1. Го одстранувам стариот лак. 2. Ги мијам рацете и чекам некое време додека не ми се исушат рацете и стврднат ноктите. 3. Ги кратам со турпија (спречува кршење и двоење на нокти). 4. Ги полирам со турпија. 5. Ставам лак за потхранување или ги премачкувам со рицинусово масло и чекам да одстојат. 6. Ги лакирам со подлога за зацврснување. 7. Ставам лак за нокти и финиширам со безбоен.
Ги ставам рацете во млака вода да постојат па потоа ги оставам во крпа да ми се исушат.Со крцкалка по малку ги кратам бидејќи доста ми се големи,а потоа ги турпирам со турпиите на орифлејм и чистам ако имаат случаајно некоја прашинка под нив и ги лакирам.Откако ќе се исушат веднаш ставам крема на рацете за да се потхранат и ноктите.
Да надополнам, пред да ги исечам ноктите ги ставам во млака вода. А откако ќе ја избришам пастата за заби помешана со лимон, ставам рицинусово масло и чекам да отстои малку
Само да можат самите да кажат како ги негувам нема да има потреба да набројувам ама пак се кршат и ми се делат Редовно ги лакирам, ставам лак за зацврстување.. користам неколку видови на турпија за полирање, за обликување и сл. ги чувам во лимон, а што е најважно постојано ги украсувам и пак не се задоволни
Да не ги урочам, ама немам уопште захтевни нокти. Со оглед на фактот што скоро секогаш ми се налакирани, ретко кога, скоро никогаш и не ми пожолтуваат. Си најдов одличен ацетон, од Дахлиа, одлично брише и има во самото капаче има крема за нега ноктите и заноктиците. Откако ќе го отстранам лакот, ги мијам рацете, после турпирам, за да си ја одржам формата. Ги турпирам и заноктиците (пределот окулу ноктот), за да ги отстранам мртвите клетки и да не ми се прават кожички. Откако ќе завршам со турпирање, со блага турпија ја полирам целата површина на ноктот и ги премачкувам со кремата за нега. Стојат така некое време 10-15 минути ги мијам и се лакирам. Меѓутоа ова не ми е задолжителна рутина, туку понекогаш кога имам вишок време. Почесто бришам лакот, мијам лак, и повторно се лакирам. Освен турпијањето за ги одржам во пристојна должина, зошто ужасно лошо ми изгледаат претерано долги нокти без форма. Понекогаш знам и неколку дена да ги оставам без никаков лак или да ги премачкам со лак со калциум, да се одморат. Штом ми се скрши еден, а многу ретко ми се кршат, одма и останатите одат во јабана, одма ги сечам. Многу лошо ми изгледа еден нокт краток другите долги. Со оглед на тоа што во последниве 5-6 години носам долги нокти, кога ќе ги скратам како без прсти се осеќам, ко фатена сум. Ама за среќа брзо ми раснат, па за недела-две сум си повторно со долги ноктиња.
Бидејќи пијам пивски квасец редовно, ноктите ми се здрави и цврсти, а и многу брзо ми растат. Среќна сум. Немам некоја посебна рутина за ноктите, Ги отстранувам кутикулите, ги турпирам за да ми добијат убава форма, ако имам претходно лак го отстранувам со ацетон или со лупење, обожавам да си го лупам лакот, тоа ми причинува посебно задоволство , потоа ги лакирам во некоја нежна боја, френч или пак во темно црвена боја. Се мачкам со крема за нега на раце и нокти било каква. Тоа би било тоа.
Noktiii Со тоа што ќе ги прочиташ правилата на форумов и што ќе си го пребараш малку повеќе и ќе користиш кирилица позз ;]
- Го вадам лакот, со обичен ацетон од Кам. - Одма, почнувам да се лакирам. - После, обожавам да работам со чудово. Ем, ми вади такви од страна, ем ми го вади зашљаканиот лак, од страните. И толку. Ништо друго. Без лак, ми се никакви, многу ми се кршливи, се виткаат. И затоа цело време ми се со лак. Ама затоа, лакот многу брзо ми се љупи, за еден ден, и готово. Некогаш дури ми е глупо кога треба да се фатам за дршка некоја во автобус, а ноктите испољупени.
како што ми се лупат слој по слој во последно имам никакви нокти,али најчесто тоа го правам на работа бришам стар лак,малце турпирам,и лакирам пак не сакам многу чкртаници едноставни ,или француски тоа е
во лимон секој ден по 5 минути, крема за нокти на аура(во космо ја има) и исто така и здрав начин на исхрана,семки од сончогледчтиква и слично. позз
pa prvo vo eden sad stavam voda i nekolku kapki limon vo vodata gi cuvam noktite 5 minuti vo toa potoa so cetkicka mala gi cetkam ( gi cistam ) pa gi turpiram i gi pominuvam so bela boicka od odozdola pod noktot za ubavo da izgleda .. pozz. top tema
После капење: 1.Го бришам стариот лак. 2.Ги потурнувам кутикулите наназад. 3.Премачкувам со безбоен. 4.Ставам крема за кутикули од авон 5.Ставам лак во боја 6.Декорирам 7. И на крај со безбоен завршувам. обично преку ден: 1. Бришар стар лак 2.Ставам лак во боја 3.Декорирам 4. И на крај со безбоен завршувам.
Бришење на стариот лак. Потопување на ноктите едно 10 мин во вода со морска сол и лимон Мачкање на ноктите со крема. Масирање на кутикулите. Туркање на кутикулите. Премачкување на ноктот со лимон. Лакирање
Ги бришам со ацетон без ацетон (оној за вештачки нокти) па ги мијам со сапун рацете, па ноктите ги триам со паста за заби и четка (која ми служи само за нокти) па ставам малку сода и ги триам па ги мијам со млака вода има ставам крема за кутикули па потоа ставам крема за раце и чекам убаво да упие потоа се лакирам и практикувам 2 пти најмнгу во неделата да се лакирам,а кога имам повеќе слободно време земам половина лимон и во него ги ставамноктите да одстојат едно 4/5 мин.
Вашите нокти Дечки Ве молам за помош Спојлер Прашањево не знаев кај да го поставам па се решив овде Јас имам долги нокти и ги чував за на одмор на 13 јули и денес едниот ми се скрши ама ми се скрши баш до живец. Другите ми се баш онака како што треба ама само тој ја грди сликата. Е сега што да му направам? Си викам да го надградам ама некако не сум за надградба. Ако вие ми речете за надградба тогаш ако треба ќе одам по тој пат ама всушност мене ми треба само малку да ми нарасне а ми треба до 13 јули. помош Фала ви многу Спојлер Ги молам тие што имаат админска моќ ако ова мислење не е на соодветната тема да не го бришат да го стават во онаа тема кај што треба да биде Вакви ми се од прилика другите http://t3.gstatic.com/images?q=tbn:ANd9 ... s7EtuUHPvg а еве го другиот http://t0.gstatic.com/images?q=tbn:ANd9 ... jrIM9doz8g не е језиво Ако можете пишете ми во ЛП за побрзо
Вашите нокти Или пак, залепи си вештачко нокте само на прстот на кој ти се скршил ноктот. Формата на вештачкиот нокт ќе ја стокмиш убаво со турпија и ќе ја направиш слична со твојата сегашна форма на ноктите. Јас така практикувам понекогаш кога сум во тесно, а не сакам надградба бидејќи ми ги прави партал после моите природни нокти бидејќи ми се многу тенки и кршливи.
И јас би ти препорачала како Мишела, неодамна и јас имав ваква глупост, кај мене беше палецот, страшно беше, не ми растеше цели два месеци ми се чини, т.е. ми растеше ама другите нокти до толку ми пораснаа што овој се губеше, па фино лепо коа пркна малку ги крцнав сите и ете ги сега тераат синхронизирано сите. Одамна не ми се десил ваков ексцес, порано постојано ми потпукнуваа, ми се поткршнуваа, ама како што веќе имам напоменето од витамините и од шејкот за слабееше ептен ми се оправија, и ноктите и косата. Сега им се дивам на ноктињата од синоќа кои се веќе поставени во темата Вашите нокти
ПоооМооШ!!! Имав типсови, па гел на нокти и пред месец дена кога го извадив гелот, ноктите ми беа тенки ко ливчиња. Ми треба помош како да ги зајакнам и да почнат да ми растат убаво. Ставам калциум од Аура, ама ми треба и нешто дополнително!