Бремена 8ма недела, црна столица запек не идам во тоалет и по 5 дена напочеток се напнувам после е лесно и на почеток е црна со лош мирис после нормална боја .Од вит.пијам фолна, б12, пре мама дуо. Цел живот нормана столица и по два пати на ден без никаков проблем. Некој со сл.искуство пред да идам на лекар.
Kompot od suvi slivi. Svari si 6-7 slivi, ispij ja tecnosta i posle izedi gi slivite. Treba da pomogne. Jas po 10 dena ne sum mozela
Имам и јаболко ќе пробам. Синоќа пиев расолница и јадев од зелката па да видиме. Ова е навистина мака
Знам, пекол. Јас седев на шоља и плачев. Си викав ако ова е вака болно, како ли е на пораѓај. Ама жени.. мора да истрпиме се.
Акп пиеш нешто за железото тогаш столицата е црна.Јас пијам тотхема ампули за железо и имам црна столица.Јас 2 семестар имам малце проблем со запек ама јадам секој ден 1 до 2 сливи,јогурт,по една чаша потечна храна и користам магнезиум цитрат и на 2 до 3 дена одам во тоалет.
@jagoda777 Прочитав се мачиш со проблемов...и јас од прогестеронот имав проблем па да не речам цело прво тромесечие, и јас јадев и пиев скоро сè како тебе, а приметив ми помогна многу салце од домати, домашно. Ако имаш пробај и со тоа. Ќе си потрае проблемот додека земаш прогестерон, ама земај повеќе нешто што ќе ти олеснува, можеш и сок од праски почесто, тој знам помага. Биди упорна со нешто што гледаш дека помага и ќе си олесниш.
Минатата година и јас бев трудница, не сум паничар по природа, ама како за прв пат трудница имав многу нејаснотии, така да знам низ што поминувате, што можам ќе помогнам бар од свое искуство. Лесна бременост
Верувајте ова е хаос, сестрата кај матичната е скроз незаинтересирана и само како папагал како ќе ти речат од систина така овде ќе дојде на пап и брис во 12недела.Сама на себе оставена лутам читам си го замарам мозочето и се секирам нема кој да те води да ти кажува што треба.
Иста мука, 36 недела ме исцеди последниве 3-4 дена. Пазам шо јадам, пијам про лајф по 2 и џабе. Денес сум на преглед па ќе и кукам на докторката. Болки, грчеви тоа ништо немам само одеднаш гасови и трчам у вц да не напраам беља
И јас да споделам кој е со запек и мака мачи,нема што не пробав ништо несака.Најпосле прочитав за киви и пробав и навистина имаше ефект. Така да пробајте сигурно ќе делува на гладно од сабајле две три киви и сигурно до утредента ќе појдете до вц.
Мене кива не ми помага ама приметив овес и јогурт со банана позрела кога јадам за доручек следен ден без мака одам. Примав пролутех од него имав запек страшен. Ми го прекинаа немав толку, сега пак почнав со боцкање и одма денес мака а не јадев ни овес ...и цркнав ...