Не е активна оваа тема , но морам да ве прашам каква ви е столицата по боја??? На почеток ми беше светло кафеава тс нормална. Со тек на бременост потемнуваше. И сега е ми е темна ептен темно кафеава како црна дури. Пијам нескафе и некогаш благи работи може од тоа да е поцрна ама кај мене на секое одење е таква. Иначе течна тврда немам проблем. Само бојата. Можно е да е Хелико бактер??? Хелп девојки. Мислење искуство. Фаллаа
Ако пиеш некој препарат што содржи железо, и тоа ја бои столицата, а за храна знам спанаќот, цвекло, боровинки
Јадев мед со коприва, но сега речиси ич. Ама аронија нагладно обавезно секој ден по 15тина зрна. Може од неа???
Лекови за железо не, но аронија да секој ден. Но и порано јадев аронија, но столицата ми беше светла ...
Многу ми менуваше и на мене до 4ти месец,и црна и зелена знаеше да ми биде. Сега од ампулите за железо повторно ми е темна. Може од аронијата да е. Не се секирај
Се надевам дека е од тоа. Не дај Боже немам некои симптоми или во крв лоши резултати. Сигурно е тоа. Тнххх
Кажувајте лек против запек. 3 дена само се надевам и ништо. А јадам само здрава храна, комплоти, овошје, салата....Благо, грицки, сува храна ни на сон. Сепак ништо не помага.
Го имав истиот проблем до кај 11 недела, без суви сливи во сите варијанти (варени, стоени во ладна вода исл.)неможев никако. Сега сама ми се регулира. Др.рече дека е последица на хормоните што ги пиев, а внимавав со храна и тогаш и сега.
Навечер пред легнување пијам магнезиум.. Утрето, сабајле при прва нужда обавезно имам течна столица(како пролив) Можно е да е од магнезиумот или нешто друго??? Претходно вака секој ден не ми се десило..
I jas go imam istiot problem od hormonite e sigurno deneska mi dade doktorot PSYLLIOX ke probam i so toa zosto ne mi pomogna ni zdrava ishrana ni kompoti ni slivi
А која недела си? Јас 15. Мене докторката ми рече исто од хормоните е, ама не се издржува. Ајде чекам искуство од тебе
TwinsD и јас си нарачав од кесичките. Само да те прашам Др што ти ги предложи гинеколог е? И како се земаат? Колку пати на ден? Извини јас со прашања те бомбардирав.
Kesickite mi gi predlozi doktorot kaj sto go pravev invitroto se rastvara vo edna casa voda posle uste edna casa voda ke ispies i po potreba da gi zemam ednas dnevnojas vcera uspeav posle 3dena probaj so lesno
За регулирање на столицата т.е запекот мене ми помогна мелено ленено семе со јогурт на гладно секој ден ем доручек ем ги чисти цревата .