Земете го апаρатот во ρаκа и слиκнете ни ја вашата соба. Не се сρамете од тоа деκа вашата соба е можеби неуρедна, имајте на ум деκа повеќе од половина на фоρумџиκите собите им се κаκо бомба да паднала. Тоа воопшто нема да го гледаме и дисκутиρаме во темава. Епа луѓе ајде да ги видиме вашите соби
Имаше некоја слична тема и нешто многу не се разви. Нешто луѓево не се за себе разоткривање. Не станува збор дали собата е уредна или не. Тука за разоткривање на сопствениот идентитет. Сепак на форумов дискутираме и за поинтимни работи. Јас лично не би објавувала слики од својот простор во кој живеам. п.с треба да почнеш од себе. Објави прво ти слика, дај пример
Со оваа тема само може да си ја загрозиме приватноста и ништо друго!Можно е луѓе кои не познаваат лично,да не препознат и да пролистат низ мислењата.Па на крај краева сите имаат напишано мислење кои не сакаат да го споделат со оние околу нив.Имаат и интимни прашања.Незнам кој ќе сака да си ја слика собата и да ја стави на форум.Па и мала земја сме повеќето се знаат,ќе те препознаае некој и ајт проблеми!Темава е кроена специјално за во канта! П.С. Се согласувам со она што го напиша ирена.1 во П.С
Кога веќе збориме за приватноста,и во Модни критики приватноста е ставена на пиедестал како и во други теми(вашата шминка,вашето козметичко катче,омилените чевли...)ама ете функционираат
Добρо, видов и дρуги теми во κои објавуваат многу свои слиκи па си ρеκов може нема да им пρечи, но слободно може да ја ставите темата во κанта и онаκа гледам деκа не фунκциониρа
Море би ја сликала собата, ама како бомба да паднала во неа. Кога ќе ја потсредам ќе ја сликам, па шо? И големо чудо ако ме дознаат, небаре код за лансирање ракети сум пишувала.