакам.
Па мене никогаш не ми биле жолти или пожолтени, секогаш имаат нијанса на светло розево кога не ми се налакирани, да не се подречам. Ги кратам со ноктарче/ноктарица ако ми се ептен пораснати па после ги досредувам со турпија, или ако ми се пократи си ја правам формата со турпија. Ги бришам со ацетон и памук и секогаш пред да се лакирам мора на чист нокт да ставам нова боја од лакот, не можам на веќе изгребана основа да ставам друг. Ги мачкам од време на време со витамински лакови, а еднаш на две недели ги оставам да одморат без лак, ама признавам, ако немам лак на мене чудно се осеќам, скоро секогаш сум налакирана, макар и со безбоен. Пре да ме видиш без прстен на рака него без налакирани нокти. И сега да ве прашам (турпијата ми се иступи, не е како што треба) па кај да купам нова ама квалитетна зошто сите турпии не турпаат исто. Од ваше искуство, која е најквалитетна, кај ги купувате и по што ги препознавате дека се квалитетни(последниве што ги имав, оваа и таа претходната ми беа поклонети), од турпиите на орифлејм и авон ич не су задоволна, и од Скопје тие што се можат да кажат на кое место да барам.
За убави турпии јас најтопло ти ги препорачувам оние на Titana Germany. 100 денари коштаат али преубаво турпијаат и траат негде 4-5 месеци (со еднаш неделно минимум користење). А иначе за препознавање секогаш да гледаш негде на паковањето да пишува 180/220. Тоа ја покажува грубоста на турпијата, и значи дека од едната страна е погруба а од другата помека. Секогаш такви да купуваш. Со едната страна ги кратиш ноктите и даваш форма, а со другата само досредуваш. Иначе може да се најдат во Веро и во Cosmo.
Имало периоди кога ноктите ми се никакви, ми се делат на слоеви и ми се како ливчиња, не можам ни да ги пораснам ни ништо; а има и периоди кога ми се убави и цврсти и можам убаво да ги обликувам. Од исхараната зависи многу. Ноктите никогаш не ги растам многу затоа што имам мали дланки и долги нокти ич не ми стојат, башка што тесна плочка имам, смешна сум со долги нокти, како вештерче некое Редовно си ги сечам со ноктарче, така грубо ги кратам, а потоа со турпија си ги досредувам, прво со грубата страна на турпијата, после со понежната, да не драпам како мачкетина некоја. Бидејќи Лукс прашуваше за турпија, еве јас оваа ја користам на Солинген, германско производство, ја имам повеќе од една година и абер нема да отупи. Преубава ми е. Спојлер Не можев посаглам слика да најдам. Претежно ми се налакирани, а ако ми се изгребат и случајно немам време да ги прелакирам, ги бришам скроз. Крем некој за нокти специјален не користам, но кога ги мачкам рацете со крем (го користам оној во Кам маркет што го има) добро го втријувам и во ноктите. Кога се работи за ацетон... не гледам некоја посебна фирма стално да купувам. Купувам она што ќе ми се најде во моментот при рака.
Секогаш гледам да ми бидат средени ноктите,и секогаш ги средувам,со се и свашта Прво,го вадам стариот лак,потоа ги стругам со турпија,ги чистам,па ставам крема за нега на нокти. После тоа лакови за зацврстување,за против кршење/лупење - такви разни препарати. И доколку е потребно ги избелувам со паста за заби,и мешавина со лимон,и конечно доаѓа ред на нов лак Малце подолго трае,ама уживам во средување на нокти И ова го повторувам секој пат кога менувам лак.
Ќе бидам сликовите Прво ако имам претходно лак ставетно, а обично имам! овој е едниот од ретките ацетони без ацетон, што не смрди и не ме брка мајка ми од дома кога се лакирам! потоа со зелен чај е за зацврсување на нокти пилнг од време на време Па сите ове на сликва, само наизменично, не сите баш во еден ден! Пред лакот ја ставам таа базата за лак, плава што е, за спречување на кршливоста! океј се, но кога ќе ги потрошам, ќе сменам нешто, подруго, поквалитетно!
Најпрво ги ставам рацете во сад со млака вода и сапуница да отстојат едно 10 минути. Потоа со една алатка ги отстранувам кутикулите. Ги скратувам малку и ги поминувам со турпија. Ги тријам со лушпа од лимон за да не пожолтат. Ги измивам. Одкога ке се исушат ставам базен лак. Потоа тенок слој на лак во боја за побрзо да се исуши, и подебел слој на лак за да дојде бојата до израз. Чекам убаво да се исушат и ставам проѕирен лак кој дава сјај и воедно се суши за 30 секунди. Потоа ставам еден крем на рацете на ДЕВА или ДЕБА не знам како се викаше и тоа е се. Инаку оваа рутина се случува само кога ноктите ми се предолги и треба да ги скратам. Кога само сакам да сменам лак не ги савам рацете во вода итн. туку само ставам база, два слоја на лак во боја, и лак за сјај.
-бришење на лакот -турпиање,сечење (по потреба) -издолжување -отстранување на кутикулите -полирање -мачкање со лак за зајакнување -по 1h со лак за потхранување -со бело моливче помуинувам под ноктите -почнувам со лакирање и шарање -на крај безбоен лак -отстранување на лакот странично на прстите -и мачкање масло околу ноктите
Најпрво го отстаранувам лакот за нокти со ацетон,потоа ги кратам ноктите доколку има потреба.Ги турпијам да им ја освежам формата,ги отстранувам кутикулите и нанесувам лак за нокти.
Имам доста кршливи нокти, па не можам многу долги да ги чувам. Вообичаено најпрво го вадам лакот, па ги турпирам и ги лакирам. Ништо посебно. Никакво отстранување на кутикулите, полирање и такви марифети.
Па немам некоја особена рутина за нега на ноктите. Најпрво го отстранувам стариот лак, а потоа во сад со млака вода ги ставам рацете да отстојат неколку минути, за да ми се омекнат ноктите. Потоа ги кратам ноктите и ги турпирам. Ги отстранувам кутикулите и на крај нанесувам лак. Одвреме навреме ги избелувам ноктите со паста за заби, но тоа не го правам многу често.
Да ве прашам нешто.. Во последно време ноктите по малку ми пожолтуваат и ми се лупат. За да ми се побели, користам паста за заби, и ми успева малку. Ако може да ми дадете некој домашен третман против лупење ? Инаку, да не сум офф топик: Прво го бришам стариот лак. Потоа ги сечам ноктите со грицкалка и ги полирам. Потоа ги премачкувам со паста за заби (ако има потреба) и чекам. Откако ќе ја избришам пастата, се лакирам со безбоен лак. Откако ќе се исуши, се лакирам со лак во боја и си правам шари