1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вашата фамилија

Дискусија во 'Дете' започната од Trendafilka, 20 јули 2010.

  1. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.592
    You can choose your friends but not your family .

    Јасно е, можете да си ги бирате пријателите, но не и фамилијата. Значи зборуваме за вашата фамилија и фамилијарните односи. Дали и колку сте блиски? Имате ли омилени / неомилени роднини? Колку сметате дека е важна фамилијата наспрема пријателите итн.
    Јас немам ниту брат, ниту сестра, мајка ми има само брат, а кај татко ми се само машки, што значи немам тетка во вистинска смисла на зборот. За тетки ги сметам првите братучетки на мајка ми со кои сме особено блиски.
    Имам омилени чичковци и стрини, имам и не толку омилени |( , понекогаш знаат да бидат напорни, и како и во секоја фамилија да дрдорат многу со устичките :talk: и да си го пикаат носето каде што не треба, но во глобала си ја сакам мојата фамилија, иако се малку посложни од страната на татко ми, па сум пристрасна и ги сакам за нијанса повеќе.
    Како замена за брат го имам мојот прв братучед од страната на татко ми без кого не можам да си го замислам животот.
    Постојано се смееме за нашите шлакнати роднини и здравје боже кога ќе дојде време за свадби и такви свечености - кој ли ќе ги кани? :lol:
    Каква е вашата фамилија? Дали сметате дека понекогаш еден пријател вреди повеќе од оние кои ја носат вашата крв?
     
  2. zvezdakoska

    zvezdakoska Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    60
    Мојата фамилија..............
    секогаш е интересно со нив. Членовите од потесното семејство не би ги менувала за ништо на целиот свет.
    Моите први братучеди по сестра на мама ми се како дада и 2 батовци :lol:, си ги сакам и оние по татко ми ама сепак не поминувам многу време со нив па некако ми се подалечни, ама ги сакам. Е има и кај мене многу „валајци„ кои само зборуваат за другите, како кај нив се да е во ред и чисто. :envy:
    Како и да е со тие кои го поминувам моето време ми се нај-нај-нај-сакани :inlove: :inlove:, а другите...... :P
     
  3. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.297
    Пол:
    Женски
    Ах голема фамилија сме ние, со се први и втори братучеди..... Па не има може пола Македонија :lol: . Навистина јас имам само сестра, од кај татко ми 2 први братучеди, ама откај мајка ми......... Мајка ми има многу браќа и сестри ( ни точниот број не им го знам) а со тоа и јас имам еден куп први братучеди што очите не сум им ги видела со години. Жално е, ама тоа е тоа. Имаме живеано во странство, се заладиле односите, се видуваме од свадба на свадба, официјален муабет - кај си, што студираш и тоа. Ама затоа пак многу си ги поштувам братучедите откај татко ми, израснавме заедно и си ги сакам ко браќа.
    И да, можам да кажам дека некогаш некој пријател вреди повеќе од некој си втор братучед кому ни суратот не си му го видел.
     
  4. girl12

    girl12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    43
    Имам доста голема фамилија но најважни ми се тие од потесниот круг мајка ми и брат ми незнам што би правела без нив едноставно ги сакам пренајмногу :inlove:
    Исто така 1 братучеди и братучетки и од страната на мајка ми и од страната на татко ми си ги сакам пренајманогу и си ги викам дадо или бате исто ко да ми се брака и сестри.
    Исто така највеке на свет си го сакам моето внуче Петар кое е сеуште мало слатко бебуле бацки до него :*
    Исто така си ги сакам и тетки те .. абе цела фамилија си ја сакам :)
    И да не заборавам Пренајвише си го сакам татко ми тој е мртов но Вечно ке Живее во моето Срце :(
     
  5. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Ехееееее, ние сме породица тарана :rofl: :rofl: :rofl:
    Шала на страна, фала му на Бога што ми „одбрал“ ваква фамилија.
    Живеам со мајка ми, татко ми, брат ми и баба ми (мајка на татко ми). Дедо ми почина кога имав 4 години и многу ми е жал за тоа, затоа што тој беше оној кој најмногу ме разгалуваше.
    Татко ми има две сестри (значи мене тетки) кои многу ги сакам и во чии домови се чувствувам како во своја куќа. Од едната тетка имам братучед и братучетка кои се значително постари од мене, но таа разлика во години никогаш не ја потенцирале и кон мене се однесувале како кон помала сестра. Братучед ми е сега женет и има син кој е најголемото златце на тета. Од другата тетка имам двајца братучеди и една братучетка. Машките се отприлика моја возраст, заедно пораснавме и не можам да си го замислам денот без да се чујам со нив. Девојчето е помало од мене 13 години и вели дека јас и таа сме биле сестри, само што сме живееле во различни куќи и многу е приврзана за мене :inlove:
    Мајка ми има еден брат и од таа страна имам еден малечок братучед, но жално е што детенцево го гледам само за роденден или за некој празник, па тоа не ме ни познава што се вели. Сопругата на вујко ми не сака да се меша со мајка ми и нејзиното семејство (т.е. НИЕ) и ако се јавиме да ги прашаме како се, прави Трета Светска војна :(
    Родителите на мајка ми се добри луѓе, ама живеат во село, па поретко ги гледам нив.
    Мада што признавам дека баба ми што живее со мене ја сакам повеќе.
     
  6. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.741
    Допаѓања:
    32.091
    Пол:
    Женски
    Немам голема фамилија. Татко ми има брат и сестра. Од тетка ми имам 2 братучетки. Контактирам со тетка ми и со едната браучетка. Тетин немам. Од чичко ми имам братучед, ама не контактирам ни со него, ни со чичко ми. Стрина немам. Мајка ми има двајца браќа. Од едниот вујко имам братучетка, а од другиот имам двајца братучеди. Немам никаков контакт со нив. Ниту со вујковците, ниту со вујните.
     
  7. snake

    snake Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    877
    Допаѓања:
    124
    еее никој неќе да има фамилија како мојата,не сме нешто голема од страна на мајка ми имам 3 тетки а од страна на татко ми само 1,никој со никој не се слага никој со никој не се поднесува особено од страната на мајка ми не дај боже да се собереме на семеен ручек тоа ножеви ќе почнат да се вадат,со тетките не стојам баш добро со едната немам никаков контакт,со другите 2 контакттирам како морам а едната сестра на мајка ми просто ја обожавам,имам 4 братучетки и 2 братучеди со сите братучетки супер си стојам нон-стоп контактираме а од братуичедите само со 1 контактирам и многу го сакам а со другиот едно здраво само имам а тетини немам ;(
     
  8. rainlover

    rainlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    632
    Вашата Фамилија

    Значи блиска сум само со татко ми, брат ми, баба ми (на мајка ми мајка) и дедо ми (на татко ми татко)... другите најблиски личности или ми се починати (мајка ми, дедо ми (на мајка ми татко), баба ми (на татко ми мајка) или се далеку далеку во Австралија вујко ми, вујна ми и братучедите. Со тетка ми, тетин ми и братучедите не сум толку блиска, сплет на околности, израснавме далеку едни од други (иако живееме на 3-4км оддалеченост), во последно време правиме од двете страни обиди да се зближиме, ама не е тоа тоа... Со сите други роднини сум на здраво, како сте, и така, чисто едно почитување од двете страни никаква поголема блискост, одење на гости ретко и така.
    Што се однесува до роднините од страната на сопругот... се водам според она колку ги почитува тој моите роднини толку јас неговите, до душа повеќето роднини не му ги ни знам, кај бабите што му одам на гости, кај стрина му и чичо му и братучетка му со зет му и толку.
     
  9. aNy-to

    aNy-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    394
    Вашата Фамилија

    Голема фамилија сме,но никој со никого не се поштува.Тоа многу ме нервира,но ништо неможе да се промени иако сум се обидела.Некако ептен се ладни односите,сум се обидела да воспоставам контакт со некои братучеди,но не сум се зближила со никој од нив.Само онака формално ја нема таа блискост како што ја имам со некои други личности,иако не сум во роднинска врска со нив.Инаку од родителите поблиска сум со мајка ми,со татко ми ретко разговарам.Но затоа пак со сестра ми сум најблиска и имаме супер однос моментално.
     
  10. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.241
    Допаѓања:
    21.647
    Пол:
    Женски
    Вашата Фамилија

    И јас имам голема фамилија,со некои контактирам често,со некои воопшто.Домашните си ги сакам најмногу-брат ми,мајка ми и татко ми.Инаку,од страната на мајка ми имам тетка и вујко и многу си ги сакам,посебно вујко ми.Уште од мала сум приврзана за него.Имам и 2 братучедки и 2 братучеди од истата страна,како и баба и дедо што ми се омилени.Од страната на татко ми пак,е сосема друга приказна.Имам 2 тетки,1 братучед и 2 братучедки што се поголеми од мене и немаме никаква близина.Имам и баба и дедо,ама не контактирам со никого од таа страна.Од порано си имавме проблеми со нив и не ги чувствувам како мои роднини.
     
  11. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.467
    Вашата Фамилија

    Јас живеам со мајка ми, сестра ми и родителите на татко ми. Татко ми е починат. Со мајка ми и сестра ми се сложуваме и си живееме супер и најмногу ги сакам. Исто, и со тато се беше супер, немавме никаков проблем. Со баба ми и дедо ми, живееме заедно, но не се сложуваме многу, затоа што знаат да прават проблеми и интриги и да работаат зад грб. Исто беше дури беше и татко ми жив, но кај него немаше мрдање, но сега нам и на мајка ми ни ја јадат душата. Дедо ми е подобар, но кога е сам. А штом е со баба ми - таа ко командува и го " потпалува огнот", а се прави невина, изигрува жртва и многу лаже. Ги знаеме какви се и им ги фаќаме финтите за да не мислат дека сме будали. Од страната на тато имам 1 стрико ( + стрина и 2 братучеди-машко и женско), но не живееме воопшто. Порано добро се сложувавме, но се покажаа какви се и неколку години не сме блиски ( нив многу ги крепат стариве и се за нив прават, а за дома-ништо).Тие живеат во друг град. Од на мама страната имам баба и дедо, 1 вујко, вујна и 2 братучеди-машко и женско. Со нив живееме блиску и одлично се сложуваме, никогаш се немаме скарано за ништо. Многу разбрани луѓе се и многу си помагаме. Откако почина татко ми се тие ни помагаат. Од таму со братучеда ми не се сакаме многу. Инаку имам и други вујковци, тетки и братучеди од двете страни со кои одлично ни оди муабетот и со кои добро живееме.
     
  12. red

    red Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2010
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    130
    Пол:
    Женски
    Вашата Фамилија

    Јас си ја сакам мојата фамилија и од страната на татко ми и од страната на мајка ми, ете од роднините најомилен ми е чичко ми мн си го сакам и тој знај се за мене, како и јас за него. :)
     
  13. ANITA5

    ANITA5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2010
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    13
    Вашата Фамилија

    мојата мала но прекрасна фамилија се состои од две слатки и прекрасни девојцинја и мојот прекрасен сопруг ,кој во последниве години не е често со нас :) ,но некако се справуваме :*
     
  14. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.012
    Вашата Фамилија

    јас, мама, тато, брат ми..
     
  15. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.879
    Допаѓања:
    13.392
    Вашата Фамилија

    Па имам роднини кои ги сакам повеќе од некои други. Се одалечија овие чичковциве мои(Повеќе на батковци одат по 20 години се, ама правилно чичковци) никаде ги нема. Треба да фатам да ги тепам сите по ред. Никој нема време сега. Е како да не, ако сакаш да видиш некој, ќе најдеш време. :devil: Порано не беше вака, многу повеќе се посетувавме. Ама до времето е. Имам една досадна роднина, и кога ќе дојде на гости, по 6 саати седи. Па раскажува приказни, раскажува, раскажува...моите спијат буквално она си раскажува...незнам како не и фаќа пена устата. :fubar:

    Поголема е фамилијата од делот на мама. Таа има брат, тој има две дечиња. Баба ми на мајка ми мајка, има 4 браќа и сестри. Од нив има вкупно...7 или повеќе деца. (Не ми текнува кои се кои. :yawn: ) И дедо ми уште 3 браќа и сестри. Ама од неговиот дел, лично знам само 4 деца. Има многу деца, не ги знам сите, а и не ми ни текнува во моментов.

    Од кај тато имам само 2 братучетки и 2ца подалечни братучеди. Братучетките се од на татко ми сестра. Штета што не сме многу блиски, а и не се гледаме. Тетка ми се разведе и се премажи а поранешниот маж ги доби децата. (Сами така сакаа, ама сега секој викенд се кај тета.) Немам некоја интересна меморија со нив, знам дека кога и да дојдеа, седнуваа на каучот и гледаа телевизија. А јас не дека ги фермав, надвор со другарката и киневме ружи правевме сок. :lol:

    Малку оффтопик. Извинете. :tmi:
     
  16. Sweety-Tweety

    Sweety-Tweety Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    500
    Вашата Фамилија

    Имам не така голема фамилија. Дома сме си јас, тато, мама и бато. Имавме и бабичка (на тато мајка) ама пред 2 години за жал ми почина ;(, а дедото не го знам, починал пред да се родам.
    Од страната на татко ми имам тетка од која имам двајца браучеди кои се постари од мене. Не комуницираме мноооогу често, живеат во друг град ама многу си се сакаме и почитуваме. Од чичко ми и двете дечиња се помали од мене и јас не им сум интересна, повеќе трчаат по брат ми, душички тие. Мајка ми има две сестри и од нив имам братучед и братучетка. Блиску ми се па со нив најмногу комуницираме, нема ден да не се чуеме, па шопинг, кафе-мафе, ручек...
    Најмногу си го сакав и уште си го сакам дедичко (на мајка ми татко) кој годинава за жал го изгубив ;( Тој беше најпрекрасниот човек на светов. Посакувам сите да се како него. Ах, дедо колку само ми недостигаш ;(
    Ми остана уште една баба, која ја сакам исто како што ја сакав и другата. Ептен кул женска беше се додека не почина дедо ми, ама сега е променета и многу ми е жал кога ќе ја видам.
    Е сега други тетки, стрини, 2ри, 5ти братучеди имам еден куп, ама од сите нив си живеам, иди ми-дојди ми си правиме само со две втори братучетки.
    Во секој случај си ја сакам фамилијата, среќна сум што сите сложно си живееме, досега кавги сме немале со никого и се надевам така и ќе продолжи.
     
  17. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.904
    Вашата Фамилија

    Имам поприлично голема фамилија. Јас немам ниту брат, ниту сестра и живеам со мајка ми. Татко ми пред четири-пет години се прежени и сега има уште една ќерка која мене ми е сестра иако само половина крв ни е иста. На мајка ми таткото починал две години пред јас да се родам, а на мајка ми мајката почина пред три години. Со неа баш и не се поднесувавме дека живееше заедно со мене и мајка ми и јас и она секогаш се каравме. Мајка ми има една сестра и еден брат, пред таа да се роди починал и другиот нејзин брат. На татко ми таткото починал кога татко ми бил мал, а мајка му е се уште жива и си имам добри односи со неа. Татко ми пак има само една сестра. И двете тетки и вујко ми имаат по две деца, само јас сум едно. :(

    Значи имам шест први братучеди, од кои петорица се значително поголеми од мене, а еден братучед е помал од мене четири години. Најмногу се гледам со најмалиот братучед, затоа што често одам кај баба ми и тој доаѓа. Но од тие шесторица јас само четворица си ги сметам за вистински братучеди. Со вујко ми и вујна ми имаме многу лоши односи, а братучедите ги немам видено со години, така што не можам да ги сметам за братучеди. Вујко ми како што продолжил и него изгледа нема да го сметам за вујко бидејќи не се ни труди да ни се подобрат односите. |( Имам една внука од најголемиот братучед од тетка ми (од на мајка ми страната), а сега на пат е и уште една внука од најголемата братучетка од тетка ми (од на мајка ми страната). Имам и шест втори братучеди од кои само тројца се помали од мене, а другите тројца се поголеми. Со нив сум во добри односи иако не се гледаме често. :)
     
  18. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.690
    Вашата Фамилија

    Неможам да ги наречам фамилија....освен баба ми и дедо ми и еден прв братучед.
    откако почина татко ми не се стапнати кај нас,ниту му имаат запалено свеќа.ги нема да не прашаат како сме,ко да не постоиме.иако татко ми беше мн фин спрема нив,дури и предобар...кога одам кај нив на гости чичко ми -покварено суштество,нон стоп вика по братучедките-тато,татичко и сл.не размислувајќи дека ме повредува,за стрина ми да не зборам.Братучедките ми се лигли љубоморни,само да се издотераат и ич не ги боли.Вујко ми и вујна ми не ми ни дојдоа кога дипломирав,далеку сме биле(само 15о км)-друг град.
    Со тек на време се откажувам од нив,и сеуште не можам да сфатам зошто?
    Веќе не се ни трудам,почнувам да ги мразам одвратни се,само лоши работи да ни направат,а за помош никаде ги нема.смртта на татко ми ја плачевме сами,сите само лице направија.
    Се надевам само дека иако ми се фамилија,Господ гледа....


    Исто како кај мене :'(
     
  19. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.366
    Вашата Фамилија

    уф, кога бев помала некако беше подобро, јас мама , тато сестра ми баба и вујче(на мама мајка и брат)

    со еден чичко и неговите деца не живееме исто и со мајка му на татко ми мртва е за мене многу одамна можете ли вие да замислите баба ви со години да не се јави да праша како си а живее на 20 мин од вас . тетка ми и тетин ми се починати а многу си ги сакав. братучеди имам постари многу измажени женети не контактираме често. сестрами коа се омажи се смени се , ми го роди најубавото и најмило внуче, но нејзиниот маж го мразам едноставно и цела негова фамилија ги избегавам максимум. за мене фамилија е мама тато и внукот со сестра ми и вереникот се разбира баба и вујче си ги сакам исто многу. значи мала фамилија и не премногу блиска за жал сите живееме во различни градови...
     
  20. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Вашата Фамилија

    Паааа.... ние сме ти прилично голема фамилија (ако ги земеме и вторите братучеди) :lol:
    Па вака, ние живееме во куќа, татко ми, мајка ми, баба ми , сестра ми и јас (дедо ми почина пред 6 години). Ние сме лудо, хистерично, смешно, интелектуално семејство :D
    Како и во секое семејство, така и кај нас има доста недорзабирања, кавги... ама во целина ние си се сакаме најмногу на свет :inlove: . Јас сум најмала, може и затоа најразгалена, и секогаш кога ќе се изжалам овдека дека моите дома вака, така... тоа е дека нешто не ми било дозволено :wasntme: . Ама затоа е тука дадичка која ме сака повеќе од себе, и знае да ги замени моите родители во секоја сфера. :*
    Е сега вака, мајка ми има само еден брат (од таа страна имама 2ца братучеди). Братучедите се ептен помали од мене, па не спаѓаме баш во некоја заедничка хемисфера . Ептен си се сакаме, им одам по нивниот ум кога е потребно, дадо ова, дадо она... па знам како е, и јас сум помала, знам дека потребно е галење... Вујко ми е супер човек. За него не давам лош збор да се каже. Ептен сме блиски. Можеби сето тоа произлегува од самото тоа што живеат со баба ми и дедо ми, ама нема врска, сепак мило ми е што постои таков човек во мојот живот. А за вујна ми немам зборови. На прв поглед, добра, фина, работна жена... ама полна со лицемерие.. абе на чело и го пишува тоа и децата се труди да ги направи такви како неа... ама баба ми уште држе, тегне :D
    Татко ми има една сестра и еден брат. Со тетка ми живееме блиску, ама ретко се посетуваме, не знам зошто така... ама така останало. Братучедите се постари од мене, едно 9, 10 години, и ги почитувам ептен, иако не сме пораснале баш заедно (не се сеќавам), сепак имам ептен почит кон нив и секогаш кога ќе ми затребаат тука се, за тоа збор немам. Е тетин ми е прича за себе, да не почне да разговара со тебе, абе има да не испаднеш од дома :D , утепува од муабет, а да се слушне, не знае ни тој што зборува , нема врска... . Од поголемиот братучед имам внуче и многу си го сакам, малечко, слатко... пуфче се викало, така вика . :D
    Чичко ми... Со него еднаш годишно се гледаме и тоа по некој си повод. Онака дистанцирани сме, со резерва еден кон друг, не сме ич блиски... и тоа е тоа. Братучетка ми си ја немам видено од мојата матурска, ама тоа е. Тој некако се одалечи од сите, се заврте накај роднините на стрина ми...
    уффф... се изнапишав. Тоа е во ееептен најкратки црти за мојата фамилија (првиот круг на роднини), а ако почнам да пишувам за останатите... лелеее :D има цела недела на пишувам...
    Само ќе кажам дека повеќе контактираме и живееме со роднините од страна на мајка ми, а од таму имам само едно добри 30 втори братучеди . Се гледаме од свадба на свадба (со некои), ама одржуваме контакти... а со роднините до кај татко ми, и не ги познавам баш сите, иако се помалку за разлика од кајмајка ми..................
    лелеее цела статија изнакуцав :$