Ти благодарам Екатерина ова за лимонот и медот не го знаев ,баш ке пробам со топла вода , инаку редовно дома имам и конзумирам мед а лимони имам две големи дрва и цела зима свежи лимончиња ,инаку страшна работа деновиве запек и хемороиди
И јас имам запек... па провил, па пак запек... па не одам во веце долго време... па кога ќе отидам запек.. ми беше во ред столицата па сега ми се испоремети.. ќе почнам и да ја користам нешто за регулирање .. уште хемороиди ми фалат.
море у пм не помага ништо. пред малце си ставив чепче изедов една тегла компот од црни сливи , 2 портокала , млеко и не можам веќе ќе пукнам а резултат нема
Ќе ти помогне компотот, ама дај пиши од кај го зема за да ги земам и јас (ти пишав и во симптоми на бременост)
не знам што се случува пишам во една тема а мислењето ми се префрла во друга инаку компотот го има во суперкаркетите поголеми а докторот ми кажа дека е поубаво да си купам суви сливи во пакетче и да ги сварам . убаво е не е лошо
Mene za reguliranje na stolicata mn.mi pomaga kompot od suvi slivi,a isto taka i jogurtot.Pijte sto poveke tecnosti i vnesuvajte produkti bogati so rastitelni vlakna.
Јас имав проблем со столицата. Често ме фаќаше запек. Ама за среќа, немав тврда столица. Освен во трет месец. За да немате проблеми со запек и тврда столица, пијте многу течности, особено вода. Јадете храна богата со влакна, најмногу овошје и зеленчук. Избегнувајте сува храна, грицки и благо. За запек помага компот.
утрово на хартијата забелезав крв ем тоа не малце туку убаво ... некако немам болки ... можно е да се хемороиди ? уште они ми фалатв
Мене ми помага не само компот од сливи туку и мусли. Јадам секој ден по една шоља мусли со јогурт и столицата ми е ептен редовна, дури поредовна од пред да останам бремена.
Крв во столицата се појавува кога таа е тврда. Понекогаш не се чувствуваат болки. Ако почувствуваш болки, тогаш значи дека имаш хемороиди. Прашај во аптека дали смееш да пиеш Парафинско масло. Тоа многу помага за запек и за тврда столица.
И јас имав проблеми ама ми се нормализира, одам дури и поредовно од претходно. Мене ми помагаат суви сливи. Навечер ќе ги прелиеш со врела вода и ги оставаш до утредента, се пие на гладно и за 1 или 2 саати веќе има ефект . Исто така 1 лажица мед во топла вода да се раствори и испие, и ова наутро на гладно и доста течности особено вода, цедени лимони. И избегнувај газирано
До сега немав разлика во столицата, но еве последниве неколку дена, само одеднаш нагло ќе осетам јака болка во стомакот-што прво ме штрекнува дека е до бебушот нешто недај боже...и одбосле по една минута кога ќе осета потреба за голема нужда ми олеснува од помислата за бебушот, ама пак ја приметувам разликата, дека не е во нормала, туку е поретка...не е вода далеку од тоа. Ама ете по ретка си е столицата. Имам читано дека е нормална појава за промена во текот на бременоста? Но ете сепак ме интересира вашето искуство со вакво нешто...иско повеќето ве читам дека сте имале проблем со тврда столица.
Јас до 15 недела имав поретка столица, а сега војна водам секое одење во тоалет... Се што треба ми е вметнато во исхраната, незнам што сака ама ете, веројатно бременоста си го прави своето. Јадам сливи многу и мене тоа ми помага ептен. Пробај со јогурт со пробиотик, мене ми помагаше.
јас пак пред да останам бремена имав многу стално проблеми со тврда столица и така нкогас си се маЧев по два три дена,а сега обратно немам никаков проблем секој ден си одам и тоа по неколку пати знаЧи убаво ми годи бременоста .
јас немозам по цела недела да си појдам во wc и по една недела кога одам и тогас се мацам да се олеснам катастрофа
и мене ова истово ми се случува и тоа сега овој месец.првите три месеци мака мачев тврда столица и хемороиди.а сега секое утро за добро утро мислам дека ми е од магнезиумот оти претходно порано кога примав имав пролив упорен,а сега не така течно и ми одговара полесно се чувствувам.