Се спасив со сувите сливи изгледа.. оставам од вечер 4 да киснат во вода и сабајле ја пијам водичката и ги јадам нив.. Подобро е се надевам никогаш нема да се повтори... Иначе @VenusVenus јас пијам кафенце мислам дека до 2 шолји нема гајле.. Поздрав мешковци
Мамички, како се справувате со столицата? Јас мака мачам со запек цела недела, ништо не ми помага. Пробав со храна, модри сливи, јогурт, овошје....пиев евакол и нема резултати. Земав и сируп од смокви и модри сливи, но и тоа не помага. Не можам да го добијам матичниот (ќе му ѕвонам повторно) и затоа вас ви се обраќам за совет. Кој друг лаксатив е дозволен за трудници?
@Mimmi39 земи од аптека сируп Дуфалак, сосема е безбеден за трудници и не е класичен лаксатив, туку само ја омекнува столицата. После 2-3 лажици ќе немаш проблем, препорачан ми беше од гинекологот мене и многу ми помогна
Кај мене од домашните јадења/пиења ни кафе, ни сливи, ни овошје не ми помогна.. ама само што го открив лекот за мене: ептен имав мака ми се поду стомак дури, три дена се мачев, и случајно ми се присака ајвар да јадам (што налутнува) и ме опраи ме среди ептен.
Сите за запек, ама јас ќе прашам за дијареа. 10дена до термин имам, и секое утро имам дијареа. Нормално е?
Sto povejke ovosje i supi. Mene taka mi pomaga odvreme na vreme pa i nesto pojako ama supa jogurt mleko obavezno . 2 do 3 pati
Труби од мене и цел симфониски оркестар деновиве. Дури и напишав еден текст за прдење, од што е комично тажно. Во 13та недела сум, редовна столица, а кога ќе каснам нешто нелегално (чоколатце, парче пица, нешто од мерак), после тоа столицата е баш столица, дрвена. Среќа од кафе, ладно млеко и јогурт се протерувам. Овие неколку дена дека јадам празнична храна, а не внесувам многу вода (моја грешка), знае на два дена да ми дојде столицата. И тоа со дремење на шолја. Гледам да не се напнувам, оти ми создава психолошки притисок тоа, а си каснав баш вечерва неколку суви сливи и испив пола литар јогурт. Некогаш ни треба и раздвижување, оти цревата се успиваат. Па ќе видиме утре дали подморници ќе се десат Докторката тоа ме советуваше - храна богата со влакна, многу вода, многу овошје (наутро прво јаболко, па после кафиња/мафиња) и без нервози.
Оф, мака мачев 8ма и 9та недела со тврда столица. Стомакот ми беше тврд постојано, не можев по 3-4 дена да одам во вц. И прочитав некаде млеко и бисквити помагало, па почнав уште одма, топло млеко и некоку бисквити, за 10 мин со трчање одев Еве уште си појадувам или вечерам така, фала Богу се среди прблемот и немам маки воопшто веќе
Користам криноне гел секој ден с од понед ми дадоа и инекции прогестерон депо на 7 дена.. Претпоставувам тврдава столица и болкиве се од инекцијата? Кај кринонето знаеше некогаш да ми напраи проблем уште и инекцикве сега... Чаре освен суви сливи, компот, и ленено семе??
Ја пијам дабрастон*3,и исто депо на 7 дена,цело време сум со запек. Насабајле пијам топла вода пола чаша со пола линон цеден и 1 лажица мед,само со тоа можам да одам во вц,инаку ни сливи ни киви ништо не ми помага.
Пробај парафинско масло. Мене само тоа ми помага. Го пијам навечер пред легнување, 10-15 ml. Некогаш секој ден, некогаш преку 1-2 дена. Магична напивка е , пробај ја. Безбедно е, од доктор ми е препорачано.
Здраво девојки,темава може не е за ова ама имам голем проблем незнам више кај да се обратам, бремена сум 9ти месец имам надворешни хемороиди и имам неиздржливи болки неможам ни да се движам од болки а во секој момент може да се породам, веќе користам една маст ( не живеам во Македонија и не ми се достапни лекарства без рецепта а докторката ништо не ми препорачува ) пробав и со маслиново масло и мед ама џабе ве молам ако знае некој природен лек нека каже