Јас да не се подречам - си додам во веце по два пати па и три пати на ден се надевам до крај ќе биде така
Леле јас не јадам месо и мојата храна се базира на овошје и зеленчук. И претходно не сум имала проблем со столица али сега ќе полудам. Вчера дури си направив смуди кои обично ме протерува. Ама ништо вчера не се деси. Ама затоа денес... Бев неколку пати во вц и стомакот ме искина од гасови. Се зафркнав гадно со смудито. Следен преглед ќе барам и јас пробиотик вака не се живее. И магнезиум пијам и се што набројавте и џабе....
Здраво на сите ја сум 9 недела бремена, од осмата недела ми почна проблемот со тврда столица, веќе цело време сум на чепчиња и клизми, само со нив одам вака неможам а и не јадам многу нуждата ми е мека од магнезиум што пијам но ете неможам кажете што да правам како да се средам на нормален начин да одам во тоалет
Мислам дека за секој е различно само треба да си најдеш што тебе ти помага. Сум пробувала многу работи што ме советувале ама луѓе како мандарини што ми помагаат ништо друго Јадам 2-3 и цел ден од вц не можам да излезам, се осеќам попразна за 2 кг.
Свари си компот од суви сливи, пробај и со тоа. Потоа и водата испиј ја и сливите изеди ги. Ама не еднаш и толку. Јади зеленчук и динстан и свеж, редовно. Полесна храна, супи.
Иста сум и јас, и сливи јадев и компот од сливи правев како што кажа Оли Првите три недели ми сметаше сеа се навикнав. Матичната ми даде таблети ама не сум ги купила Иначе единствено што ми помага е течна храна па јадам колку можам повеќе. И на моите расолницата кога ја пробав и тоа ми помогна за тој ден, ама они не ја солат многу и не ми сметаше да ја пијам. Едит: И луто ми помага исто, ама ми е страв да не претерам, по 3/4 пиперчиња лути од тегла јадам
И пиперки помагаат, не знам дали има уште по пазариве, тие баш се добри за столицата, црн патлиџан, тиквици.
Јас бидејќи си замрзнав домашни и користам од нив, врска немам дали има уште. Ама ете, супер штом ги има, одлични се за столица. Особено ајварките ми се вкусни
Девојки мене за опстипација мн ми помогна маслиново масло. Една ракиска чашка на гладно. Парафинско знам дека е лаксатив ама во бременост дали смее не знам. Маслиновото е сигурно
Добра идеја е и ладно цедено маслиново. Секое утро по една лажица масло ставам во цеден лимон за да можам да го испијам.
Лажица маслиново може и во супа, не се осеќа ич така. Ова од @duffi ми е совет кога разменувавме мислења во првата бременост, и го применувам и во оваа кога имам проблем со опстипација. Стварно помага. Една чинија супа со лажица маслиново. Друга алтернатива (фармаколошка) е Дуфалак сируп. Не е лаксатив, туку е многу поблага варијанта и служи само за омекнување на столицата и полесно празнење (муабетов ) Од доктор ми е даден и комплетно безбеден за трудници, ама само за итни ситуации, кои вклучуваат болки заради опстипација и ништо друго не помага. И е одвратно гаден, ист е како глукозата што се пие кога се испитува скриен шеќер. Шербет
Знам за сирупот мене ми го дадоа исто кога имав херпес во интима благ е но не ми помага многу само гасови и омекнува
За опстипација многу помага кефир со ленено семе на сабајле на гладно срце.Само лененото семе да биде сомелено сабајлето
Мене верувале или не ми помагаше чоколино,медолино,кексолино,како и магнезиумот,дури имав и потечна столица баш во бременоста,а пред тоа обична столица.