Не знаев во која тема точно да го поставам прашањето, па ајде овде. Каде да најдам поквалитетен отстранувач на кутикули од овој тип? И по која цена сте виделе? Однапред благодарам
Спојлер Во ДМ има едни многу убави вакви. На Титаниа мислам дека беа. Со малку подолга, бело портокалова(или зелена или плава, има повеќе бои) дршка и силиконски пушер. Околу 100 и нешто беа, не памтам точно.
Со што најдобро се одстрануваат кутикули во домашни услови, тоа вертикалното ко стапче или со тоа во вид на ножици?
@Leo-nora Мене лично попрактично ми е тоа што е како стапче, буквално зафаќаш како со пенкалце од едната страна и тераш фино до другиот крај и тоа е целата процедура
@Хана-банана Хани скролни малку понагоре, првиот пост е од мене, прашував пред некое време, бидејќи сакав да си го обновам
Пред да почнеш со одстранување праеш некој третман, ги подготвуваш ноктите или директива со тоа пенкалцето мине?
@Leo-nora Таа постапка вообичаено ја правам пред да си го менувам лакот. Го менувам еднаш неделно, но куткулите може и на 2 недели да се средуваат, бидејќи не растат толку брзо. Инаку прво обавезно лакот го отстранувам, па ги мијам рацете и кога ќе се исушат скроз, по некое време ги отстранувам. Мене лично, така на суво најефикасна ми е постапката, најлесно во еден чекор се вадат. Па после се мијам повторно и ставам крема. Порано имав пробано претходно да се намачкам крема, ама премногу се лизга алатката и ништо не можеш да отстраниш Ако случајно се закачиш или на некој нокт лошо фатиш и потече крв, не се секирај, знае и тоа да се случи, затоа мораш внимателно. Плус, во таков случај санирај и подоцна намачкај се мелем за куткули
@IM.TMKQ Веќе не користам, бидејќи веќе немам таков проблем буквално веќе со години, прво користев ова од Авон, ама го снема, па после го најдов ова на Мелем, истото е т.е за истата намена и е многу квалитетно, значи производи што стварно помагаат, а можеш да го најдеш во Зегин, Веро маркетите, ДМ мислам дека исто имаат и скоро сите аптеки така поголеми Спојлер: Авон Спојлер: Мелем Најмалото што е
Фала. Само да прашам Мелем не се користи и како лабело, јас така го знам или овие округли паковања се за кутикули?
@IM.TMKQ Имаат лабело, на сликата тоа што си е во стандардното пакувања за лабела, а тие другите две се за кожа. Поконкретно, тоа во поголемото округло пакување е за нанесување на суви делови од кожата, како што ни се надлактиците на рацете или за изгореници, а најмалото пакување е за ноктите т.е за кутикулите, односно тоа што ти треба, што го бараш Во основа сите се слични, содржат ланолин и пчелин мед и скоро текстурата им е слична, ама сепак се различни малку И нема на што, за било што што можам да помогнам, тука сум
правам гел на раце и нозе во салон на секои три недели ми стана рутина,веќе со години, затоа што сакам секогаш да сум средена
Ако станува збор за надградба, треба да го отстраниш поголемиот дел од гелот со турпија (притоа внимавај да не ги оштетиш твоите нокти). Потоа, откако ќе остане многу тенок слој гел, натопи памукче со ацетон и замотај го околу прстот со алуминиумска фолија, за 15-20 минути би требало да го растопи гелот. Ако станува збор за гел-лак, тогаш не мора да ги турпијаш, директно со ацетон и фолија исто толку време Секако најубаво ти препорачувам да ти ги отстранат некаде, за да не ги оштетиш твоите.
Постојано , веќе со години одам на педикир и маникир на секои 3-4 недели. Немам замарање, секогаш средени ноктите. Сега во бременоста исто терам, ама ми кажаа пред пораѓај да си ги тргнам тие гелови и да не се лакирам со ништо. Уште овој месец и потоа ќе почнам сама дома да си ги средувам. Сакам полека да се навикнам бидејќи ако ги скратам скрос ноктите рацете ме болат, прстите ми се нежни ептен. Имам ги одмарано 2 пати од гел и буквално не можев ништо да допрам. Следниот месец ќе бидам без гел и така ќе терам додека да се породам, а и потоа додека не ми порасне бебето. Може ќе ставам гел лак и ќе ги носам ептен кратки, но не знам како ќе бидам со време и обврски. Затоа од ДМ си купив турпија,ноктарица,онаа алатката за сечење кутикули и 8во1 лакот од Евелине, го земав со сребрени светки за колку толку убаво да ми изгледаат рацете. Се надевам ќе успеам сама некако да се средувам во периодот што доаѓа.