Јас имам мала рутина за чистење на мојте нокти прво ги бришам со ацитон ако ми се лакирани пота ги турпирам па ги мијам со сапун ,потоа зимаам еден лимон ги премачкувам ноктите ( бидејќи лимонот ги зацврстува) после некое време повторно ќе ги измијам и на крај ги лакирам.
Што сте се фатиле за таа хигиена? Може некој да ми објасни што мисли дека е разликата во хигиената на долги и на кратки нокти? Хигиената е иста: дали се работи за кратки, дали за долги. Сакаш да ми кажеш дека зад пократките нокти не се насобира (како што би рекол Чорбаџи Теодос) „црно“ под ноктите. Од таму и потешко е да се извадат сите бактерии кои се насобираат под нив. Повеќе и да сакам не можам да ви го соџвакам објаснувањево. На долги и те како е полесно чистењето. Хигиената не доаѓа од долгите нокти туку начинот на одржување на таа фамозна хигиена. Ако не си ги миеш рацете по цел ден, нормално е дека ќе имаш проблем со хигиената и тоа не само на ноктите, биле тие кратки или долги![/quote] секако го делам мислењето но во однос на кратките сметам дека е потешко бидејќи цел сет за нокти треба да се користи , пример мене лично мн повеќе ајде да ја наречам нечистотија и дури и прашина ми се насобира а додека имав кратки се беше океј односно не морав толку внимание да трошам на нив што се исфрустрира толку , само мислење , поздрав многу точно OmniaVanitas океј тоа е твое мислење јас сум добивала и негативни и позитивни коментари почитувам . и ми рекле да ги скратам но не , јас ги оддржувам побогу само се долги не одвратни и нечисти
Е не сфаќам тоа,како не разбираш за хигиената?Па добро,значи не мислам на прашина и нечистотија која лесно се чисте со вода,туку мислам на тие невидливите бактерии што се насобираат на ноктот,зошто кога имаш долги нокти,конкретно храната доаѓа во контакт со ноктот и ти буквално со нокти фаќаш се,а што не е случај со кратки.Значи не е под ноктот,туку зборам за цел нокт,башка што гребеш се околу тебе,мене малку да ми се подоглги ќе се заколам,па со ови мислам можам и дрва да сечам што се вели.Се надевам сфати на што мислам.
па нема помош , никако тие раснат споро , скрати ги нема така да шеташ малку се 20 дена да порасне еден нокт долг
Затоа и напишав дека се е до вештината, а не до долгите нокти. Ако си неспретна во рацете, ноктите нема да се проблем. Околу мене не гребам ништо. Ако некој е нестабилен и со кратки ќе гребе... Не сфаќам од каде ова со гребењето?
Гледам се испишале повеќе постови после мојот па да не ве цитирам сите што ми реплицирале ќе ви се обратам групно. На што се` мислев кога реков дека се језиви? Прво на хигиената посебно на делот што го наведе Мимс, ама исто така и на други работи што ме интересираат: како со овие нокти би меселе на пример нешто, како јадете со нив кога колку и да ги чистите сепак таа голема површина е извор на зараза и тоа е факт. Ти Спиди велиш дека си заболекар и дека екстремно долгите нокти не ти сметаат во работата, а прво што се запрашав е: како тоа не ти се кинат ракавиците, или не носиш ракавици ? Друго, како ги држиш инструментите?- јас ако малку ми се подолги ноктите не можам да држам убаво пенкало кога пишувам па веднаш ги кратам, а не пак со нив да го држиш тој инструментот за мешање на пломба или тоа не знам како се вика со кое се проверува дали забот има кариес. Јас не би дошла кај тебе на преглед никогаш, и онака се страшни заболекарите па уште такви огромни нокти им фалат. И како пишувате на тастатурата бре? Зарем не фаќате по две букви наеднаш? Како си ги закопчувате фармерките? Како зашивате нешто? Верувам дека е тоа едно големо мачење и сигурна сум дека кога би ги извадиле ноктите (прочитав дека се вештачки, така ми се реши дилемата како до сега не ви се скршиле) ќе осетите огромно олеснување.
Ааам... Не се вештачки (барем не моиве). Можеби си се збунила кога спомнав дека ако беа вештачки ќе беше тешко привикнувањето бидејќи промената се случува наеднаш и не дозволува привикнување, па затоа некои изгледаат како фатени во рацете. Хигиена се одржува на ист начин како и кратки нокти, само се работи за поголема површина. И од каде ти е фактот дека „сепак таа голема површина е извор на зараза и тоа е факт“? Би сакала да го знам изворот. На крај, ако дојде до проблем со нормалната хигиена (а тоа не се случува) која се состои од сапуни, сјаеви за садови, шампони, гелови за туширање (барем од тоа се состои одржувањето на мојата дневна хигиена) и не верувам дека е потребно од дополнително чистење, чепкалките за уши се опција кога има проблем за добро измивање на површината (која, повторно ќе напоменам, не е поразлична од кратките нокти и е непотребно дополнително чистење освен во екстремни случаи). За пишување на тастатура не е толку тешко - се привикнуваш. Ретко носам фармерки, но и кога носам, закопчувањето воопшто не е тешко бидејќи на се останато има копчиња и како и со куцање на тастатурата - се провикнуваш и воопшто не е тешко како што на прв поглед вам ви изгледа. За мене не е воопшто мачење. Како што напоменав и претходно, се е до вештината во рацете. Ако си фатен во рацете, ноктите ти се најмал проблем. Ако си неспретна - ќе ти се искршат без разлика на нивната должина
Ги носам истите ракавици што ги носат останатите доктори на стоматолошката клиника, и во 5те години додека работам не ми се скинала ракавица никогаш (направени се да бидат издржливи, има многу пооштри инструменти од моите нокти). За инструментите воопшто не ми сметаат, зошто ги држам со јагодиците од прстите, а со рацете не пипам воопшто во внатрешноста на устата (за тоа постојат инструменти), па ниеден пациент немал воопшто мака од моите нокти. Да, постојат одредени интервенции за кои најверојатно би ми сметале ноктите, но како студент, јас ништо од тоа не изведувам, и затоа и со тоа не сум имала проблем. И кога би дошло ред да го работам тоа, би ги скратила зошто не би сакала да страдаат пациентите заради мојата естетика. Но во моментов, кога никого не наштетувам освен ако на изглед на некој не му се свиѓаат, не би си ги скратила. И најбитно од се, најголемите бактерии да ми се под ноктите, тие се покриени со ракавиците, и пациентите се заштитени од мене исто како што сум заштитена и јас од нив. И како што OmniaVanitas кажа дека не и сметаат нејзините природни нокти, и убаво објаснила како одат секојдневните активности со долги нокти, истото и јас го чувствувам за моите вештачки. Единствената разлика е што мене ми требале неколку дена да се навикнам кога првпат сум ги ставила (а тоа беше пред години). И како што кажав во друг пост, не би се чувствувала женствено без нив. п.с. да, ако е предолг ми смета ноктот на десниот показалец кога треба да пишувам, а должината што ја имам моментално и ја одржувам е максималната на која можам без проблем да држам пенкало.
Јас порано имав раце кои личеа на се, но на раце - НЕ. Ноктите ми беа изгрицкани до крај, а и кожичките околу него. Абе ужас. Е, се управив благодарение на моја школска која имаше преубави нокти па си реков, кога може таа, зошто да не можам и јас. И така сега имам нормална големина и не можам да му се нарадувам секоја ден ги лакирам, ги средувам и постојано си ги гледам . Толку од мојата сторија, сеа сакав да прашам.. Нешто ми се меки, па ако знаете некој производ (по можност да го има во Зегин), за зацврстување на ноктите а исто така и некој лак или гел за побрз раст пошто одеднаш ми пораснаа вака и еве ги не растат или јас не приметувам бидејќи очите ми се стално врз нив . Хелп грлс.
^ Само што го купив зацврстувачот на Аура поради истиот проблем, мене ноктите ми се ептен меки и кршливи од кога го извадив гелот. Ќе видиме како ќе се покаже, инаку 130ден/Космо http://www.dodatnaoprema.com/prodav...kalcijumom-lakovi-za-nokte-aura_0_400x400.jpg
Моите нокти беа ужасни, не дека сега се нешто посебно, ама за разлика од пред еден месец се супер само уште неможам да им најдам лек за кршливоста обично ми се лакирани... зависи ако сум повеќе расположена и имам време знам и да ги нацртам.. од денес почнав со еден третман... си купив гел за кутикули на евелине и гел за раст на ноктите, па од денес ќе ги негувам па да видам дали ќе има ефект или ќе биде уште едно фрлање на пари Инаку Youlen како си задоволна од зацрвстувачот http://www.dodatnaoprema.com/prodav...kalcijumom-lakovi-za-nokte-aura_0_400x400.jpg
феминки ми треба совет! Уште малку ќе идам на одмор,а моите нокти се многу меки,споро растат и брзо се кршат. Денес ги држев во сок од лимон околу 20 минути (иако треба 10 мин.) ,но нема никаков ефект. Ми кажале дека со домашни третмани е најубаво да се негуваат ноктите.Па имате ли некој совет за мене? Фала однапред!
едно време ми беа многу кршливи и нарачав лак за зацврснување од орифлејм , и 2 дена во неделата ги одмарам од лакови и пак ставам од тој лак и сега супер ми се
Имам проблем со палецот. Внатрешно ко да ми се рони ноктот, основата на ноктот ми е прмногу вдлабната (не е нормална како и на сите други) еднас ми имаше паднато ноктот бидејки основата од ронење на ноктот е премногу внатре. При напор кога пртискам нешто ме боли, а инаку не. Имам носено и носам гелни нокти, но сите останати ми се ко што треба, само овој..појма немам што му е.А и премногу ми растее брзо...прмногууу. Знае ли некој да ми каже што всушност се сучува со мојот нокт. Поздраав
Мене ми личи како да си го повредила ноктот (некако си го подигнала),и како резултат на тоа ,под ноктот се направила габична инфекција.Сечи го ноктот колку што можеш пониско,и мачкај со микозил маст.Мислам дека така се викаше,во секој случај, или посети лекар или прашај во аптека.
Не знам дали прашањево ми е за тука ама ќе прашам,ако не е на правилно место слободно нека го преместат модераторите Девојки ноктите ми се пожолтени,како некој пушач ми се жолти што пушел со години. Пробав со сода бикарбона и паста за заби ги четкав ама нема никаков ефект. Нешто друго,ефикасно? Благодарам однапред
Користи ги овие од горе секој 2ден и ќе забележиш разлика.Можиш да пробаш и со 1% или 3% хидроген(во аптеки го има),заедно помешан со сода бикарбона или паста со лимонов сок.Овие јас ги користам и ми делуаат.Ќе ставам слика некојден да видиш колку бели ми се ОВА ми беа летото сега се побели
Спојлер КАКО ПРИРОДНО ДА ГИ ИЗБЕЛИТЕ ВАШИТЕ НОКТИ? http://www.ladybook.mk/mk/post/6563/Kako-prirodno-da-gi-izbelite-vashite-nokti
Јас обожавам да имам долги нокти,али пошто тренирам одбојка,неможам да имам многу долги (до 5-6 цм)имам лак за нокти кои ги зацврстува,ги штити... на Golden Rose е и го земав околку 90 ден мислам.НЕ МЕ ДРЖЕТЕ ЗА ЗБОР го има секаде,јас го земав од Golden Rose во Рамстор (после маркетот е)