1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вашата фамилија

Дискусија во 'Дете' започната од Trendafilka, 20 јули 2010.

  1. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    Вашата Фамилија

    Блојче зошто јас цело време во глава си имав замислено дека имаш брат? :tmi: :lol:
    И тоа помал :D
     
  2. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Вашата Фамилија

    лелее , од каде бе ова сесилија :D :D
    Дадичка имам, поголема :angel:
    иако не би ми било лошо и едно братче помало да имам, да го стчувам кога ме нервираат :D :D
     
  3. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    Вашата Фамилија

    Незнам, така те имав замислено и како си го галиш кога се лутиш на твоите :lol:
     
    На 2468 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    818
    Допаѓања:
    666
    Вашата Фамилија

    Мојата фамилија е така... фина...
    Мајка ми -бивша панкерка.
    Татко ми -бивш хипик.
    Сестра ми -што ја знам :)
    Живееме у куќа, внатре ни е пуно со цвеќиња и триста чуда, однадвор е исто,
     
  5. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    5.688
    Пол:
    Женски
    Вашата Фамилија

    Почнувајќи со човекот што го сакам најмногу на свет. Татко ми, што е лика и прилика на мене.. ова, јас сум слика негова де :lol: Мајками. Жена која се грижи премногу, со детски хормони кои понекогаш ме нервирааат, понекогаш ме смеат.. И да, секогаш ме гали. |( :angel: Животот свој, би го дала за мене.
    Брат, сестра немам. Тоа значи уживам.. Или обратно, умирам од досада. :tmi:
    Две тетки од страната на мајками, и две тетки од страна на таткоми. Двете тетки од страна на таткоми ме израснаа. И затоа повеќе ги сакам. Тоа е моето потесно семејство. И дааа.. Забораив. Едно малечко, срцкасто, само за гушкање детенце од тетками, сестра на таткоми,што го сакам највеќе,и е како мое сестриче! :inlove:
     
  6. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.223
    Вашата Фамилија

    Мојата фамилија е прилично голема...
    Ама си ја сакам! Мојата фамилија нема кој не ја знае во околијата и пошироко, не знаат како вредни и имашливи луѓе... Место вистинското презиме не знаат поинаку, па кога ќе ме прашаат од која фамилија сум го кажувам прекарот :)
    Имам двајца чичковци и една тетка по татко ми, едниот чичко не го бие баш добар глас и не го сакам многу заради тоа што не е добар човек, другиот си го сакам многу! Татко ми беше близок со двајцата, си помагаа меѓу себе, не си го замислуваа денот а да не се видат!
    Тетка ми е мажена малку подалеку па не се гледаа често ама јас многу ја сакам и сум многу блиска со неа. По мајка ми имам само еден вујко, си го сакам, си живееме убаво, и тој ни е вкомшии па блиски сме.
    имам многу први братучеди, си ги сакам сите, но најмногу првиот син на тетка ми, има 35 години.
    во кратки црти тоа е се, мојата фамилија сега е во голема тага ;( ;(
     
  7. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    932
    Вашата Фамилија

    Па мојата фамилија е прилично голема, па затоа и не ги познавам роднините малку подалечни (баба ми секогаш вика: Бабе кога ќе си фатиш дечко да кажиш да не го погодиш роднина да ни е оти многу се :lol: ).

    Инаку во моето семејство сме татко ми- со кого баш, баш немам некоја комуникација, мајка ми- понекогаш од такт ме вади ама сепак ја сметам за најдобрата мајка на светот и ја обожавам и брат ми- и со него си се закачкаме понекогаш зошто двајцата така лошички сме, но сепак знам дека живот би дал за мене.

    Е сега со страната од татко ми таа фамилија не комунуцирам ниту пак живеам со некого, дури ниту со неговата сестра- што мене ми паѓа нешто КАКО тетка, ниту со тие братучеди.
    А со од мајка ми страната- таа фамилија ме одгледа кај нив сум седела, со нив сум израснала, посебно со двете сестри на мајка ми и сеуште кога нешто ми треба, во добро и зло, тие се тука. И тие братучеди се оние кои ги сакам и сметам како браќа и сестри, а не само братучеди. Има огромна блискост меѓу нас.
    Ете тоа е накратко за мојата фамилија... :)
     
  8. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    637
    Вашата Фамилија

    За жал...пријателите може да ги одбираме,но роднините Не! Потекнувам од голема фамилија, со сите сум во коректен однос ама не можам да кажам дека чувствувам некоја љубов и приврзаност кон нив!
    Роднините од страна на мајка ми се сиромашни, необразовени (повеќето), кавгаџии, прилично прости, користољубиви, работливи и љубоморни луѓе! Тоа се поточно луѓе кои се ситат на лошото, очекуваат оној кој има повеќе од нив секогаш да им биде финансиска подршка а крајно се безобразни кога ќе бидат одбиени! Финансиски стоиме многу подобро од нив и според нивните математики ние треба да бидеме нивна финасиска поткрепа за цел живот! Од таков проблем се потикнати многу расправии во нашата фамилија!
    Роднините од страна на татко ми се образовени, побогати, културни, воздржани и ненаметливи луѓе! Ги почитувам токму поради тоа што не си го пикаат носот таму кај што не им е местотот!
    И покрај се можам да се пофалам дека со сите роднини сум во коректен однос ама далеку од тоа дека ги чувствувам како блиски! Комуницирам со нив ретко, само тогаш кога морам!
    Мојата најтесна фамилија, семејството, е моето наголемо засолниште и заштитен зид на кој секогаш можам да се ослонам! За среќа проблемите низ кои поминавме пред многу години не успејаа да ни го уништат семејството, и покрај тоа што останаа црни дамки кои честопати ми го реметаат спокојот!
     
  9. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.990
    Пол:
    Женски
    Вашата Фамилија

    Мојата фамилија е доста голема. Само први братучеди имам 9 :D .И некои сме скоро иста возраст и супер си се согласуваме :D Исто си имам и 2 големи братучедки од кај татко ми страната и многу си ги сакам. Ама највише :inlove: Ооо,колку само сум идела по гости јас 8) Имам и многу вујни,тетки,стрини. Тоа од поблиската фамилија а од кај дедовците и бабите страните ( дедо ми биле 9 деца а баба ми 5 ) и има толку многу роднини што не ги памтам сите. Кога ќе се собереме сите за нешто честитки,матури,полуматури па храна треба баталјон зашто сите сме си така малце елегантно попунети :lol: И со сите си држиме контакт. Ма милина. Му благодарам на господ за ваква фамилија :) А иначе братучедите (први) ми се мнооогу поблиски затоа што нема да ти свртат грб и да оговараат ко што прават така наречениве "другарчиња" ( со исклучоци) |(
     
  10. andzelikaa

    andzelikaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2010
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    6
    Вашата Фамилија

    од мојата фамилија ја сакам и поцитувам само мајка ми
    сама се гризесе за мене цел зивот
    се разведоа пред 20 год и од тогас татко ми не се замара со нас
    си има друга керка со друга зена
    девојката ми е сестра ама се срамам од неа
    така да не ми е гајле за никој друг освен за мамицка :*
     
  11. TennisBabe

    TennisBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    591
    Допаѓања:
    364
    Вашата Фамилија

    Па вака.. Живеам со мајка ми и брат ми ,и баба ми(мајка на мајка ми) живееше со нас но за жал почина пред околу 2 ипол месеци ;( ;( .Се би дала да можам да ја вратам ;( .Буквално скоро целиот живот како со брат ми да имаме само мајка затоа што татко ми (уствари не ни заслужува да го нарекувам така ) не се ни интересира за нас,знаеше само да пие и да се коцка и да прави лудница по куќата ,за ништо друго не го биваше.Не сме се виделе 7 години и не сакам да го видам никогаш во мојот живот повеќе! А инаку имам 7 братучеди и 3 братучетки (први).Со сите се сложувам прекрасно исто како родени браќа и сестри да ми се.И втори имам ама со нив не сум толку блиска ... Се на се ги сакам многу сите(со неколку исклучоци)ама тоа е неможеш да изменам ништо.. :!:
     
  12. beautiful1

    beautiful1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2010
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    33
    Вашата Фамилија

    Паа јас живеам со мајка ми со татко ми и со сестра ми и али со мајка ми не се поднесуваме двете постојано ме врега а јас пошо ми е мајка си кутам и си терам шо да праеш...Иначе тато има сестра порано кога бев мала многу ја сакав ептен али сеа некако ни се заладија односите...Мајка ми има брат и онака знаеш зафрканции но до дистанца...Баба ми и дедо ми (на тато родителите) живеат на село па поретко се гледаавме во 2-3 месца еднаш или двапати најмногу(сега многу ретко во годината 1-2 пати пошо се преселивме во Лондон,но понатам секој ден ке ги посетувам,пошо дечко ми е од таму :lol: ) за некој празник или слично ама бидејки израснав таму со нив до 6 годинки баба си ја сакам најмногу на свет како мајка ми е таа просто жената уште малку 60 год ке наполни али све и кажувам и што ме мачи и се :) Дедо ми со него муабет не се праи цело време си кути ама кога му речам нешто да ми помогне да направе помогне ми. Е сега мајка и и татко и на мама односно со баба ми немам добра комуникација пошо иста е ко мајка ми а дедо ми со него се зафркаваме постојано.Први братучеди немам а втори имам пуно али повекето се помали така шо со нив си се гледаме само на некоја слава или свадба а со оние поголемите си живеам многу. Ама да ви кажам шо имам 3-4ти братучеди повеке си зивеам со нив одколку со било кој друг.Ова лето пак дознав и за едно нови братучеди далечни од кои едниот беше машко и за малку ке се смуавме али добро не се деси тоа и исто така имам и 4та братучедка со највеке на свет си ја сакам и се знае за мене и секое лето одам кај неа на гости неколку дена.
     
  13. strangewoman

    strangewoman Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    367
    Вашата Фамилија

    Семејството е столбот на една личност-секогаш ова ми е на памет :!:
    Мојата фамилија е онака средна. Со 3 тетки и 1 вујко по мајка, и 1 тетка и 1 чичо по тато :)
    Братучеди дал Господ од сите страни, со сите сум во добар однос и сите си ги сакам.
    Живеам со мама, тато и бато ]:)
    Ах тој бато само проблеми и главоболки ми задава ама ако пак си се сакаме. :geek:
    Односиве во семејството ни се на нормала да се речи. Одамна не сме биле во војна ]:)
    Разбирање и подршка првенствено добивам од нив :)
    Епа во најкратки црти тоа е мојата фамилија ;)
     
  14. Buttterfly

    Buttterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2010
    Пораки:
    630
    Допаѓања:
    776
    Вашата Фамилија

    Мојата фамилија .. Можам и книга да напишам :D

    Мајка ми има брат и сестра.Сестра и ( тетка ми ) има две деца - ( многу си ги сакам и многу ми е жал што ги гледам два пати во годината ;( )
    Брат и ( вујко ми ) нема деца - Инаку ја имам најдобрата вујна на светот :inlove: ( Инаку нив ги гледам уште поретко - можеби еднаш во три години ;( )

    Татко ми има брат и сестра исто така.Сестра му ( тетка ми ) има еден син - Ако бидам искрена не сме блиски толку многу ( да нагласам - не сме скарани - нити има никакви проблеми - одиме еден кај друг на гости .. али не е тоа тоа ) :|
    Брат му ( чиче ) има две деца постари од мене .. За стрина ми немам зборови ( ја обожаваам :inlove: ),
    со нив сме ехееј колку многу поблиски отколку су тетка ми.Инаку помладиот од братучедите се ожени - 5 години беа во врска .. Инаку подобра снаа не можеше да најде :inlove:

    Со баба ми и дедо ми ( на мајка ми мајка и татко ) сум многу блиска ( иако ги гледам два пати во годината ) - посебно со дедо кој секогаш кога одиме кај нив си игра жмурка со нас.
    Инаку тука ќе ја спомнам баба ми на мајка ми т.е мојата прабаба .. Жената се држи ко да има 30 години :D

    Со баба ми и дедо ми ( на татко ми мајка и татко ) не сум толку блиска.
    То ест скоро секој ден сум кај нив но ја нема онаа среќа како кога сум со другите баба и дедо :)

    Инаку најблиската фамилија сме јас,сестра ми,мама и тато :inlove:
     
  15. LadyStyle

    LadyStyle Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    166
    Допаѓања:
    121
    Вашата Фамилија

    Мојата фамилија...

    Мала е,но сепак си се сакаме.

    Имам:
    Мама,Тета,Баба(Дедо ми почина пред два дена) :(

    Татко ми и мајка ми се разведени.

    Чичко,Стрина,Братучед..

    Полубрат и полусестра.

    Чичко втор и уште еден братучед.

    Баба и Дедо од татко ми.

    И тоа е отприлика... :)
     
  16. Biggie

    Biggie Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2011
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    62
    Вашата Фамилија

    Ние сме One Big Happy Family! :D Живеам со мајка ми, татко ми и брат ми, се сложувам со сите и убаво ни е. Мајка ми има еден брат и со нив сме во добри односи. Од таму имам братучед и братучеда и ептен си се слагаме, а и на возраст од прилика се колку мене и брат ми. Мајка ми има вујна и со нејзините деца и внуци сме блиски иако се прилично поголеми од мене. Од страна на мајка ми со сите сме во добри односи. На мајка ми таткото, починал кога таа имала 14 години, а баба ми почина пред една година. Неа многу ја сакав и почитував. Татко ми се 8 деца, дедо ми имал два брака. Од на татко ми браќата и сестрите најмногу си живееме со помалиот брат на тато. Тој има ќерка од 6-7 години. Не сме со нив премногу блиски, но сепак имаме добри односи. Да не заглавам сега во раскажување за нашето патешествие со чичко ми, тука ќе престанам :D . Доколку би требало да бирам помеѓу вујко ми и чичко ми би ги избрала вујче и вујна. Исто и од страна на татко ми немам баба и дедо. Починале кога татко ми бил 18, односно 20 години. Се на се, убаво си живееме со сите :D .
     
  17. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    Вашата Фамилија

    моето семејство... сме мама, брат ми, тато и јас :)
    па имам 2 тетки(од страна на мајка ми) 3ца први братучеди
    татко ми е единец(4братучедки први и 1 братучед па ... ги сака ко сестри и брат)
    инаку некои се во Македонија, некои се во странство, , почесто се гледаме и комуницираме... а инаку голем дел од Македонија ми се роднини од некоја страна ... интересно семејство сме си ние...
     
  18. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    557
    мојата фамилија е баш ваква, ама нормално потесниот круг :lol:
     

    Прикачени фајлови:

  19. Em4e711

    Em4e711 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    613
    Допаѓања:
    368
    Живеам со баба ми, татко ми, мајка ми, сестра ми и брат ми .... е богами мн сме хехехе :)
    Има војни не викам не, се заради брат ми, проблематичен е :worried:

    Инаку татко ми има еден брат и две сестри, чичко ми и едната тетка имаат по 3 деца, а другата тетка 2...

    Мајка ми има брат и сестра, вујко ми имаат 3 деца а тетка ми 2.
    Сите добро работеле во фамилијава :Р И се изгледа сите на 3то машко, дали случајно или намерно.. хехеххе
    Имам 3 мажени братучетки и 3внуки и 1 внук.
    Сите си ги сакам мн, со некои поретко се гледаме...ама ги обожавам оние фамилијарни собиранки, се би направила за нив.
    А мн ми е жал што ниту еден дедо не ми е жив...нека ми ги поживее Господ бабиве..малку оваа на татко ми мајка е проблематична ама стар човек : )

    А втори братучеди имам многууууу... дури некои што не си ги знам :)
     
  20. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    197
    Живеам со мама, тато и бато :)

    Од кај мајка ми имам:
    -баба, дедо ми почина пред 3 месеци
    -тетка, тетин, братучетка, братучед (посебно си ги сакам овие луѓе, дупло повеќе ги сакам од останатите)
    -вујко, вујна (по проста жена и поголем инат нема на светов), братучетка

    Од кај татко ми:
    -баба ми и дедо ми се починати оддамна
    -2 тетки, 2 тетиновци, 3 братучетки, 1 братучед, 9 внуци, 1 правнука
    -2 чичковци, 2 стрини, 3 братучеди, 1 братучетка, 3 внуци- 4тое на пат :D

    Имам многу 2 ри братучеди и многу внуци што е најинтересно.
    Си ја сакам повеќе фамилијата од на мајка ми страната, не дека не се ок од кај татко ми, ама со овие се гледам почесто и помили ми се и многу поблиски сме :)