Мене најмногу ми помогна Микрон кремата на прородна база во вторава бременост. Пред тоа се испробав џабе беше се.
Луѓе, два дена си ги слушам цревата, имам течна столица, мислам дека ако прднам ке се и...кам, инаку сум средина 9ти...некоја да се соочила, мислења...
Dobro vecer vejke vtor den imam crna stolica, SI odam normalno sekoj den megjutoa bojata malku me zagrizuva Dali nekoja trudnica imala vakov problem? Vi blagodaram
Да не пиеш некој препарат за подобрување на железо? Тие суплементи знаат да направат таква промена во бојата на столицата.
Не сум имала ваков проблем, мене обично ми е доста темна ама не црна. Ми се има случено кога сум пиела активен јаглен, но не во бременост. Но, сум читала дека може црна столица да е предизвикана и од суплементи со железо, па ако примаш дополнително железо можеби е од него.
Откако почнав со суплементи за железо ми стана црна, може од тоа да ти е. Ама сепак ако не пиеш железо оди на лекар за консултација.
Здраво девојки, да ве прашам дали парафинско масло е безбедно за пиење во бременост? Неколку пати го прашав гинекологот ама не ми одговори. Ми рече суви сливи. Јас пијам и компот од суви сливи, и јогурт баланс и ленено семе и смокви, но не ми помага ништо од тоа. И претходно имав такви проблеми, но сега ептен. Благодарам.
Мене ми дадоа да пијам, зошто цела недела немав отидено во вц, а бев 7ми месец и ми рекоа не смеам чеп да ставам зошто можело да предизвика контракции и ми рекоа само парафинско масло, 1 голема лажица наутро една навечер. Тек по 24 часа од првата лажичка конечно отидов во вц.
Само тоа и смееш парафинско масло. Мене ми помага јас по една мала лажичка пијам секој ден плус и го олеснува одењето во вц немаш чуство како да раѓаш
Остај, претходно исто ми дадоа, по операција на жолчка трипати по три големи лажички на ден цел месец и можам да кажам дека се нормализира. Некој на таа количина нема да излезе од вц а јас речиси до нормално стигнав.Сега со сите овие работи одам секој ден или на два три дена но многу тешко, се мачам и ми е страв да не направам друг проблем. Затоа уште одма прашав гинекологот тој пак од каде сега тоа, како единствена да сум во светот ) и мислам да си пијам на своја рака, ама пак да прашам. Фала ви и на двете за одговорите
Оо значи доста ве имало како мене..цел живот лесно си "бркав" работа во тоалет, ама од почеток на бременоста такво мачење лелее пред некој ден окапав, па кога реков да плачам, да не му наштетам на бебе баш беше ко пораѓање Дај оправете ме какво е тоа масло, како се пие, каде да го најдам? Леле да не е форумов...среќа што постои и искуства се споделуваат
Ги има во аптека мали и големи пакувања. Јас 1 литро земам има за долго време мислам околу 300 денари беше, не се сеќавам. Се пие како сакаш насабајле навечер по 1-2 лажички. Пишува дека не се врзува за организмот, само минува низ дигестивниот систем и го олеснува празнењето. Е сега на почеток нема одма да осетиш можеби за ден два па планирај си да имаш тоалет на располагање во близина. Кај сите различно пробива
Јас сум 9+ пред да останам столицата и подуеноста многу ми се среди со Фиброгелот на Митов,што и да јадев одма во вц,и никакви гасови. Го прашав гинекологот дали може кажа подобро со рициново масло да пробам,јас после пораѓај многу проблеми имав,запек хемороиди, плус сечена бев 5 см.буквално неможев ни по мала да појдам после ми кажаа дека било нормално тоа пролив ме фати само пред да се породам самото тело се спрема. Сега се надевам подобро ке поминам ко поискусна
Го користев претходно, ама сега морав да прашам дека е нафтен дериват, но се користи и за медицински цели и во козметика за креми. Докторот не сакаше да ми потврди. Тој мисли лесно е. Не верува дека е голема работа за нас, поготово стравот и тресењето нозе и вознемиреноста. Се ти паѓа на мисла и што треба и што не треба. И сливите помагаат и смоквите, но кога не вршат и тие работа, зарем треба да се мачиме. Сигурно нема некоја да пие ако не треба и не смее. Место да читам за доење и за како се чува бебе, јас барам објави за констипација ) и за работи што не не треба да ги знам. И после ми вика не читај толку доктор ли сакаш да станеш...