Морам да споделам искуство. После 2-3 недели тежок запек испробано се од парафинско, маслиново масло, прашок како лаксатив, суви сливи еден тон смокви к. млеко семки и интегрални чуда и на крај излегување само со мокро клизма на 6-7 дена конечно си најдов лек. Сируп смокван.
Да ве прашам нешто сега бев во тоалет едвај некако успеав да ви кажам право имав мн тврда столица дури малку болно...и при бришење видов крв , дали е ова за загрижување да одам на лекар и што да превземам ако и понатаму имам проблем со ова? Или пак сосема нешто друго е проблемот
За мене со тврда столица во бременоста е нормално. Плус имам и хемороиди кои се активираа сега. Мислам нема место за паника. Но сепак види како ќе си утре.
36ta nedela sum, stolicata vo poslednite dve nedeli mnogu mi se izmeni, stana meka ne kako dijarea, samo pomeka e, a sekogas imav tvrda stolica, dali e mozno da e od sumamedot go piev poradi klamidija ili mozebi od magnezium?
Можно е да е од магнезиумот, ако земаш поголема доза. Инаку, како се ближиш кон крајот, нормално е да имаш помека столица, без гајле. Се’ додека не е дијареа, не се секирај
Здраво мешиња, 29+3 сме и некако во последно време постојано имам течна столица или дијареа, тегоби во желудник или грчеви во мешето.. темна ми е столицата (иначе моментално пијам реферум за железо, а пред тоа тотема кои не ги поднесував а некако ни овие.. само две се имам напијано некако се ми е одвратно) приметив и како црни точки или ресички во изметот.. дали има место за паника.. да барам мислење од доктор или...? инаку пред да останам трудна постојано бев со капсови одкако сум бремена дијареа и на почетокот од самата бременост.. ама сега во последно време нз што и да каснам ми реагира де меше де желудник.. некој со сл искуство.. ?
И јас имав сличен проблем во првата бременост. Пиев апчиња за железо и столицата беше црна. Престанав да ги пијам и оттогаш немав проблеми. Продолжив со сируп Легофер.
Majki eve 4 meseci sme... znaci pred 01-02 casot ne e uspana.. eve i 02h pominuva i uste oko nemoze da zatvore..znaci se utepav od peenje, niskanje u kolicka, na krevet, lulka.. jadena, presoblecena, tt super.. i samo kenka i nikako da se uspie. Veke 2 nedeli e vaka...znaci puknav em mi se spie em dusa neam
Со солзи се насмеав. Се познава дека незнаеш каде си бидејќи пишуваш во тема вашата столица за време на бременоста. Дојди си кај нас. Ке те гушнеме. Си се разбираме. Не му откривај на бремениве што ги чека.
Ја читав темава и видов дека повеќето мачеле мака со запек, јас луѓенца со дијареа имам проблем. Не знам дали ми е од стрес моментално од што ми почина пред некој ден блиска личност и од тоа се јавува, и башка е еднаш до двапати на ден. Читав глупости на интернет дека правела дијареата спонтан па се испоизвадив од памет асално и ми треба некоја да пише ако имала набрзо дијареа дека е се ок . Уште ова ми фалеше дека си немав без тоа стресови.
Не се плаши,јас цело прво тромесечие имав дијареа(течна столица).Наутро трчав во вц,но немав никакви пропратни тегоби. Сега во 2ро тромесечие почесто имам запек,прогестеронот прави да се стега дебелото црево,плус матката притиска таму. Гледај да си хидрирана,покриена со витамини,и уживај,се ке биде во ред
Нормално е, и јас имав течна столица цел прв триместар. Вториот некогаш ептен тврда, некогаш многу течна, крај да не може човек да фати Сега како влегувам во трет триместар, мака мачам со запек. Смрт ми е секое одење во тоалет Ах, убавините на бременоста
Девојчиња малиот ми имаше запек скоро 1 година, не прашувајте што се поминавме... На крај му најдов лек сабајле во чај една лажица сусамов Таан и плус мајка една ми рече 4 Вида семиња да му ставам по една лажичка во јадење и замислете регулираше. Не знам дали смееме бремени ова да земаме, мада мислам дека е се природно ( 4 семиња се сусам, сончоглед , семки од тиква и ленено) ама прашајте ако не ви дозволат гинеколозите ќе се спасите одма. За тоа јас можам да посоветувам. Ви благодарам лепотици, ме утешивте и вие и матичната, толку се преплашив сабајлево , депресија ме акна мислам од лоши мисли.
Мислам дека може се’ што наброја. Јас пијам јогурт со ленено семе, и ми помага. Го пиев и со ќерка ми кога бев трудна, и сега со второво. Навечер пред спиење пијам, за до сабајле да проработи
јас имам тврда столица отсекогаш па и сега ми продолжи во бременост, идам во вц на 3 дена..кажете што да јадам за да се регулира?
Сите ве читам со некоја мака за столицата, мене како и претходно, нормална ми е. Јадам храна полна со влакна, јадам разни манџички со месо и без месо, свежо овошје обавезно секој ден. Плус, мислам дека и магнезиумот ја регулира, пијам двапати на ден, наутро и навечер. Прогестерон примам од самиот почеток, прво секој ден Пролутекс, па наизменично еден ден Пролутекс и еден Депо, па на два дена наизменично, па Депо на 4 дена и дури сега еднаш неделно Депо. А до пред една недела трипати на ден плус и Утрогестан, а сега конечно двапати на ден. Прогестеронот знае да ги успори цревата, нормално е, но кај мене нема таков ефект и мислам дека исхраната има големо влијание, барем кај мене. Да додадам, секоја вечер по еден пробиотик пијам во кој има и влакна, па можеби и тој има таков ефект.
Каков пробиотик пиеш @0ли ? Треба и јас да земам, не ми текнало ич. Многу мака имам со тврда столица деновиве, и знам дека третиов триместар ќе биде вака. Истово го поминав еднаш веќе, како се ближев кон крајот, се’ потешко ми беше Инаку да, и магнезиумот многу помага. И него навечер го пијам за да немам мака сабајле.