И јас приметив дека ако јадам банана сум ок, иако некои бананата ја користат кога имаат дијареа.. Чудно ми е мене тоа, можеби поради тоа што мене инаку ми влијае.
Луѓе ова што го кажа претходно Роза помага ,еве јадам од сабајле два дена века овошје и после околу 2 часа не јадам ништо друго и полесно ми е за во вц ,инаку имав проблем со тврда столица
Мене ми помага цитронот, навечер ке си изедам половина цитрон и сабајле леснење, а и во текот на денот си јадам по нешто овошје.
http://www.coolinarika.com/recept/banana-izvor-zdravlja/ еве јас пак со бананиве, се опседнав значи имало нешто многу вкусно и ептен корисно девојки удрете по бананите тука пишува и дека се богати со железо,го намалуваат крвниот притисок, ја подобруваат работата на срцето, помагаат при киселина во желудник, ја регулираат столицата.... се што ни треба на нас трудниците ( извинете, знам дека забегав малку од темава)
I jas pijam magnezium ama i nataka imam tvrda stolica,a baska sega od zelezoto i bojata mi e promeneta.Maka macam so sekoe idenje po golema nuzda.
Жени, јас сега имам подобра столица него претходно... ме чуди дали е тоа нормално,ама јас си се радувам бидејки претходно имав и мрзливи црева и тешко излагање а сега ми се случува во денот и по неколку пати и нормално , ни тврдо ни многу течно
За тврда столица во бременост само киви е лекот, а посебно сега овој период кога нема многу избор на овошје. Наутро на гладно 3-4 киви и за максимално 24 часа ќе немате ниакаков проблем, ова е проверено, 100% помага. Помага ако се внесува и во тек на ден, не мора да е на гладно.
Леле луѓе, јас 9 месеци пролив имам . Да незнае човек што е подобро,запек или пролив. Пробувам на секакви начини да го ,,исконтролирам,,проливов,ама нема шанси. А колку е досадееееен........баш како пролив
мешиња ајде помагајте ... столицата пред бременоста ми беше катастрофа ... сега од кога сум бремена ми е уште покатастрофа ... целата сум издувана,цревата ми кркорат ,имам гасови, се мачам никако не одам во вц,а ако продолжам вака до крајот ќе станам како буренце
Blagica jas isto kako tebe src dva pati nedelno Podobruvanje vidov koga piev kalcium I magnezium si rastev do 2-3 kg mesecno,vo w.c odev sekoj den I sega koga gi prekinav pak po staro I kilazata 4 kg predprosliot 5 kg prosliot e taka 9 kg za dva meseci katastrofa ,eve I ovosje I zelencuk sekoj den konsmiram za dzabe,ne e za dzabe krvta mi e koska
Пред да останам бремена столицата ми беше катастрофа.. ако одев по голема нужда еднаш неделно. Откако останав бремена столицата ми се подобри, секојден бев си одев во веце, ама сега.... пак по старо. Едно време имав пролив, па запек... па сега со сила ако одам два пати неделно. Колку што сум информирана сета таа промена со столицата е во ред.. само најдобро е да се консултира гинекологот. Така да деновиве ќе одам на еден информативен разговор.. бидејќи готово.. стомакот ќе ми експлодира.
И пред бременоста и сега истата ситуација, еднаш неделно само. Само што сега ми е полошо од што напнувам ми се појавија хемороиди. Внесувам од храна се што е препорачливо,ама ете таков ми е организмот
Хемороиди и запек Ако сте разговарале барем со неколку бремени жени, сигурно сте слушнале најразлични приказни за проблемите запек и/или хемороиди. Повторно виновници се хормоните кои ја забавуваат работата на дигестивниот тракт. Не се срамете и разговарајте со вашиот гинеколог доколку имате проблеми со тврда столица или нередовно празнење на цревата. Совет: Намалете го ризикот за појава на хемороиди со тоа што ќе го избегнете запекот. Консумирајте храна богата со растителни влакна и не дозволувајте дехидратација на телото. Не заборавајте дека трудниците треба да пијат повеќе вода од вообичаено.
откако престанав да ги пијам магнезиумот почнав да имам проблеми со тврда столица ,инаку претежно сум на салати ,супи за вода да не зборувам колку пијам , ама ете хемороидите пак се тука и баш како што пишала Екатерина мене ми беше срам да разговарам со гинекологот ,ама па и самиот виде дека имам хемороиди и ништо не ми кажа , а за проблемот со столицата ,што да кажам уште од првите недели ми сугерира на здрава храна богата со природни влакна ....
Причини за појава на запек Најчести причини за појава на запек се: недоволно внесување на течности или дехидратација; недоволна консумација на храна богата со растителни влакна; отсуство на физичка активност; синдром на нервозни црева; промени во начинот на живот (диета, патување, бременост и сл.); стрес; игнорирање на потребата за празнење на цревата или одложување на празнењето; честа употреба на лаксативи; болести на тироидната жлезда (хипотироидизам), Паркинсонова болест, висок крвен притисок, депресија, хемороиди; одредени лекови. Како да си помогнете? Во повеќето случаи доволни се едноставни промени во исхраната и начинот на живот за да се подобри состојбата и да исчезнат непријатните симптоми на запек. Но, ако таквите промени не ја подобрат состојбата, понекогаш потребен е и медицински третман и примање на лаксативи. Еве што можете да направите сами за да си помогнете: Консумирајте храна богата со растителни влакна. Најдобри извори на растителни влакна се: овошјето (јаболка, црни сливи, круши, кајсии, портокали, банани), зеленчуците (домати, брокули, спанаќ, карфиол, моркови), мешунките и житарките. Внесувајте помалку шеќер. Луѓето кои консумираат повеќе шеќер почесто страдаат од запек. Ограничете го консумирањето на шеќер, сладолед и слатки. Вежбајте редовно. Пешачете неколку пати во денот по 10-15 минути и ќе ја подобрите работата на дигестивниот систем. Ако сте физички активни, насочете се кон аеробик вежби, трчање, пливање или танцување. Се смета дека одредени јога пози ги олеснуваат симптомите на запек. Пијте доволно течности. Колку течности треба да пие едно лице зависи од многу фактори како пол, возраст, здравје, физичка активност и други фактори од околината, но општо прифатено е дека треба се консумираат 8 чаши вода секој ден. Ограничете го консумирањето на кофеин (кафе, газирани сокови), затоа што кофеинот може да предизвика дехидратација. Не ја игнорирајте потребата за празнење на цревата. Колку повеќе чекате, толку повеќе вода се апсорбира од столицата и таа станува потврда. Се разбира, кога немате пристап до тоалет ќе мора да одложите, но посетете тоалет при првата можност. Избегнувајте ги строгите диети. Многу девојки се изгладнуваат со цел да ослабат и тоа може да предизвика нарушување на работата на дигестивниот систем. Избегнувајте ги диетите кои не вклучуваат храна богата со растителни влакна. Домашни лекови Мед и топла вода. Измешајте една супена лажица мед во топла вода и испијте ја смесата наутро. Лимон и топла вода. Се смета дека и мешавината од сок од лимон и топла вода помага против запек. Сусам и ленено семе. Измешајте малку сусам и ленено семе и изедете ги. Сончогледово масло. Многумина тврдат дека сончогледовото масло им помага при запек. Консумирајте 2-3 лажици масло дневно. Пред да останам бремена бев на една диета препорачана од нутриционист.... бидејќи имав катастрофална столица ми препорача секое сабајле да пијам сок од цеден портокал со една лажица ленено масло плус 5-6 суви сливи... верувајте дека за неколку дена столицата ми се подобри. Сокот со лененото масло е малку одвратен ама помага.. пробајте.