Девојки кажете нешто што помага против запек ? Со денови неможам да одам во тоалет а ми е страв да напнувам да не си направам проблем.
Многу чудна столица имам. Потемна многу, на почеток имав запек страшен, сега дијареа почна да ми се појавува. Никогаш скоро не ми е нормална столицата..
Јади повеке овошје пример јаболки банани и секое сабајле кефир со мелено ленено семе.Мене тоа ми помогна
На мене таков проблем ми правеа апчињата што ги пиев за железото. Откако ги прекинав немав проблем со столицата.
На мене многу ми помагат суви кајсии и суви сливи , а имам проблем со запек ги јадам и за 3 4 часа веднаш сум по вц.
32 недела сум, вчера и денес столицата ми е темна, скоро црна. Од апчиња земам само витамини и магнезиум. Немам тврда столица, нормална ми е, само ме загрижува бојата. Во однос на исхраната немам ништо променето, освен што овие денови јадам повеќе марула и младо кромидче.
Ако не грешам таква столица мене ми се јави откако воведов железо суплименти,од кога влегов во 7 ми месец.
Јас го најдов спасот против тврда столица. Големи маки мачев додека не почнав да го пијам ова сокчe од цвекло, по 1 чаша секој ден и ми се нормализира столицата.
Каде го има да се купи, да го барам уште денеска не памтам кога имам прочистено стомак у 3 дена излегувам и тоа со зор мачно е ?
Веро, Рамстор, Кипер а можеби го има и во некои аптеки на Зегин, ама во маркетиве што ги набројав со сигурност го има. А штом не си била 3 дена во вц, ти препорачувам две чаши да испиеш првиот ден.
@Anaouou Земи си лен и дома тазе мели си по 50 гр. по потреба, ставај една лажица во 3-4 лажички кисело млеко. Купечки сокови имаат шеќер и внимавај ако имаш скриен шеќер, не знам каква ти е ситуацијата со тоа. Ама ете нека стои како совет за тие што имаат проблем со столицата во бременост, а не сакаат или не смеат да внесуваат шеќери.
имам проблемм ... Јадев аронија неколку зрнца пред 4 дена подсле тоа јадев капинки , и подле тоа пак капинки скоро цел тањир длабок па сега изметот веќе недела дена ми е во црна боја , и да напоменам пијам апчина за железо моментално сум 22+5
Не се секирај бидејќи викаш дека пред 4 дена си јадела аронија а после тоа капини така да затоа цела недела ти е така