Офф ти благодарам. Анастасија, јас претходните недели се намачив реално. На мене многу ми помогнаа сувите сливи, јадам по пакетче на ден 200 гр.и сега е многу подобро. Пробај вечер изеди едно пакетче и види како ќе ти реагираат. Можеш и свежи, јас дека немам затоа јадам суви. Без сливи не се оставај.
Лелее јас маки мачам со тој запек, никогаш сум немала таков проблем, но од моментот кога дознав дека сум бремена си трае се пробав и сливи и кајсии и течна храна ама спас нема...мора пак да прашувам на лекар нешо да ми дадат вака не иде
Штом си пробала се и немаш помош од ништо ти ги препорачувам глицеринските чепчиња што ги спомнуваше @alisijad во темава. Потполно безбедни за бременост. И јас ги земав да ги имам за секој случај.
Luge i jas nemam mir eve maka macam 15-20 dena i slivi, jogurti, tecnosti nisto.. na doktorot se pozaliv mi rece moram da vnimavam na hrana samo.. a imam strasni tegobi :'( tolku mi e maka mi e strav od naponi zasto prokrvarev skoro i nanikade :'(
Мене слично ми се случува Бремена сум 5 ипол месеци меѓу тоа не секој ден ме боли стомакот премногу истовремено и течна столица и повраќање се плашам да не е и пораѓајот таков!! Дали на некој им се случило истото
И јас често имав течна столица со првата бременост, повраќав па цела бременост, но не пазев што јадам. Еве втор пат бременост, гајле немам... но приметив краставички од тегла и свежа краставица ми прави таков проблем и ја исфрлив од исхрана, се што така ми смета ке го тргам од трудничко мени. На пораѓај немав гајле Клизма ставаат, се празниш пред раѓање... а за повраќањето си повратив на бокс во лимено такво ми дадоа и после раѓав
Што е тоа клизма, како изгледа? Претпоставувам се става во анусот или не? И прво ќе треба да одам во веце па да раѓам?
Без грижа, сега се посовремени и кај нас, ти даваат инекција само Секако, ако е планиран царски, пред операција гладна ќе бидеш
Верувај, колку и да ти кажуваат и мислиш дека знаеш - за првиот пат не знаеш воопшто. Се ќе си биде како што треба, природна работа Со лесно да е само, инаку секој пораѓај е пријазна сама за себе
Па незнам колку се посовремени во Чаир, ама другарки раѓаа скоро сеуште клизма ставаат. Јас па бев во веце пред да ми стават... почна да притиска бебето додека лежев на патолошка со болки и отидов си завршив работа, ми пукна водењак се отворив 5 прсти и ми ставија клизма, инаку да во анус со цревце се пушта некоја течност и те протерува. (Не е страшно, тоа најмалку страшно е од се). Бев во вц после клизмата ама само вода.. зашто си се испразнив јас сама претходно. После на раѓање им викав ми се оди во веце, таа ми викаше ајде стискај не се сеќирај и да завршиш работа (а тоа не ми се одело во вц туку бебето стискало и искачало)
Не бе тука уште цревце во гз Инекциите да не се за царски.. мада мислам и тие со царски исто во анус клизма... еве @irena.1 да ја прашаме..
Да не делува побрзо кога ја ставаат така, а со инекција поспоро? Мене само што ми ја ставија до ходник не стигнав ми се приоди во вц и трчав хахаха
Класична клизма и за тие со царски е во чаир. Како и да е, ја би клизма него инекции. Ставањето е минута и воопшто не е трауматично. За разлика од клизмата катетерот беше леле мори мајко. Цело време печеше. @gjoker4e и да сакаш да си носиш тоалетна неможеш. На прием оставаш се. Ти даваат спавача и влечки и одиш горе. Клузмата ти ја ставаат кога те спремаат за операција во тој делот каде што има многу кревети и сите офкаат. А торбицата ќе ти ја донесат дури кога ќе бидеш породена и вратена на оделение. И во торбицата стави си тоалетна зошто за на оделение ќе ти треба.