1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вашата фамилија

Дискусија во 'Дете' започната од Trendafilka, 20 јули 2010.

  1. FlameFairy

    FlameFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    197
    Во потесното семејство сестра ми, јас, брат ми, мама и тато :rofl:
    Од страната на мајка ми: баба, дедо, 2 тетки и нивните сопрузи, четири брачеди.
    Од страната на татко ми: дедо, чичко и 2 брачеди.
     
  2. oceangirl

    oceangirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    69
    Најтесната фамилија феноменална...се понатака куп IMBECILES :D
     
  3. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Старците мои си се зеле на љубов,што викаат стари.
    Ме направиле мене,нешто тргнало наопаку (свекрвата,наравно) и мама си дошла назад само 6 месеци по моето раѓање.Оттогаш-адиос падре...Го запознав на 6 години и одржувам контакт (живее во друг град,преженет си е и има две деца со другара жена -значи си имам дада (14) и бато (скоро 13),кои си ги сакам многу и многу ми фалат така уанс ин а уајл.Ги запознав пред 4 години.
    Мајка му ,татко му ,сестра му и внуките на Стариот Вампир не сакам да ги видам, таа втората жена е ок со мене,матер и ј**ем(ми згреши нешто кога бев помала,ама сега и двете се правиме на удрени).

    Мајка ми се премажи пред 12 години,супер ни е,живееме како малечка вистинска фамилија.Не ми роди ништо.
    Имам дедо кој живее со мене и си го сакам најверимач.Штотуку се разведе од втората жена и сега се дечко и девојка(инаку,многу си ја сакам)
    Мама има сестра,која ми е исто ко мајка,дури и повеќе,претерано сме блиски,се ме разбира,се и кажувам...Тетин ми е петка,конзервативец,малку гачкало,ама арен е.
     
  4. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.424
    Ние сме си бааги големка фамилија.
    Во потесен круг: татко ми, мајка ми, сестра ми и јас :rofl:
    Од страната на мама:баба, тета, тетин, 3 братучетки. И сите тие во пакет си ги сакам најмногу, а и блиску живееме :inlove: :inlove:
    Од страната на тато: баба, дедо, тета, чичо, стрина, 1 братучед, 1 братучедка. Е сега вие се во друг град, не се гледаме многу често ама и онака и не би сакала да ги гледам многу често :tmi:

    Е сеа имам и милион други баби, дедовци, тетки, тетини, чичковци, вујковци, вујни, братучеди ама многу се и не сум со сите блиска, а сигурно има некој шо не го ни знам дека ми е роднина.
     
  5. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    718
    Од секад сме се шалеле на наша сметка, од што сме блиски за секој дома има посебен телевизор :D Значи за ништо не се слагаме, ама ич. Инаку најтесен круг сме 4ца, мајка ми, татко ми, брат ми и јас. Брат ми е доста постар од мене така да никад не сме биле особено блиски.. Мајка ми и татко ми комуницираат чисто формално што се вика и тоа е тоа. За жал, значи МНОГУ за жал живееме во иста куќа со братот на татко ми т.е. чичко ми и неговата фамилија, нормално на различни катови ама пак дворот ни е ист |( Чичко ми е ок, ама жена му не секад ми мрчи кога ќе донесам животинчиња и ги уништувале цвеќињата, мислам не дека ми значи тоа, како и да е не ја сакам, ни она мене :hai: Братучедите не ги ни гледам баш и ондак то.
    Уствари кога ќе размислам со никој ни од семејство, ни од цела фамилија, не сум баш особено блиска :D ок, не е смешно :|
     
  6. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Голема, голема фамилија сме ние. Заедно живеам со чичко ми, стринка ми и братучед ми, јас, мама, тато, брат ми и баба :) .

    Од страна на мајка ми имам 4 тетки и еден вујко. Вујче е душа од човек ептен добар, паметен и многу си го сакам. Немам зборови со кои би го опишала. Ама затоа пак тетките ми се едни големи трачетарки. Една ич неможам да ја поднесувам. Голем напаст ми е. Тие имаат сите по две деца, само напастот има едно. Мала е таа. Другите се моја возраст и поголеми од мене највеќе до 7год. Со поголемите братучетки ептен сум си блиска. Како постари сестри ми се, и ми имаат многу помогнато и советувано. Една е постара од мене 1год. и сме цимерки :) така да со неа сум си најблиска. А со машките и така и така. :)

    Од страна на татко ми имам една тетка и чичко. Тетка ми живее во Струмица така да не се гледаме многу често, но ја сакам премногу. Ептен современа жена. Таа има 3 ќерки. Тие се постари од мене, но ми се како постари сестри. Не сме толку блиски, бидејќи не се гледаме често, но ги сакам :)
    Чичко ми и стринка ми иако живееме заедно слабо ги гледам. По цел ден на работа. А со братучед ми највеќе сум блиска од сите. Си го сакам како поголем брат кој го немам. Ми помгнал многу, ме советувал многу, кога сум немала пари ми давал. Многу сум си горда на него и ептен си го сакам 8)

    За втори братучеди да не правам муабет. Ги има многу. Некои не ги ни знам :^)
    Ајде се изнакажав јас многу :lol: .Доста е.
     
  7. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.303
    Допаѓања:
    7.301
    Пол:
    Женски
    Би сакала да можам да изнакажувам добри и пофални работи за мојава фамилија, но, ако се вратам во реалноста, работите се далеку од фини.

    Како прво, со многу мал дел од неа се знам. Многу често сум пројавувала желба да се запознаам со вторите, третите братучеди, но секогаш одговорот од моите бил „Има време“. Веќе 16 години истиот муабет, па не ни инсистирам веќе.

    Второ - зависта, љубомората и желбата за да бидат нешто повеќе од останатите, ги довела до степен да се испоскараат сите со секого. Братот на дедо ми е најалчното суштество што може да се сретне на Земјината топка, а кој сака таков човек покрај себе? Никој, нормално.
    Цел живот му е околу пари, пари, пари. Цел живот гледа да ги заработи, а никако не му успева. Губитник е невиден, лошо друштво во секој случај. Затоа ќе умре сам, без никој да го исплакува.
    Другите сестри му се сосема во ред, вкупно 5 се. Заглавени се по малку во минатото, но ги разбирам, стари се и тешко им оди вклопувањето во новиве работи.
    Баба ми има една сестра и еден брат. Луѓето се многу фини, еден час со нив ми поминува како минута. Имаат смисла за хумор, ги даваат најдобрите совети поучени од своите судбини и се прекрасни луѓе.
    А, баба ми и дедо ми заедно, се луѓето кои што ги сакам најмногу на цел свет. Нормално после мајка ми. :) Храбри, многу искусни, вредни, исполнителни, одговорни. Мал дел од зборовите кои што дефинитивно најдобро ги упишуваат. Дедо ми е инает невиден, но е столб на семејството и секогаш е отворен за решавање на туѓите проблеми. Омилен е меѓу комшиите, меѓу работниците, омилен е и во фамилијата и меѓу внуците. Тој е мојот идол, а јас сум неговата трета ќерка.
    Тоа е отприлика она што се однесува за страната на мајка ми. Голема фамилија се, раштркани низ цел свет, со 40% од нив само дали се знам. Затоа ми е многу криво, но што е, тука е.

    Страната на татко ми, ох.. од каде да почнам.
    Дедо ми е себичен, горделив, верен пријател со шишето вино и ракија. Психички е во состојба да те доведе до лудило, има многу иритирачки поглед и груба фаца. Не памтам нешто да направил за мене, од секогаш сум мислела дека не ме ни сака. Факт е дека другите внуци му се поомилени, затоа што ни татко ми баш не му е омилено дете. Очекувано, ситуација со која што одамна сум подмирена. Не дека нешто се замарам ептен со него, само го чекам уште она чоколадо што ми го вети за полуматура. Мислам дека за свадба ќе го добијам, ако поживее до тогаш, што е многу тешко после двата мозочни удари. Како и да е, ништо лошо не му посакувам.
    Баба ми пак, разведена е од него, ги имаат истите карактеристики, може и затоа не можеле да живеат заедно. Лесна жена, лесно можеш да ја смоташ, едвај знае да прочита две-три букви, ама затоа секогаш е скоцкана и секој месец од пензијата троши пари за на фризер и за подновување на ормарот. Има три пати поголем плакар од мојот, а мене утешително ми дава 50 денари.
    Кога бев помала им се радував, ама сега веќе не ни ги земам. Милостина не ми треба, нека си ги чува за црни денови.

    Многу мрднати, ретко нормални, секој со своите проблеми и со со своите маки, ретко кога успеваме сите блиски да се собереме на едно место. Жалосно, ама така е.

    Тоа е тоа, во некои подобри времиња, ќе очекувам подобро.
     
  8. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    Ако ги соберам и вторите братучетки, тетки/тетинци, вујни/вујковци,баби/дедовци - охоо па тоа е голема фамилија.
    Накратко моето семејство го сочинуваат татко ми - добар, фин, толерантен човек, грижлив и се разбира глава на семејството, мајка ми - избувлива, хистерична жена со меко срце, секогаш тука да сослуша, да даде совет, не се однесува со нејзинитие деца како со пријателка, туку баш како мајка, десна рака на татко ми :D , потоа Јас, еј Јас - се во суперлатив и најмалиот член на семејството сестра ми - блесава, немирна, а сепак премногу добра, мила личност. Е ова го сочинува моето кофчеже од богатство.

    Одиме понатака.

    Баба и дедо(на тато мајка и татко) најдобри луѓе, среќна сум што ги имам. Дедо ми секогаш расположен, ни удолува најмногу, со сестра ми дури си игра фудбал на 70 години. Баба ми мирна женичка, понекогаш знае да се скара, ама многу си ја сакам. Една голема гушка за нив :hug:

    Баба ми(на мама мајка, дедо ми починат уште кога мајка ми била дете :worried: ) па не сум нешто многу блиска со неа, иако напнува односот да ни стане подобар, ама коректна сум со неа. Балансирам зошто не ми се допаѓа нејзиниот карактер, нејзините изјави, критики и сл.

    Тато има сестра со нејзиниот сопруг и братучет ми. Со нив сум во супер односи исто како и со тетка ми од страна на мајка ми бидејки и таа има само една сестра + сопруг + братучет уште еден кој е доста помал од мене.
    Е тоа се најблиските а плус од кај баба, дедо по пет/шест браќа и сестра и тие имаат по две деца. Ехее, еден куп не има. Со некои сум во поблиски односи, со некои се гледам од прослава на прослава.
    Ама како и да е со никого не сме во лоши односи, се сакаме и почитуваме. Крвта не е вода.
     
  9. Happygirl13

    Happygirl13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    60
    Голема фамилија смее,голема.
    Мајка ми има 3 сестри и еден брат,тоа значи дека имам 3 тетки и еден вујко.Сите тие имаат деца кои на мене ми пагаат први братучеди некои од нив имаат и деца кои на мене ми пагаат внучиња.Со некој од нив немам никаков контакт иако ми се први братучеди.Со некој од нив не ни сакам чисто заради мајка ми ги трпам иначе до сега имаше партали да ги напраам!Со едната тетка исто ко да не сме роднини може да се каже дека еднаш во годината се слушаме а исто и со нејзините деца т.е мојте братучеди.Со другата не сум во многу добри односи исто така и со нејзината керка а и син,а за нејзиниот маж нејкам ни да зборам.
    Другата тетка си ја сакам многу,исто и братучедите од нејзина страна и нивните деца т.е мојте внучиња.А тетин ми е комедии мн фин човек и него си го сакам.Е сега вујко ми и него си го сакам, иако немам некој муабет со него,вујна ми понекогаш е фина понекогаш е права вештерка.Син им го сакам али ни со него немам некој муабет,со керка им е поразлично иако личи на мајка и мн ми е мила и си ја сакам многу.Дедо ми и баба ми од страната на мајка ми се починати ;(.И нив многу ги сакав,ги сакам и ке ги сакам!
    Има уште некој роднини од страна на мајка ми ама повекето од нив не ги познавам освен вторите братучеди тетка ми и уште неколку.

    Од страна на татко ми најблиска ми е неговата сестра.Од нејзина страна имам две братучедки кои си го сакам премногу!Може да се каже дека ги чуствувам како сестри.Со тетка ми имам добар однос, колку да се рече.Жива е само мајката на татко ми која си ја сакам иако понекогаш многу знае да ме изнервира.После имам повеке втори братучеди од негова страна.Повекето од нив се во странство и не ги познавам.Но тие тука што се во Македонија ги познавам и си ги сакам премногу!И со сите нив сум ве предобри односи.

    Се на се сме многу голема фамилија иако не изгледа така.
    Повеке ги сакам роднините од страна на татко ми,можеби затоа што тие се тука во Скопје па сум почесто со нив него со тие од страна на мајка ми пошо се распостранети низ цела Македонија и Балканскиот Полуостров..

    Поздрав до сите нив и до тие што ги знам и до тие што не ги знам. :* :hug:
     
  10. tweety88

    tweety88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    23
    Јас, мама, тато, дада и бато :D

    Од страната на мама: 2 тетки и нивните сопрузи, 5 братучеди, баба и дедо.
    Од страната на тато: Чичко, стрина, 2 братучеди и дедо.
     
  11. Lili.lili

    Lili.lili Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2010
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    72
    Пол:
    Женски
    хаха мојата фамилија е стварно многу мала: знаци сама сум ни брат ни сестра и замислејте имам една барту4етка од страна на татко ми и две брату4етки од кај мајка ми. ептен сум блиска со нив иии така мало семјство но многу сум срекна и се ми прузат родителите имаме пријтаеле и сега ке одам на одмор њиууу њиуууу
     
  12. MoreNa-22

    MoreNa-22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    386
    Допаѓања:
    76
    Си ја сакам фамилијата заедно со сите блиски роднини кои не се многу и не би ги заменила за ништо на свет а најмногу си го сакам братми :D е дефинитивно без него не можам да се замислам и пресрекна сум што го имам.Имам две тетки по мама ама една ептен ме нервира заедно со братучедите а другата и таа по тато мн си ги сакам
     
  13. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.709
    Пол:
    Женски
    Нашата фамилија брои 4 члена. Мајка ми, татко ми, сестра ми, и јас најмалото. Мајка ми има брат од кој имам двајца братучеди. Поголемиот само што доби син и преку ден сум кај нив, му се радувам на малото. Помалиот братучед, му е школски на дечко ми од средно и стално ме заебаба кога ке одам кај нив каква екипа биле они во средно што бељи правеле итн. Татко ми има брат и сестра. Од чичко ми(на татко ми брат) имам две братучетки со кои не се имаме, поради наследството се скараа татко ми и чичко ми, а и ор***ијки се (прости ми боже). Тетка ми (на татко ми сестра) не е мажена и е неподвижна. Имам само уште една жива баба која е многу откачена и чат пат досадна. Вечно неа и фали аспирин. |( Важно баба ми има диплома за завршена негувателка 8) Дедо имав до пред 2 години кога додека бев на одмор почина. Од него ми остана аманет да завршам факултет. Дедо ми беше голем човек, секој во градот го знае. Кафански човек кој е голем гурман и обожавател на винцето. Бил еден од побогатите луге во местото каде што живеел, и бил командант (воено лице). Има слика со Друже Тито која и до ден денес стои закачена во неговата спална. Навистина многу го сакав, прекрасен човек. Од него ги имам наследено долгите слаби нозе, кои чат пат на криво газат. Понекогаш многу ми недостига, бидејки тој беше еден од ретките кои веруваа дека ке биде нешто од мене, дека ке завршам факултет дека ке бидам образована личност. Енциклопедиите Британика и многу други книги кои ги даваа со весниците, стално ги береше и ми ги даваше мене. :doh:
    Исто така сестра ми е мажена, и има два ѕвера. Поголемата е сега за 7 одделение и мило ми е што има тетка како мене која е тука за неа во секое време кога и да и треба совет, сега кога запливува во тинејџерските води и се соочува со сите тие проблеми. Помалото е сега за 4 одделение и е прав ѕвер! Многу енергично дете не знам од каде ја наога таа сила. Многу е итар и посебно ми е интересно тоа што многу штеди на пари. Каде и да оди секаде му дават пари и ништо не троши. Сестра ми му отвори штедна книшка на која има дебела пара. Значи зборуваме за Евра :geek: , алал да му се кога ке порасне нема да си има проблем со пари. За зет ми нема да кажам ништо друго освен дека е човек на место. Многу пати има ни помогнато финансиски и многу други услуги.
    Тоа е моето семејство прикажано во овој исцрпен пост, можам уште многу да пишувам но секако нема никој да го прочита. :D
     
    На girl.23 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.777
    Допаѓања:
    131.183
    Кога бев мала седев на троседот и скокав додека татко ми ми ја свиреше на гитара оваа песна!

    http://www.youtube.com/watch?v=RGj-3heDWKg&NR=1

    Кога ја слушнав преработката комплетно ме врати во детството!

    Многу ми фалат моите, месец и пол не сум ги видела. Утре конечно ќе се вратат од одмор и ќе ги видам!
     
  15. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.701
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    Ние сме исто така голема фамилија. Не има Кичево, Скопје, Србија, Хрватска... да не набројувам.
    Моето потесно семејство го сочинуваат мајка ми, татко ми и брат ми. Имам дедо по татко ми, а баба ми е покојна веќе 2 години :( многу ја сакав, и многу ми е жал што ја нема. Би сакала да ја видам барем уште еднаш. По мајка ми, се живи и двајцата, фала му на Бога. Мајка ми има брат кој живее во Скопје. Има 2 деца, син и ќерка, мои први братучеди. Татко ми има сестра, живее во Кичево. Има 2 сина, едниот женет, другиот не. Женетиот си чека детенце, иначе мое внуче :inlove:
    Толку за моето поблиско семејство :)
    Инаку мајка ми и татко ми имаат многу први братучеди, по татко ми половина се во Кичево, половина Скопје. А пак по мајка ми половина се во Скопје, половина Србија и Хрватска.
     
  16. maca78

    maca78 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    78
    моево семејство моментално јас,мм,и синчето :inlove:
    мм има сестра мажена со две мали ок се супер,ин лоус се ок, :D ,братучедите од мм се покето мкд,а тие што се тука си ги сакам ни одит муабетот со сите...со една од сестрите на свскрва ми немаат муабет и немаа кога дојдов во нивната фамилија...
    а за моите најубавите? :rofl: мајка ми татко ми,една сестра мажена со две прекрасни дечиња,една сестра не мажена јас златна средина....
    по татко ми се тој и 4 сестри со вкупно 9 први братучеди од таа страна
    по мајка ми исто беа 4 сестри и 1 брат од кои за жал вујко ми и најстарата тетка не се повеке со нас,со вкупно 14 први братучеди од таа страна
    значи си имам јас 23први братучеди кои поголемиот дел се помали од мене и сите сме супер нема карачки мегу нас.е сега не живеат сите на едно место туку кој америка кој низ европа некој в село ама важно е дека нема карање...
    ги имам и двете баби дедовците се починати и така то ми е фамилијата најблиска а за подалечни ако почнам да пишам хмммм мислам ке ме заболат и раце и очиња :D
     
  17. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    Мајка ми е единица, а татко ми имаа еден брат и една сестра. Тетка ми (сестрата на татко ми) има две деца, машко и женско, со кој сум прилично блиска. А братму на тато има двајца синови но со нив не контактираме...Иначе сме само јас и братми. Двете баби ни се живи, и од поблиска фамилија тоа е ... А подалечна фамилија (од 2-ри братучеди натака) имам за со лопата да риниш.... :P
     
  18. solzuska

    solzuska Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    135
    значи јас единиче сум, мајка ми има брат и сестра-брат и има 3 дечиња, сестра и едно, татко ми има исто така брат и сестра-брат му има две деца, сестра му исто две...значи јас си имам 8 први братучеди
     
  19. theAristoCat

    theAristoCat Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2011
    Пораки:
    442
    Допаѓања:
    384
    Пол:
    Женски
    имам две сестри,од кои едната е мажена но сеуште нема деца
    зет ми го обожавам! :)
    мајка ми има една сестра која има син и ќерка,а татко ми има брат кој има син и ќерка. Ќерката на стрико ми има едно дето.Сестрата на татко ми има две ќерки кои се мажени и имаат по две деца.
    :)
     
  20. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    Па прилично имам голема фамилија
    Мајка ми има 3 сестри,значи имам 3 тетки ама немам вистински вујко но сепак 1 братучед на мајка ми,ми е како вујко,блиски сме,имам имам имам 4 братучедки од страната на мајка ми и 2 братучеди.Татко ми има 1 брат и од таму имам 1 братучед и 1 братучедка.Баба ми има 1 брат и 2 сестри сите сме многу блиски.....и ако продолжам нема да има крај :D