Темава ја отварам со цел да имаме една единствена тема каде би можеле да дискутираме само за овој проблем кој очигледно е многу “популарен“ во бременоста. Имено кај мене од почеток столицата беше нормална, за подоцна да имам опстипација, па ајде некако со јогурт, компот од сливи, свеж сок од цитрони се нормализираше. Сега од пред една недела пијам Магнесол вкупно по 650-800мг дневно и имам течна столица. Всушност личи на дијареа и е тоа, но не е преку цел ден, односно еднаш до два пати максимум одам, стомак не ме боли па затоа викам дека не е тоа, туку дека е само течна. Мамички и идни мамички , дали сте ја имале оваа ситуација??? Дали е нормална или пак треба да се превземе нешто???
Најверојатно од Магнесолот ти е потечна, бидејќи магнезиумот делува и на перисталтиката. Јас магнезиум пиев само по потреба, па немав некои изразени проблеми со столицата, ми беше нормална скоро цела бременост, запек скоро и да немав, освен последните неколку дена (и мислам дека тогаш и ми се појавија и хемороидите кои почнаа да крварат неколку дена после породувањето). Ако ти пречи тоа што столицата ти е течна, може да јадеш храна што ја стврднува - зависи што делува кај тебе. Ама верувај, подобро да е потечна отколку да имаш запек, оти тоа неминовно води до создавање на хемороиди кои знаат да бидат болни.
Ауу никако скраја да е, запек аман од него. Мене реално ми одговара моменталната состојба, зошто и пред бременоста си имав мака со тврда столица, само се прашував дали е во ред, нормално или да паничам За второ ветувам дека нема да досаѓам толку
Аннатх, ленено семе ли ја подобруваше столицата? Го следев твојот совет и во бременоста пиев пола чаша јогурт со една лажичка ленено семе, така ми се подобри столицата.
И јас последните две-три недели се мачам со тврда столица. Пијам многу вода, гледам да внесувам течна храна, овошје, ама ништо не помага. Ќе пробам со јогурт и ленено семе, само да ве прашам ленено семе се става како што е купено цело, или треба да се пече, да се толчи ? И кога се пие, наутро или не е важно?
Јас го пиев така, нетолчено. Јаболката дефинитивно ја регулира столицата, без разлика дали е тврда или течна. А за течна столица, чоколадо за готвење (попознато како кухинско чоколадо).
Можеш и мелено да го пиеш, и наутро и навечер, нема штета. Ама ако го пиеш цело, џвакај ги зрната, се ослободуваат омега масни киселини кои и тоа како се пожелни во развојот на плодот
Уф и јас првптат во живот имам запаек. Совет добив за суви сливи и јогурт со ленено семе, ама семето мелено, бидејки целото зрно само протрчувало низ цревата без посебен ефект.
Zdravo idni mamicki, jas sum nova na forumot i sum 18-ta nedela bremena...da kazam deka i jas imav problemi so diarea skoro ceeel mesec, i morav da pijam i linex, sekako po preporaka na maticniot ginekolog..a posle toa od ko ke se sredi stolicata mi rece da pijam magnezium sto se prodava vo paketcinja i se istura direktno na jazik samo da se stopi...sega sum poarna ama pak povremeno mi se slucuva da imam potecna stolica, ama mislam deka toa e do hormonite!!! pozdrav
и јас досега немам никаков проблем со столицата ,баш напротив, мислам дека ми се регулира потешко одев пред да забременам
Imam vistinska revolucija vo stomakot...naduen i tvrd mi e stomakot,crevata celo vreme mi krkorat i ima mnogu gasovi.Stolicata mi stana neredovna i taa naduenost mi preci.Sovet?
Јас на почеток од бременоста столицата ја регулирав со јогурт, компот од сливи, цитрони , овошје...пробај да внесуваш многу течности и храна богата со влакна. Нормално е сето ова што ти се случува не паничи, сега цревата стануваат мрзливи, матката притиска, немаат доволно место... Исто и чепчиња сум ставала за одење во вц. Кај мене овој проблем траењше се до 19н кога почнав да пијам магнезиум и многу течности.
И јас имам проблем со тврда столица само ако се напијам кафе тогаш можам да одам во веце инаку може и цела недела да не одам и стомахот ми станува тврд,Сакав да избегнувам кафе во бременоста но ете само тоа го рашава проблемот...
Немам проблем со столицата. Супер све, само не можам да си каснам луто затоа што после си спијам во тоалет на шоља а пусти мерак за лутко
јас цела бременост имам многу чудна столица, преку една ден редовно имам пролив, а инаку нешто помеѓу пролив и нормална столица, и одам по 4 5 пати во денот во вц. Ми одговара моменталната состојба, со оглед на тоа дека кога дознав дека сум бремена ги оставив кафето и цигарите, очекував да имам запек како и вообичаено, но имав среќа, лекарката ми рече дека од магнесолот ми била таква столицата. е сега до крајот имам уште неколку недели па до тогаш ке видиме, во бременоста се е можно, само запек да не ме фати.
Redovno maka macam koga dojde red za golema nuzda.I jas go otkazav kafeto,ne skros,no edno do dve nedelno.I so kafe i bez kafe,nikako da mi se priodi po wc.A koga ke se dese toa,gospod go gledam Pijam i poveke tecnosti,jogurt...ama nema fajde
На хрватска телевизија пред некој ден советуваше еден нутриционист дека најдобро за тврда столица било да се јаде овошје на гладно,посебно од сабајле и после тоа да не се внесувала друга храна наредните 2 часа. за бананата кажа дека е многу корисна и за регулација на столицата и делувала како диуретик ( против отоци) за тоа можам и јас да потврдам за чудо немам отоци а си јадам скоро се ама редовно секој ден јадам и банани,ете има вистина во тоа
и јас да не се заречам цела бременост иц немам мака со столицата , дури и одам по 2-3 пати на ден во вц е сега незнам дали има влијание тоа што пијам и мн вода, а за бананите не сум знаела, а јадам по 2 обавезно на ден, една на сабајле и една на вечер, дури ако не каснам еден ден тогаш имам мака ...