На природно ќе одам здравје боже, а не на царски. Ако нема тоалетна во вецето како би се избришала. Ау појма немав за овој дел. Цело време мислев директно одам и ако сум отворена почнуваат да ме породуваат и дека тоа е се. Да не има и нешто плус од клизма?
Не ти бега клизма и за природно. И истата процедура е само со спавача и влечки горе, после пораѓај се друго. Што па ти толку се замараш, како ќе кажат така ќе правиш и не породена нема да останеш тоа сигурно. Остави нешто да се изненадиш. И собата со многу кревети не ти бега. Таму ќе лежиш дур чекаш дали природно или царски. Ама не е страшно верувај. Тука ќе ти земаат податоци, анамнеза, ќе поправиш муабет со некоја женичка, ќе пројде време и сестрите беа ок.
Јас и побарав на една сестра и ми даде таква тоалетна на парче што е, ми даде дури и улошка памучна со мрежа за да не ми тече доле (дека ми пукна водењакот) Инаку само клизма е, доколку не си доволно отворена 5+ можно е да си поседиш на патолошка доле во собите... јас си поседив таму 6ч Клизмата ја ставаат со веќе прснат водењак и доволно отворена... уште 4ч во предродилна сала седев додека да се отворам за раѓање... Секоја жена различна приказна, може и стварно ке отидеш и да нема ни време за клизма, да те стават на раѓање одма Не се грижи само, не читај мн мн и чекај си го денот
Дали на некоја ви се случило да имате црна столица во бременоста?јас сум во почеток на бременоста и денес цел ден имам црна столица,ме фаќа паника..искуства ве молам
Јас неколку месеци пијам прво тотема, па фортикс, па хеферол. За железото. За време на бременост и после пораѓај. Цело време црна столица. Од тоа е.
@eli25 @mal.ecka Не пијам ништо за железо. Дабростон, фолна и сега 4-5 дена витамини. Progucy мислам дека се викаат.
Може да е од витамините, мене мокрачата ми е сменета од нив. Или од некоја храна. Ај ден два не земај витамини па види.
Овие два дена имам многу течна столица,почнав да пијам магнезиум директ дали од нив,порано не чувствував некоја разлика.