1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вашата фамилија

Дискусија во 'Дете' започната од Trendafilka, 20 јули 2010.

  1. od-samrak-do-zori

    od-samrak-do-zori Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2010
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    58
    of...ziveam so tato,mama,i baba(majka na majka mi)-'inat ne viden'( stara stara ama mozok mi para.)drugo..po majka mi za zal nemam prvi bratucedi bidejki sertra i(tetka mi mlada pocina-bog da ja prosti) ;( .po tatko mi imam tetka vo srbija koja ja imam videno ednas vo zivotot a tetin mi e pocinat(bog da go prosti) i 4bratucedi i mnogu vnuci.dobro stoime so niv se slusame cesto.edniot bratuced mi se ozeni avstralija :).od tamu ja imam videno samo ednata bratucedka koga dojde vo makedonija.drugite nikogas gi nemam videno.a drugata sestra na tatko mi
    i nejzinite deca i vnuci se posebna prikazna.mislam lugevo imaat kafic a me nemaat pocasteno edno kafe.ne mi ni treba fala.i si imam dadicka se mazese pred godina ipol i mi podarija so zetot najprekrasna vnuka na svetot.marija moram da ja spomnam.neka mi e ziva i zdrava.site neka mi se

    [mod-kirilica:1e0cpuo2][/mod-kirilica:1e0cpuo2]
     
  2. dancing.queen

    dancing.queen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2010
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.087
    Нашата фамилија ја сочинуваме јас,тато,мама,брат ми и баба ми(на татко ми мајка му живее со нас откако почина дедо во 2006)
    Од страна на мајка ми имам баба и вујко (не е женет) ,дедо ми почина, но затоа со 2те братучеди многу си живееме . Вујко ми модерен човек и секогаш од него ѓи имам најновите и најпоследните модни парчиња.А баба ми ги прави највкусните јадења,посебно палачинките. 8)
    Од страна на татко ми имам тетка,тетин и 2 братучедки. Поголемата е 2 год. помала од мене како сестра ми е , а помалата е 6месеци помала од брат ми .
    Брат ми мало човече кое има 7 год. бесно и палаво , по цел ден се слуша некој звук од неговите игри . Сака да гледа детски филмови и секоја риплика од некој филм ја знае на памет.Каков и да си го сакам.
    Татко ми највеќе си го сакам ептен сум блиска со него за се разговараме и се ми угодува сега сме во преговори за да чуваме куче,а да ќе ме учи и мотор да возам . :wasntme:
    Мајка ми исто така многу ја сакам секогаш е тука за мене и е најдобра пријателка која секогаш ќе ми даде искрен совет. :rock:
    Баба ми (што живее со нас) , јас прво внуче сум :angel: на интернет ќе си најдам нешто интересно и тоа баба ќе го сошие или сплете.
    Има многу за пишување имам и други роднини кој не ги спомнав но тоа во некој нареден пост. Јас на сите и враќам со тоа што ги почитувам и ги сакам.
    We are one happy familly http://www.youtube.com/watch?v=_Oiu9jW-VyE
    Заборавив да кажам , кога бев мала ме викаа „ЦАРЧЕ“ или „како ќе каже нашето царче“. ^_^
     
  3. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.346
    Мојата фамилија и не е така голема, ако не ги вклучам сите можни братучеди.
    Дедовците никогаш не сум ги запознала, млади починале.Сега имам една баба, мајката на татко ми, ја гледам еднаш месечно.Од страната на татко ми имам и чичко и стрина и една прва братучетка, помала осум години од мене.
    Од страна на мајка ми имам една тетка, која не е мажена.Мајката на мајка ми, мојата баба што ја сакав најмногу на свет почина пред 4 години.Ех, колку ми фали некогаш така ручек зготвен од баба да си јадам, да ме гали, да ме потпрашува ;(
    Натаму, втори, трети братучеди имам повеќе, ама не ги гледам баш освен на некои свадби и слично, така што не ни знам колку се точно и кои се :)
     
  4. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    леле бе фемина 90 ке ме расплачеш е ;(
    и мојата омилена баба (мајката на татко ми)почина кога имав 12 години-леле како се мачеше кутричка ;( болна беше од рак на белите дробови, и тоа не беше живот, беше мачење и за неа, и за сите дома)

    а дедото што највеке си го сакав (таткото на мајка ми) почина пред неколку месеци-леле кутрочок дедичко многу била болна смртта, ама не се мачел ;(
     
  5. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.546
    Mојата фамилија.Се состои од баба,дедо,мама,тато,брат ми,сестра ми и секако јас :D
    Ние сме една сложена фамилија но некогаш има некои препреки, но никој и ништо не е совршен :D
    Немаме многу роднини тука во градот,сите се од други градови и некои од други држави :( Ама што да се прави јас сум оптимист и верувам дека некој го нема ни тоа :)
     
  6. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    Е мојава фамилија не е баш голема. Немам ни брат ни сестра, татко ми имаше еден брат кој е починат и од таа страна имам братучед и братучеда со кои не сум особено блиска. Прво живеат во друг град и ретко се гледаме, второ се доста повозрасни од мене и трето братучеда ми е една незгодна девојка, тежок фолирант (ме нервира многу). Од по мајка ми имам тетка која има две деца т.е. од таа страна имам исто така братучед и братучеда. Причината поради која не сум многу блиска е со нив и тоа што тие се во странство. Се гледаме еднаш годишно или поретко. Да е жив и здрав фејсбук па комуницираме и не се забораваме.
    Баба ми (мајка на мајка ми) има многу браќа и сестри па од таа страна имам многу втори братучеди.
    Од кај баба ми и дедо ми по тато имам уште повеќе втори и трети братучеди, но со нив не сме во контакт.
    Единствено со еден прв братулед на тато сме во ептен близок контакт, па ќерка му негова, моја втора братучеда, ми е како сестра. Таа ми е најблиска. :)
    Инаку моментално живеам со татко ми (моите се разведени, па со мајка ми се гледам за викенд), баба ми почина пред 3 ипол години, дедо ми пред 9 дена и ми остана уште една баба(мајка на мајка ми).
    И тоа е тоа од мојата фамилија. :)
     
  7. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.971
    Најблиска сум со тие што ми се најдалеку, веројатно оти не се гледаме толку често не сме си замериле досега :lol:

    Мајка ми и татко ми се разведени, и од страната на мајка ми, освен со сестра и, т.е. тетка ми, братучедите, тетин ми, баба ми и дедо ми... ретко со некој друг често да се гледаме... причина, појма немам... знам дека мајка ми има многу чичковци, ама не се сакаат многу многу,... се гледаме од свадба на свадба и низ град едно добар ден, како сте... има и бааги злобни луѓе, себични, уф... дали 10% од фамилијата би си поканила на свадба.... има некоја љубомора, завидливост... едноставно не сме на иста бранова должина... тие слушаат народњаци, јас сосема спротивно... едните гледаат црно, едните бело... со братучедите кои ми живеат прилично далеку, си го имаме муабетот... на англиски, сепак :D

    Се обидувам сега, барем јас, да воспоставам некој нормален однос со сите... едно здраво, застанување... како си, што правиш... сега сум и матурантка, и прво не сакав ни да помислам да ги соберам сите... имаше еден ,,инцидент,, пред 2-3 години,.. кога роднини што живеат во странство, не собраа сите во еден ресторан и само се шушкаше на сите страни - ,,завиткај од тоа вратот побрзо, ајде и од чајната стави... абе ајде ставај во салвета, пикај во ташна,, или ,,охохохо ќе лапнеме и блакце,,... од тогаш мислам дека сфатив зошто не ги сакам,... просто ми е таквото однесување :o едвај се согласив дека ради реда, затоа што тие нас не поканиле... редно е да ги поканиме и ние.... |(

    А, роднините од страната на татко ми, вклучувајќи го и татко ми... кој ги видел... со неговата сестра и татко му се гледам 2-3 пати годишно, не живеат во ист град... другите сите избегале во странство,... пред некое време ме аднаа на фејсбук, па има некој онака, неисфорсиран однос... ако дојдат во мкд, многу нормално сакам да одам да ги видам, ми стојат искулирани 8)
     
  8. cindy

    cindy Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    166
    моево може да се нарече афамилија
    почнувајќи од баба и дедо (на тато) хелло постојат такви? се гледавме само за прочка и за славата а сега и поретко т.е никогаш. се прашувам имаат внука, снаа, син? арни ли сме, живи ли сме, ние си знаеме.
    после чичковци - чат-пат кога му треба нешто-ете ти ги
    стрини - жими една е арна оти се ти вика в лице, другата е албанка па си ја донесе и цела фамилија и сега само ти се и никој друг.
    братучеди - едно здраво низ нос ќе го истегнат а ништо чудно и да не те видат
    баба и дедо (на мама) R.I.P живот даваа за нас
    вујче - душа човек али на жалост нема жена има :devil: па и со нив ништо
    за неа не ни зборувам нема шо да се кажи
    бретучеди - ги гледам само низ двор глас му немам слушнато освен кога се ѕверат по дома
    мама - 2 кутии цигари на ден и сите и се криви
    тато - цел ден на работа, со колеги, наваму-натаму дома поретко
    даде - повеќе кај дечкото него дома али закон особа ќе те насмее до солзи
    и на крај јас депресивно вљубена која вечно трага по идеалноста која плаче за ситница и која сака некој да ја погали по косичето и да ја бакне во челото
     
  9. Zoza

    Zoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    297
    после се што поминав мене фамилија ми се само мама тато сестра ми и зетот :hug:
    се друго ( со исклучок на некои особи е ветар и магла ) вака иде

    од на мама страната имам 8 братучеди со сите сум супер само со оваа најстарата не ( толку клета уста има што ако ти каже дека нема да идеш денес во вц ке добиеш запек за еден месец) имам 2 тетки ( ги поштувам само) 2 тетина (помалиот го поштуват големиот ни здраво не му кажувам а е и татко на оваа што не зборам со неа) две вујни стара не сакам очи да и видам :devil: а овааа помладата си ја обожавам :inlove: двајца вујковци си ги поштувам мада помалиот си го сакам повеке како и неговата му женичка...имам дедо кој е срцееееее големо и најпрекрасниот дедо на овој свет :* имам и мало внученце од една бартучетка кое е преслаткичко...

    од на тато страната е скоро се Боже ме сачувај...имам 3 бартучеди со едниот живееме во иста кука и се супер слагаме со едниот ( на сестра му син) не збориме и толку голема глупост направи што татко ми од кука го истера кога дојде демек да се извини :envy: со бартучетката ( на овој сестра му ) сме само формално демек роднина мада јас некогаш и ни здраво не и кажувам...имам тетка ( која комплет со маж и ја мразам ) имам чичко и стрина си ги поштувам многу.....и главните актери во хорор филмот се бабата и дедото кои ни на најголем непријател не би му посакала да ги има во кука...затоа некогаш ни на празници не слегнувам кај нив бидејки не сакам лице да им правам а мене ми се :envy: од нивно лицомерие....а тоа што се љубоморни и завидливи е друга приказна...
     
  10. ohoho

    ohoho Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2011
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    99
    Имам гоооолема фамилија :lol: Од страна на мајка ми биле 6 деца а исто и од кај татко ми,па сега да не ги набројувам сами заклучете колку тетки,вујковци,вујни,стрини и чичковци имам :lol: и плус од кај сите по две деца освен кај мене(јас сум единче)значи имам вкупно 20 први братучеди :rofl: за втори да не правам муабет :rofl: Некои ми се поблиски и поомилени,додека некој со години ги немам видено.
     
  11. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    225
    Во потесниот круг сме
    Јас, мајка ми и татко ми....
    Блиску до нас живеат од на мама страната тета, вујче, баба...и куп 2-ри, 3-ти братучеди...
    Другите мање-више сме во контакт ама ги има доста.
    Од на татко ми страната не живеат во мк нит ги знам нити па сакам!
     
  12. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.096
    Пол:
    Женски
    Мојата фамилија?! ...па неможам да се пожалам, не има бајаги ! :rofl:

    Потесното семејство сме мајка ми, татко ми, брат ми (помал од мене) и јас.

    Потоа: татко ми има 3 сестри (сите три имаат по две деца; две од нив имаат машко и женско, а една има две машки).
    Мајка ми има 3 сестри и еден брат ( 1та тетка има едно женско, 2та тетка има две женски и две машки кои сум ги видела само еднаш минатата година, 3тата тетка има две женски со кои не комуницирам многу и 4тата тетка која ја сакам најмногу и ја гледам еднаш годишно затоа што не живее во Македонија има едно машко колку братми и малечка принцеза која многу ја сакам и ептен личи на мајками. И да, вујкоми кој не го сакам многу има три ќерки сите три мажени со деца и еден син исто така женет кој има едно детенце...)

    Тоа отприлика е мојата фамилија... А втори братучеди, ги имам многу некои од нив не сум ги видела (од страната на мајками), а од страната на татко ми ги знам сите втори братучеди затоа што повеќето од нив ми се блиску... И тоа е тоа од мојата породица тарана :lol: :lol:
     
  13. spellbound

    spellbound Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2010
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    1.482
    Во потесната фамилија сме јас, мајка ми, сестра ми и татко ми.
    А во пошироката:

    Од страната на татко ми:
    - баба ми, дедо ми, прабаба ми,сестра на татко ми (тетка ми) и две братучетки.

    Од страната на мајка ми:
    -баба ми, дедо ми, две тетки, едната постара, едната помлада од мајка ми.
    Постарата има три керки, а помладата нема деца.
    Сега натака не ги знам баш кој од каде е ама многу се.
     
  14. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Поише се, ама пола и поише не ги познавам. :tmi:
    - Ја, сестра ми, мајка ми и татко ми.
    - Од на татко ми страната: Чичко ми, стрина ми, братучед ми.
    - Од на мајка ми страната: Вујко ми, вујна ми, и 2 братучетки.

    Од кај татко ми немам мн, а од кај мајка ми имам мн. братучеди од второ колено. Дека баба ми биле 9 деца :tmi: ( со коие се гледаме само на гробишта, и поретко на свадби )
     
  15. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.935
    Потесен круг :
    Jaс, сестра ми, мама, тато..

    Поширок круг:
    Од на тато страната-баба, дедо, тета и тетин и 1 братучетка
    Од на мама страната-баба,дедо,вујче и вујна и 2 братучеди

    Се на се, во добри односи сме. Фамилијата на тато и фамилијата на мама се оган и вода! Сосема различни луѓе. Незнам овие како си се нашле :lol:
     
  16. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Голема е мојата фамилија.
    Домот го сочинуваме моите родители јас и сестра ми, над мене чичко ми и стрина ми, живееа и братучедките но се омажија. Нив ги сакам премногу, преоткачени се и уживам кога сум со нив. Многу сме блиски и со нивните новооформени фамилии, мажите им се срцки невидени, толку позитивни, секогаш расположени за дружење, забави... нивните дечиња, сите се мали оо да и близнаци имаме во фамилијата :D тоа се се роднини од страната на татко ми, другите се по други градови од кои најмногу живеат во Велес, послабо контактираме :|
    Од на мајка ми страната имам 2 тетки и вукјо. Тетките си ги обожавам, знаат да ме опсипат со внимание, пријатни се и секогаш спремни за трачарање :lol: Мажите нивни му се најпогодени на татко ми, за по одмори, риболов, кампувања, пикници се главни, ова многу ме радува што толку добро се сложуваат :)
    Братучедки имам и од оваа страна и братучеди, иако се помали со нив е секогаш смеење, малку ме нервираат малечките зашто се петен немирни, али ај ќе пораснат.
    Се на се си ја сакам целата фамилија, има и по некој испад да - некои подалечни тетки, стринки што се секогаш предмед на смеење (што да им правиш коа си се такви леви :lol: )
    Ги обожавам семејните собиранки. Секоја недела пролет-лето во двор се прави скаричка, мезиња, пиење, музиче, се собираме сите на куп на еден гоооолем фамилијарен собир :)
     
  17. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.037
    Имам голема фамилија. Не се знае кој со кој е во добри односи, кој во лоши. Обично по потреба се собираат- од корист.
    Материјалисти- Сите до еден! Добро од кај мама страната може не, ама од кај тато... :x
    Постесно семејство: Јас, брат ми, мајка ми и татко ми.
    Поширок круг: Не ги знам сите.
    Факт е и дека во Македонија фактички баш и немам роднини. Сите до еден од страната на татко ми се во странство. Не знам што бараме ние тука. ОК, такто ми и онака скоро никогаш не е дома. |(
    ОК. Да почнам:
    Од на татко ми страната: Сите невидени снобови. Не можам да им замерам. Епа татко ми има сестра и брат. Мајка македонка, татко германец. Од таа страна имам куп братучеди и братучетки. И внуци. Еднен гоооооолем куп размазени внуци. Ама нив многу ги сакам. :inlove: Скоро сите се со секој се скарани, тука се еден за друг од корист. Ама сум забележала дека не им смета. Фино. Фала Богу, моите и нивните односи се ОК зошто инаку ке немав каде да одам преку лето. Инаку семејствово го има секаде низ светот. Австрија, Холандија, Германија, Швајцарија, Австралија, Америка... Бар имам кај да одам.
    Од кај мајка ми: Татко и умрел кога била млада. Тој бил сирак ама успеал во животот, така што имал фабрики лоцирани во Австралија. Така да мајка ми доста време поминала во Австралија. Мајка ми има двајца браќа. Едниот е во Канада, па од таа страна имам и братучетки три од кои едната живее во Њу Јорк туку имам и внучиња. Кои не сум ги видела. Другиот брат е починат. Така што неговото семејство поточно вујна ми и еден братучед живеат во Швајцарија а братучетката во Германија. Нема внуци. И така ја имам само баба во Македонија. Фина бабичка.
    И то е то во кратки црти. Најмногу си ги сакам внучињата мои мили, а најмалку meine Tanten што не ни знам од кај ми се роднини кои живеат во Австрија и имаат бркови ко сом. Боже. |(
     
  18. Zoza

    Zoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    297
    ауу мојата фамилија е многу голема

    Во потесен круг јас мама тато (сестра ми зет ми иако во друга кука ) и мојот дечко е ваљда бидејки јас и он си Живеаме заедно...

    Од на тато странта баба дедо чичко стрина бартучет жена му и малата принцеза (која има месец дена)
    Имам тетка тетин бартучет (жена му) бартучетка (маж и) од негова страна
    Од на мама страната имам 2 тетки 2 тетина 2вујковци 2 бујни 10 барчедовци (две се мажени значи +2 нивните мажеви ) 3 внуциња и дедо кој го обожавам најмногу на свет...
     
  19. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Факт е дека семејството не може да го избереме, но по сето она низ кое поминав, можам да кажам дека вистинското семејство се оние кои се покрај тебе во секој момент, се жртвуваат за тебе, ти си им на прво место и не дозволуваат никој и ништо да го попречат твојот мир и среќа, а не некои персони со кои по некоја луда случајност ти имаш крвна поврзаност.

    Искрено моето вистинско семејство се родителите на мојот сопруг (и мојот сопруг се разбира), тие се единствените кои навистина се грижат за мојата безбедност, мојата среќа, моите потреби и размислувања. Свекор да ме одбрани од насилната рака на некој кој ради некој (сеуште не знам зашто) незаштитен однос се дрзнува да се нарече мој татко е навистина нешто.

    Ова биолошково семејство не е мн големо и сите се раскарани и никогаш не сум ни имала некоја убава слика за него, а не дај Боже некој да се венча, први се сите да му се мешаат во чорбата. Не знам дали ви текнува на тој цртанот (долгометражен) со тигарот шо си го бараше семејството (го даваа неделата на а1), поентата е дека семејство се тие што се покрај нас секогаш и се подготвени се да жртвуваат за нашата безбедност и среќа.
     
  20. zara

    zara Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    28
    Имам минимум 25 обиди да правам семејно стебло :D
    Секогаш ќе ми закрчка на истото место...луѓе за кои не знам дека постојат.
    Но, не е битно! Најверојатно и тие не знаат дека и јас постојам.
    Поконцизно речено
    Мадр, Фадр, Брадр, Грендмадр енд Гренфадр ат хоме :emo:

    Од страната на мајка ми
    две тетки
    тетка број 1 доага во пакет со тетин и со две помали братучеди околку декада од мене. Али закон се 8) 8) 8)
    тетка број 2 не доага во пакет
    вујко и вујна и две најсрцки братучетки од кои едната е 20 години помала од мене ама како најбоља другарка ми е :*
    и плус баба и најјак дедо :P

    Од кај татко ми
    3 тетки ...бреејјј
    тетка број 1 со тетин број еден и двајца најтоп батковци - по кул луге нема :lol:
    тетка број 2 со тетин број два и двајца најтоп батковци - секад ќе ти помогнат. Патем цел летен одмор го минував кај нив како помала бидеќи живеат во друг град и бев најсреќна, само јас сум женско од таа страна и ептен ме сакаат.
    и тетка број 3(Бог да ја прости)-Ептен ја сакав и сакам а нејзинато семејство нема потреба да се спомиња тука прибидејќи се копилиња!
    Тоа, :emo:

    а тоа веќе милион други тетки, чичковци, бабушки и дедовци кои се браќа и сестри на бабиве и дедовциве ќе ги ставиме во џст релативс :rock: