Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вашата рутина за нега на ноктите

Дискусија во 'Тело' започната од kristii, 17 октомври 2010.

  1. Ann-13

    Ann-13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Некаква помош за побрзо да ми поминат... Сама сум си крива знам, ама споро ми понинуваат и ми треба помош:)
    IMG_20150609_234252.jpg
     
  2. Lina2031

    Lina2031 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2014
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    89
    Пол:
    Женски
    Najdobroto nesto za zacvrstuvanje na nokti i za pottiknuvanje na nivniot rast sto go imam probano e ovoj lak od essence. Go ima vo DM i e pre dobar dokolku imate krslivi nokti koi vi se vitkaat i krsat i maka macite da gi izrasnete malku od malku probajte go. Efektot e neverojaten :D Za 3 nedeli imav nokti kakvi sto nikogas vo zivot ne sum imala. lakov vsusnost dava i extra sjaj. Probajte go nema da zazalite.
     

    Прикачени фајлови:

  3. Lina2031

    Lina2031 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2014
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    89
    Пол:
    Женски
    Zemi si MELEM gi ima skoro vo site apteki vo pogolemo i pomalo pakuvanje.Sigurno ke ti pomogne za zazdravuvanje :)
     
  4. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.347
    Допаѓања:
    6.800
    Пол:
    Женски
    Ги рамнам со турпија и користам зацврстувач од Аура, бидејќи ми се мнооогу кршливи, иако не ги растам многу долги, само онака рамни и средени....Над зацврстувачот се лакирам со лак во некоја боја.
     
  5. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите, еве вака понеделнички по точно 40 дена подготовка, ви предлагам еден рецепт за поцврсти нокти. Станува збор за домашно масло од лимон кое освен за нокти може да го користите и во третманите за избелување на флеки и како антицелултитен третман (секако не во летно време, затоа што во допир со сонцето на кожата создава уште повеќе флеки затоа што како масло лимоновото е фотонестабилно). Како третман за нокти може да го користите секогаш, само навечер на чисти нокти (без лак) и да го оставите да делува цела ноќ. Со редовна употреба, резултатите се видливи за кратко време. Пријатно читање и голем поздрав до сите.

    Направи сам: масло од лимон за поцврсти нокти

    [​IMG]
    Здраво на сите,

    многупати како третман за поцврсти нокти имам споменато дека е одлично маслиновото масло со неколку капки етерично масло од лимон, или пак малку сок од лимон. Ова масло дава одличен резултат во кратко време, и неверојатно го зајакнува ноктот и ја обновува структурата на самиот нокт. Во продажба може да се најдат повеќе видови на масла од лимон, меѓутоа повеќето од нив се направени со етерично масло од лимон. Затоа целта на оваа статија е да ви покажам како сами, во домашни услови може да си направиме едно прекрасно 100% природно и ефикасно масло од лимон, користејки маслиново масло и секако кора од лимон. Еве што ни е потребно за реализација на ова масло:

    - кора од 5 до 6 лимони (обавезно да бидат непрскани, инаку џабе ни е се);
    - маслиново масло
    - чиста и стерилизирана тегличка

    [​IMG]

    [​IMG]

    Кората од лимон оставете ја убаво да се исуши околу 3 дена, и кога ќе биде сува ставете ја во чистата тегличка. Потоа додадете маслиново масло колку да ги покриете сите кори. Не смее некоја од корите да излегува од маслиновото масло, затоа што постои ризик производот да фати муфла и да се расипе.

    [​IMG]

    Затворете ја теглата со капачето, завиткајте ја во алиминиумска фолија и ставете ја во некое шкавче во кујната (на суво и темно место), што подалеку од директна сончева светлина.

    [​IMG]

    Тегличката треба да стои вака од 30 до 40 дена, меѓутоа многу е важно секојдневно барем еднаш да ја протресувате, со цел лимонот убаво да го пушти своето природно етерично масло. Јас ја чував точно 40 дена, и резултатот по истекот на тоа време беше следниов:

    [​IMG]

    Откако ќе помине времето на отстојување, прецедете ја течноста, односно отстранете ја кората од лимон и оставете ја во шкавчето уште еден ден.

    [​IMG]

    Следниот ден процедете ја уште еднаш со помош на една газа и ставете го вака добиеното масло во едно темно шишенце, или пак доколку немате, тогаш во друга чиста тегличка, меѓутоа убаво завиткајте го со алуминиумска фолија, затоа што лимонот е чувствителен на сонце. Вака добиеното масло има фантастичен природен мирис на лимон и може да го користите за многу работи:

    1. Како зацврснувач за нокти:
    навечер на чисти нокти се масира малку од ова масло и се остава да делува преку ноќ. Во некоја од следните статии ќе ви покажам како да направите балзам за нокти користејќи го ова масло;
    2. Како третман за исбелување на флеки на кожата:
    ова правете го само зимно време и тоа во комбинација со други масла (никако само ова), или пак може да го додадете на вашата крема за лице. Доколку сте заинтересирани за рецепт оставете коментар под текстот;
    3. Како антицелулитно масло:
    ова масло е идеално како антицелулитен третман збогатен со други масла, меѓутоа никако не го нанесувајте летно време за преку ден;

    Се надевам дека оваа статија ви беше од корист и дека доколку имате свои непрскани лимони, ќе се обидете да го направите ова прекрасно повеќенаменско масло од лимон.

    Поздрав
    Вики
     
    На ♡BuBaLe♡ и душленце им се допаѓа ова.
  6. sugarlips

    sugarlips Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2014
    Пораки:
    672
    Допаѓања:
    761
    Пол:
    Женски
    Имам многу цврсти нокти и многу брзо ми растат.Немам рутина,ретко ги турпам и им ставам многу безбоен лак,по три пати ги лакирам дневно,слој врз слој.
     
  7. Barbara94

    Barbara94 Активен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2014
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    48
    Пол:
    Женски
    Го користам повеќе од месец и многу сум задоволна, ноктите ми се зајакнати и многу брзо ми растат. Постапката е едноставна ги лакираш ноктите три дена по еден слој и четвртиот ден го бришеш и ја повторуваш постапката. 12767698_10205997982604390_1480401733_n.jpg
     
  8. VivienLeigh

    VivienLeigh Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2016
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    10.091
    Пол:
    Женски
    20160228_214805.jpg
    Најпрво, на голи нокти ја мачкам оваа крема. Од ДМ ја земав, доаѓаше со ацетонот. Многу убаво мириса. Никакво дејство нема, ама јас битно си ја мачкам. :rofl:
    20160228_215012-1.jpg
    Откако ќе се упие кремата, околу ноктот го мачкам ова. Пецка, но навистина ја омекнува кожата. :)
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  9. IvanovaAnce

    IvanovaAnce Активен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2017
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    154
    Пол:
    Женски
    IMG_6824.JPG Дечки, дали може совет за вакви мали и пожолтени нокти?
    Многу ми се пожолтени мислам дека тоа е последица од постојаното лакирање,ми треба советт.
    П.С:сликава е извадена од Интернет,но и моите нокти се исти такви мали и жолти.

    Поздрав :)
     
  10. Luminary

    Luminary Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    2.642
    Допаѓања:
    45.055
    Пол:
    Женски
    1. Прв чекор е обликување и полирање со турпијава
    [​IMG]
    2. Лак 8во1
    [​IMG]
    3. Лак во боја, најчесто на Golden Rose, Ice chick ми се најдобри
    4. Gel top coat, од Golden Rose
    [​IMG]
    И си седам мирна цела недела минимум^_^
     
  11. ванилала

    ванилала Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2015
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.234
    Пол:
    Женски
    Со каков ацетон го вадите лакот со top coat врз него?
     
  12. Хана-банана

    Хана-банана Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2018
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    205
    Пол:
    Женски
    Здраво, ве молам за совет, ноктите ми се лупат слој по слој и никако да ги израснам ни малку. Го имам зацврстувачот на Eveline 8 in 1 и го користам како база зошто сакам врз него да нанесувам лак во боја. Исто така да ми предложите и нешто за омекнување на кутикулите, многу ми се спуштаат дури до пола нокт. Благодарам :)[​IMG]
     
  13. tropix4e

    tropix4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2011
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    141
    За кутикулите најдобар лек ти е да ги отстрануваш редовно. Прво направи си кадичка со топла вода, морска сол(или ако немаш можеш и со обична кујнска) и сода бикарбона. Околу 5-10мин држи ги ноктите во кадичката, колку да ти омекнат. Кога ќе ти омекнат веќе, почни да ги буткаш од таму каде што ти завршува самата кутикула до кај што почнува.(Извини малце лошо објаснувам.) Можеш да го правиш тоа со нокт или со некое дрвено стапче за кутикула(на англиски го викаат orange stick
    [​IMG]
    чудото е мн меко, со што не ти ја повредува плочката). Ни случајно немој да си земала некоја метална алатка
    [​IMG]
    од тие што се за маникир. Кога ти се омекнати ноктите најподложни се на повреди и со истата таа метална алатка, ако не си внимателна, можеш многу гадно да си ја повредиш плочката, па дури и матриксот на ноктот(местото од каде што расте ноктот) ако успее да ти се лизне. Следен чекор е сечење на кутикулата. Има едни како странични грицкалки што обично се користат за тоа,
    [​IMG]
    ама ако имаш уплав од вакви остри алатки(како мене) и не знаеш да ги користиш, најубаво ти е да си земеш едно вакво [​IMG] (ги има во ДМ) или ако ти е поудобно можеш да пробаш со ножички за нокти, ама и тука треба ненормално многу да внимаваш прибидејќи многу лесно можеш да исечеш повеќе колку што треба или како мене да ги забодеш во живо месо и месец дена да се шеташ со отечен прст. Откако ќе ги отстраниш кутикулите обавезно намачкај ги рацете со некоја помрсна крема за раце или уште поубаво делот кај кутикулата намачкај го со кокосово или бадемово или маслиново или какво и да имаш по дома масло(се додека не е обичен зејтин нели). Чекоров со мачкање е важен, затоа што кога рацете веќе нема да ти бидат мокри од водата, ќе почнат да се сушат и постои ризик да се пресушат и далеку побрзо да ти се врати кутикулта во првобитната состојба.
    Се надевам дека сфати што сакаше авторот да каже и дека успеав некако да ти помогнам.
     
    На Хана-банана и LivingGlam им се допаѓа ова.
  14. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.117
    Допаѓања:
    36.326
    Пол:
    Женски
    Ги сечам, ги турпијам и ги лакирам. Секогаш ставам два слоја на лак.
     
  15. ванилала

    ванилала Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2015
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.234
    Пол:
    Женски
    Женски, ми се скрши нокт на средина на прстот, освен да ставам ханзапласт има ли друго чаре? :sweat: Многу боли кога ќе го поткачам.
     
  16. Luminary

    Luminary Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    2.642
    Допаѓања:
    45.055
    Пол:
    Женски
    Можеш да го прицврстиш местото со тоа што ќе "залепиш" делче од кесичката од чај каде што е скршено, и ќе го поминеш со лак од горе.
    Искрено не сум го пробала ова, не знам ни дали функционира, ама многу видеа има по Youtube, па можеш да пробаш.:lol:
     
    На ванилала му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Хана-банана

    Хана-банана Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2018
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    205
    Пол:
    Женски
    Здрaвo феминки, некoј лек зa пoжoлтени нoкти☺ Дoлгo време ги лaкирaв сo црвен лaк и сегa ми се жoлти и суви мнoгу (верoјaтнo oд aцетoнoт), кaкo пoдлoгa стaвaв oд Евелин лaкoт зa зaцврстувaње, нo пaк ми пoжoлтеa
     
  18. tropix4e

    tropix4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2011
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    141
    Функционира дефинитивно. Само стави повеќе слоеви од лакот за да биде појако и да не може да се скрши пак. Ноктот ќе ти порасне до крајот на плочката заедно со лакот и на крај само ќе си го исечеш и ќе го оставиш нормално да си расте ноктот. Ако евентуално почне да се лупи извади го лакот и пак повтори го истиот процес. Признавам досадна процедура е ама на крај ќе ти се исплати.

    Можеш да пробаш со сода бикарбона и сок од лимон да направиш смеса и со неа да си ги четкаш ноктите(со некоја стара четка за заби на пр.). Тоа наводно помагало за обелување.
    Жолти ти се пошо црвениот пигмент како и сите темни пигменти е многу јак и си навлегува едноставно во плочката. Некои го турпијаат горниот слој на ноктот за да го тргнат жолтенилото(и се трга реално пошо пигментот ти е уствари само на површината на ноктот), ама тоа многу ги оштетува твоите нокти.
    Суви ти се заради ацетонот милион посто. Следен пат само вади го лакот со отстранувач на лак без ацетон. Тие имаат повеќе масла во нив што дури и ја негуваат малку плочката.
     
  19. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    2.631
    Пол:
    Женски
    Девојки, дали овие ефтините печки за нокти од Џамбо бркаат работа за сушење на обичен лак?
     
  20. lusii

    lusii Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2013
    Пораки:
    208
    Допаѓања:
    1.885
    Пол:
    Женски
    Ако е UV печка, тогаш не суши обичен лак.
    Во Џамбо мислам имаше едни со вентилаторче, ако мислиш на тие, веројатно го убрзуваат процесот на сушење
     
    На moon1 му/ѝ се допаѓа ова.