Скоро од почетокот на бременоста мака мачам со нередовна столица и запек. Исхраната ми е прилично избалансирана. Апсолутно се што можев да пробам е пробано: ленено семе со јогурт, сливи, многу вода, магнезиум цитрат, салати редовно, течни оброци колку што можам повеќе, компоти, обавезно секоја вечер киви и јаболка по еден тањир итн. Се од набројаното, помогнало еднаш до два пати и толку. Даден ми беше пробиотик Биофемин, за таа намена, и првите десетина дена, навистина столицата се среди, почнав да одам секое утро, нормално. Но, последнава недела пак е по старо, дури и полошо, чувствувам силна болка, а вчера и денес и анално прокрварив вршејќи нужда. Се слушнав со матичниот, тврди дека пробиотикот им е еден од најдобрите за трудници бидејќи покрај цревната влијае и врз вагиналната флора и дека се уште е рано бременоста да предизвика толкав запек. Упорен, внимавај на исхрана, земај ова, земај она. Како да не можам да го убедам дека се правам и се пробувам а нема ефект. Како да му се чини дека секој ден сум на хамбургери и пици. Не знам како да си помогнам. Се плашам дека ќе ми се појават хемороиди и ќе настанат дополнителни проблеми.
Цедени сокови внесувај многу, свежи урми, суви сливи потопи во млака вода да стојат 24 часа, потоа и сливите и водата ја пиј. Пробај исто детски каши од слива. Од стасана зелка ако можеш водата да ја пиеш расолницата. Повеќе на манџи, зеленчук и овошје биди. Јас во бременоста имав запек, од човек со брз метаболизам, мислам дека ѕвезди броев кога одев во ВЦ. Тешко е многу
Од набројаното не сум пробала само со детдка каша од сливи. За расол, исто, ќе земам од кај мајка ми. Ти благодарам за препораките.