Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вашата столица во бременоста

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 5 јуни 2012.

  1. misli_si

    misli_si Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2020
    Пораки:
    509
    Допаѓања:
    393
    Пол:
    Женски
    Би сакала да информирам дека гинеколозите (моите) не препорачуваат парафинско масло, рекоа подобро било сливи или ако ептен мора чешниња за трудници. Можело од парафинското да се предизвика дијареа итн. Јас пиев пи една лажичка, но планирам да не пијам веќе и ако морам ќе се обидам со чешниња.
     
  2. Konstrakta

    Konstrakta Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    2.192
    Допаѓања:
    3.053
    Пол:
    Женски
    Какви чешниња?
     
  3. misli_si

    misli_si Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2020
    Пораки:
    509
    Допаѓања:
    393
    Пол:
    Женски
    Чепчиња за трудници.
     
  4. misli_si

    misli_si Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2020
    Пораки:
    509
    Допаѓања:
    393
    Пол:
    Женски
    Чепчиња за трудници
     
  5. Konstrakta

    Konstrakta Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    2.192
    Допаѓања:
    3.053
    Пол:
    Женски
    Не знаев дека е дозволено. Јас во 7ми кога страдав од страшен запек, ми рекоа само парафинско, друго никако
     
  6. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Не смеат зошто предизвикуваат контракции затоа не ги препорачуваат во бременост. Баш прашував и за алкалакс ми рекоа никако само парафинско по 1 лажиче ако имаш запек, а не како терапија да го пиеш секој ден.

    И да точно е ако го конзумираш една недела (јас толку го пиев) секој ден може да предизвика дијареа ама не во смисол како стомачен вирус кога имаш па да те исцеди туку еднаш во денот ќе ти биде течна и ќе знаеш дека не треба да пиеш.
     
  7. Konstrakta

    Konstrakta Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    2.192
    Допаѓања:
    3.053
    Пол:
    Женски
    Па и јас така пиев 2 дена сабајле навечер по една лажичка и по 2 дена конечно отидов во вц по една недела тортура
     
  8. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Јас дури и прашував и чеп ако не протера(зошто на пораѓај не ми делуваше) дали смеам и клизма само ме погледнаа на косо и рекоа нормално дека не ќе си јадеш течна храна, суви сливи, грејпфрут(и ова помага) и парафинско. :) Пак ќе кажам парафинското масло не е терапија за секој ден туку по потреба.
     
  9. misli_si

    misli_si Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2020
    Пораки:
    509
    Допаѓања:
    393
    Пол:
    Женски
    Во ред само сакав да информирам што ми кажаа, не рекоа дека не е дозволено но подобро било со чепчиња, и се разбира компот од сливи
     
  10. popins

    popins Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    250
    Dali ako odis na dogovoren carski ti treba da stavis cepce?
     
  11. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.557
    Допаѓања:
    8.128
    Пол:
    Женски
    Зависи каде,незнам дали е секаде исто.
    Во Чаир ми ставија клизма вечерта пред царски.
     
  12. *Amethyst*

    *Amethyst* Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2016
    Пораки:
    1.780
    Допаѓања:
    9.932
    Пол:
    Женски
    Мене сега за сега ми помагаат суви сливи и планирам да продолжам со нив. јас и претходоно си имав проблеми.
    Ама пијам па и чај и многу вода.
     
  13. Kikikikiri0405

    Kikikikiri0405 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2016
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    953
    Пол:
    Женски
    Devojki mala pomos, bremena sum 10nedela otpilika na 2 dena vo wc, so nenormalna poduenost i krkorenje na crevata i site tie raboti makar i predhodno go imav toj problem. Samo sega primetiv i nesto belo kako sluz nezz mozno li e od vaginaletite da e, otpilika 2 pat go pirmetuvam
     
  14. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Нормално е се :)
     
    На IvIv и Kikikikiri0405 им се допаѓа ова.
  15. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.172
    Допаѓања:
    147.908
    Пол:
    Женски
    Жени, некоја со дијареа да се справува?
    Јас пак имам од вчера, ќе пазам на исхрана нормално, не ми е често многу, ама не знам дал смееме јагленче да се напиеме.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.385
    Допаѓања:
    126.531
    Koja nedela si?
    Jas imav so dvete pred porajgaj.
     
  17. BoNaNa123

    BoNaNa123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2019
    Пораки:
    250
    Допаѓања:
    294
    Пол:
    Женски
    Можеш да земеш некој пробиотик неколку дена додека се регулира столицата, мене ми го препорачаа Multilac, и до сега многу ми има помогнато.
     
    На LadyC му/ѝ се допаѓа ова.
  18. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.172
    Допаѓања:
    147.908
    Пол:
    Женски
    37+6 мила
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Gokaaaaaa

    Gokaaaaaa Активен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2023
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Дали течна столица по неколку пати во денот може да биде знак за рана бременост? Знам дека може да биде и стомачен вирус, ама желбата за мајчинство си го прави своето за да во се сѐ посомневам, дека ете може сум бремена.
     
  20. Resident Evill

    Resident Evill Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2015
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    44
    Пол:
    Женски
    Јас сум 7ма недела бремена и можам да кажам дека се исцедив секој ден со пролив уште од 3та недела (извинете на речник) и не знам колку е тоа нормално, едвај чекам да отидам на следна контрола и да прашам.
    Не знам дали има улога од што пијам ПреМама + метилирана фолна + метилкобаламин + витамин Ц и боцкам клексани + утрогестан 2 пати дневно ставам ама терапијава не смеам да ја прекинам поради генетски мутации и претходни неуспешну бремености.
    Еве некоја членка ако минала низ исто, би сакала совет.