Де4кии зна4и вака скоро секогаш ставам црн лак убаво ми стои и кога сакам да го извадам е тогаш по4нуваат маките мои едвај го бришам со ацетон и никако да се избрише е ај помош на некој друг на4ин да не може полесно да се извади лакот???
Освен со отстранувач за лак или ацетон не знам на кој друг начин би можело да се отстрани. И те замолувам да не користеш 4 во замена на ч. Сите мислења ти се со 4ки.
Ацетон е остранувач на лак за нокти но има јак мирис и ги суши ноктите.Подобро земи си остранувач за лак без ацетон. Пред да се лакираш со темни лакови стави безбоен лак, после полесно ке можеш да го остраниш лакот.
Долги ми се ноктите, и не ми се кршат, само како ливчиња излгувааат. Незнам шо да правам.. Едно време не ги лакирав, ама уште стоеа.
Вашите нокти Девојки нешто се случува со моите ноктиња. Ми пожолтеа. Не знам од што, ама не знам ни како да ги вратам пак во првобитната состојба. Дајте некој лек
Вашите нокти Стара четка за заби или некоја поефтина, паста за заби и тоа обична бела, Колинус или нешто слично, јас си имам една мала Колинус и таа ми е само за ноктите. Триј со четката и пастата убаво, потоа изцеди еден лимон и на памукче натопи и бриши ги ноктите од пастата, исто како да бришеш лак со ацетон. На крај во рацете истури си едно пакетче сода бикарбона и со неа изми си ги рацете како со сапун да ги миеш ама обрни внимание исклучиво на ноктите. Во иднина, под било кој лак ставај слој проѕирен, најверојатно ти е од некој неквалитетен лак
1. Ги мијам рацете 2. го бришам преостанатинт лак за нокти 3. ги потргнувам кутикулите наназад 4. ставам крем за кутикули 5. по 5 мин. го бришам со едно меко крпче што го користам само за нокти 6. малку зимам ацетон, а да ми се исчистат од маслата на кремот 7. ставам основа, за заштита 8. се лакирам ( никогаш еднобојно, секогаш правам дизајн, пошто сум прилично добра, ме бива за тоа )
може да е во прашање и некоја болест ако ти се подолго време жолти ноктите и ако не ти помагаат овие работи провери се да не се работи за нешто сериозно
Редовно ги чистам и турпирам. Кога ќе пораснат повеќе од што сакам ги скратувам малку. Доколку несакам да ми бидат налакирани во боја,ги лакирам со безбоен лак.
Мене природно ми се цврсти но користам и различни средства имам многу за зацврстување, пилинг разни креми итн... За избелување од жолтите дамки користам паста за заби.. А ги раснам мн лесно во сад обичен малку сол зејтин вода и лимон и така 1 саат 2 колку сакате и колку имате време брзо раснат и здрави и цврсти се. Пред да се лакирам ( а тоа мн често го правам секој петок) не ги сечам само ги обликовам со турпија ги полирам и ги лакирам ( некогаш и ги цртам зависи) Се надевам ке ви помоднат советите!
OmniaVanitas, Ketrin.Moon, Spidy - појезиви нокти немам видено (Во вашите нокти), кога ги гледав сликите не можев ,а да не се запрашам како одржувате хигиена со нив ? И како побогу не ви се кршат, или ништо не фаќате низ дома? Не знам за другите, ама мене вашите нокти ми се ужасно грозни и ве советувам да си ги скратите- здравјето ќе ви виде благодарно.
Баш напротив, ќе измијам еден куп садови и со тоа се чистат и ноктите. Башка сум апсолвент на стоматологија, и после секој пациент со кој работам мијам раце и не сум имала мака со хигиената. За кршење, ми се кршат на рачките од плакарот, ама после неколку грешки се научив како да се пазам. А со оглед на тоа што моите нокти се ужасно меки и не можам да ги пораснам воопшто (освен ако не си го оставам само малиот прст како сељаче пошо само тој ми расте, не знам зошто ), пре би да имам предолги нокти отколку да сум како машко во рацете. Си ги одржувам и моите нокти, секогаш ми биле средени, налакирани, се одвикнав и од грицкање пред многу години (едвај), ама едноставно не се чувствувам женствено со кратки нокти. Веќе речиси три години скоро секогаш имам вештачки долги нокти и си ги чувствувам како свои.
Кога еднаш ќе одржиш ваква должина на нокти, ќе сфатиш дека и не е некоја филозофија. Можеби одговорот е груб (иако не сакам да испадне така), но советувај ги оние околу тебе. Моите нокти си се за мене. Инаку, мене ужасно грозни ми се грицканите нокти и месо без нокти предивикано од грицкање. Затоа, секој со свој вкус. И мене не ми се допаѓаат еден пократок, а еден екстремно долг, па никому не советувам за било што Објаснив (и тоа во неколку наврати) за должината на ноктите, нивното одржување и одржувањето на хигиена. Веќе кога почнав да пишувам, одново нагласувам дека хигиената многу полесно се одржува со вакви нокти. Околу „фаќањето по дома„, напротив, во се' функционирам без проблем бидејќи за здрави нокти придонесува здравата исхрана и вештината на потезите. А околу должината vs. обавување на секојдневните обврски: кога се ставаат вештачки нокти е промена која се случува веднаш и нема време за прилагодување. Можеби затоа ти се чини дека не може да се функционира со нив. За разлика од тоа, кога ноктите растат по природен пат, има време за прилагодување кон секојдневните активности. И напоменав дека музичките инструменти не ми дозволуваат да имам долги нокти и ја користам секоја прилика за одржување на подолги нокти иако ги сакам и кога ми се кратки.
Вашите нокти Муабетот е, со извинение како си го бришете задникот со ноктиве? Ова зошто не го сфаќате муабетот со хигиената.
Бам :roll: И покај целиот пост со објаснување повторно го поставуваш истото прашање? Изгледа не сме „ние со долгите нокти“ со проблем за сфаќање на „муабетот со хигиената“.