Многу голема фамили сме..Имам претрано многу баби и дедовци..дедо ми од тато страна има 9 брака и 4 сестри..ги знам само некои од нив а другите во живот не ги имам видено Спојлер којзнае на свадба ке се погоди некој да запознаам ..некои се австралија,германија,швајцарија,австрија,словенија секаде се населени ова испадна од нашава фамилија како големата преселба на народите ..од страна на татко ми имам една братучетка,незнам точно колку тетки,чичковци,вујковци,вујни не ги знам..сега од по страна на мајка ми и тие бааги големи се..дедо ми Спојлер кој починал пред да се родам не го знам имал двајца брака..едниот има две деца мислам мажени/женети (не сме во баш добри,всушност никакви односи)..исто од кај баба ми страна има двајца или тројца брака и две сестри..и нив не ги знам..и тие имаат деца мажени/женети,мајка ми има уште две сестри,ги знам тие од нив имам 3 први братучедки и 2 братучеди..вторите братучеди не ги знам баш добро ама идат некаде 20 ако не и појке..и не ми е чудно ако во клас ми се падни некој братучед..пошто до сега двајца запознав,првиот псоле 6 години заедно откако учевме основно а другиот во средно прва година,професорите ни кажаа дека сме братучеди ја и тој појма си немавме (овие двајца од по страна на татко ми) ..Имам една сестра јас мислам ако сакаат мојава фамилија некако да ја наранат требит готвачон што готви за војскана да го викниме да ни прајт јадење..и пак гладни ке сме..сите како цистерни сме јајме дур непопукаме...а посебо од по тато страната Спојлер ‘‘диво‘‘ племе не вика мама,и со право сите сме ‘‘диви‘‘ За сакање не се сакаме многу,секој си тера кеф да си напраи,сите се караат меѓусебно..кој имал шо имал,дугачки приказни..сите се растурени по светов ни знани ни познани..фала му на Господ фејсбук имаме,па се наоѓаме неккако .. Спојлер рацете ме заболеа,морав да скратам,а кога ке ги научам сите на бров ке пишам кажам точни бројки
Најблиска фамилија-мајка ми, татко ми, јас, сестра ми плус проширен состав-зет ми кој си го сакам најмногу, неверојатно човече е, го обожавам-и двајцата мали индијанци на сестра ми. Внук ми има 7 години, а внука ми во Ноември ќе наполни 2 години. Од страната на татко ми и баба ми и дедо ми се починати (и неверојатно ми недостасуваат зашто заедно живеевме, посебно ми недостасува дедо ми ); постариот брат на татко ми почина пред неколку години, од него имам 2 мажени братучетки, двете имаат по еден син, прекрасни срценца се двајцата . Сестрата на татко ми има 2 сина, живеат во Србија, тетин ми е починат, едниот братучед е женет и има мала принцеза ќеркичка која за десетина дена ќе полни дури 5 години . Помалиот брат на татко ми има ќерка и син, и двајцата не се мажени/женети. Од кај мајка ми: имам баба, многу ја сакам, прекрасна умна и бистра личност. Мајка ми има само еден брат, впрочем баба ми живее со него и неговата фамилија-имам две братучетки, ама многу им е рано за мажење, мали се . Пошироката фамилија од двете страни е бајаги голема.....Со оглед на тоа што таткото на дедо ми (од страната на татко ми) се женел два пати (му починала мајката на дедо ми кога бил мал), па од двата брака има деца.....Од кај баба ми на татко ми страна биле 8 деца, половина од нив раселени на територија на бивша СФРЈ. И сите со минимум 2 деца, па и тие со деца.....Еден тон луѓе сме. И од страната на баба ми, на мајка ми мајката, и они биле 6 деца, сите тие имаат деца и внуци....И дедо ми покоен имал повеќе браќа и сестри (не знам точно, не беше посебно близок со неговата фамилија, само со некои), па така многу малку луѓе познавам од негова страна. И то. Контактирам многу со првите братучеди и братучетки, посебно со тие од страната на татко ми, многу сме блиски, сите ги осеќам како браќа и сестри.....И ми фалат многу безгрижните лудувања со нив во старите добри времиња кога бевме мали и без никакви обврски освен школото.
Мојата фамилија,охохооооо Тато,мама,брат ми и јас. Многу си ги сакааааам потоа,баба,тетка со братучет ми и тетин ми ,друга тета со братучетка(не ми е омилена),и сега мојата фамилиичка од 2+2 на пат и така..аа откај тато се преголемаа,не мрзи да пишувам
Ние сме си една мала, но гласна фамилија. Рокери во душа сме И сите во пубертет! Те љубам мамо. Те љубам тато. Те љубам сестричке.
Хмм мојата фамилија. Па прилично е мала. Живеам со мајка ми и баба ми (на мајка ми мајка). Веднаш до нас живеат тетка ми и тетин ми (од страната на мајка ми) и имам еден братучед ама мал е, 8 години помал од мене. Луѓево не се нешто многу добри спрема другите ама спрема мене се супер. Па какви такви тие се единствените роднини што ги имам. Имам и некои други тетки и вујковци ама се подалечни и не живеме со нив многу. Е за оние од страната на татко ми има мноогу да се зборува. Човекот само прави деца, незнам ни колку ги има а и право да ви кажам не сакам ни да знам. Има тој еден брат кој има две деца (машко и женско). И мислам дека е уште жива мајка му ама не сум сигурна. Абе луѓево, со се татко ми ги мразам. Уствари не, не ги мразам бидејќи тоа е чуство а јас не чуствувам ништо спрема нив. Значи се на се мојата фамилија ја сочинуваат 6 члена.
Живеам со мајками, таткоми и братми кој оваа година ке оди на студии и ке живее во Скопие. На долниот спрат од куката живеат баба ми и дедо ми од страната на татко ми. Баба ми и дедо ми од страната на мајка ми живеат во друг град но и кај ниво одам барем еднаш во два месеци. Татмо ми има сестра и од таткова страна имам двајца братучеди и двајцата се многу поголеми од мене но многу си ѓи сакам. Од страната на мајка ми имам и една тетка која има еден син кој е исто така поголем од мене 6-7 години. Втори братучеди имам многу бидејки татко ми има 26 први а мајка ми околу 18 први братучеди. А трети ги имам толку многу што ако си фатам дечко голема е веројатноста да ми е братучед . Инаку заборавив да напоменам дека сум единственото женско внуче од двете семејства.
Мислам дека ако нацртав семејно стебло и ја прикачев сликата ќе беше многу многу подобро Тато + Мама = сестра ми и јас Фамилијата од страна на тато: тато има сестра-тета,многу си ја сакам...и тетин ми е многу фин човек.Со братучед ми многу повеќе се усогласувам некако,но и братичетка ми е супер. Незнам зошто но ете дали зошто со братучедми сме само 4 дена разлика,иста генерација,ист карактер... Тато има исто така има 2 братучетки и братучеди негова генерација,и со нивните деца и ден денес си живееме. Но исто така има и 2 братучетки и братучед што се 6/8 години постари од мене,и нив нормално не ги викам тето, но исто така имаме инзвореден контакт. А пак од кај мама: мама исто има сестра-моја тета,нон стоп се шалиме дека мене тета ме родила. А пак тетин наликува на човек со широки и европски сфаќања. Едноставно неможам да речам лош збор ни за едниот ни за другиот тетин. Од оваа страна имам братучетка и братучед. Братучед ми повеќе со сестра ми-они кошаркарите, а јас повеќе со братучетка ми.Но тоа не значи дека со него не комуницирам.Баш убаво си живееме. На мајка ми сите први братучеди и братучетки (9) или се колку мене или едно 6/7 постари од мене.Многу убаво си живееме и комуницираме и од таа страна ми е омилениот вујко-прв братучед на мама. Се надевам дека утре ќе успеам и јас моите деца да ги научам да си живеат со роднините.
Мојата фамилија... татко ми 38г., мајка ми почина на 33г инаку ќе имаше 36 сега, брат ми 17г. и јас и сестра ми(15г.) од кај татко ми: имам баба и дедо, тетка, 2 братучетки и братучед од кај мајка ми: имам баба и дедо. вујко и тетка, 1 братучед
Па вака живеам со нина,чичо и двајцата брачеди кои што ми се како браќа,а нина и чичо ми се мајка и татко бидејќи моите се починати. Стрина ми-Многу си ја сакам,жена со широки сваќања,секогаш со добар совет кон мене и е тука за мене. Чичо-Малку конзервативен и строг,но со многу добра душа кој се би направил за мене,дури и душата би ја дал за мене За брачедите немам зборови,ептен сме блиски и си живееме.Бидејќи се постари од мене и се однесуваат заштитнички кон мене,па за што и да ми требаат одма доаѓаат. Бабичка и дедичко кои што живееа со нас од на тато страната се починати,но беа многу добри луѓе.Баба ми секој ден ме испраќаше и дочекуваше од училиште,а дедо демек строг и остар кон нас,беше војно лице па знаеше ретко да не подскара,а најчесто ме носеше на рамења и ми велеше ајде да те крени дедо да го видиш светот. Од на мама страната-имам два вујковци од кои што едниот е починат ,две вујни и тројца братучеди од кои што едниот е женет и си имам малечко внуче кое што е џинтал прав,ептен си го сакам Едната вујна некогаш знае да си подкажи малку поќе од шо треба,ама Ок жена е .Со нив не се гледам секој ден,но сепак сме во добри односи. ОД сите што сме први братучеди во фамилијата само јас сум женско и најгалено ми велат дека сум Исто баба и дедо од на мама страната починаа кога бев многу мала и бледо се сеќавам на нив,но знам дека ме сакале многу и биле многу добри. А 1-ви братучеди на мама и тато,па и мои втори се еден куп,ако почна мда набројувам ќе треба 5 дена да пишувам прилично ми е голема фамилијата.
Нашето семејство се содржи од шес членови.Неа ја сочинуваат:мама,тато сестра ми,брат ми,јас и најмалата сестра...
Живеам со баба, дедо и брат ми близнак. Баба ми и дедо ми имаат 2 деца: мајка ми и вујко ми. Од на вујче од страната имам 2 братучеди со кои јас не контактирам, меѓутоа брат ми контактира. Е сега, од на дедо ми од страната имам: 1 дедо и 3 баби (ги викам дедо и баба бидејќи се стари), од брат му на дедо имам двајца братучеди со кои онака се имам. Од првата сестра на дедо ми имам 3 братучеди: едно машко и две женски, и со нив онака се имам, од втората сестра на дедо ми имам двајца братучеди машко и женско, со женското немам контакт бидејќи е во Америка, а и со машкото немам контакт, од третата сестра на дедо ми имам два братучеди машко со кое не контактирам и женско со кое се имам Сега од на баба ми од страната. Има 3 сестри, едната сестра и е во Србија мажена и има 2 деца машко и женско со нив многу се имам и имам сега од нив 3 внучиња , втората сестра има 2 машки и едно женско, исто со нив многу се имам, и имам од нив 4 внучиња, петото е на пат , и од третата сестра имам двајца братучеди машко и женско со нив онака се имам, и од нив имам 3 внучиња а четвртото е на пат
Нашето семејство брои 4 члена, мама, тато, бато и јас. Од на мајка ми страната е само баба Од на татко ми страната се баба дедо тета и нејзиниот сопруг и 2ца братучеди.
Јас блиска сум само со мајка ми,со татко ми помалку бидејќи еве 4-5 години работи во странство па само неколку пати во година се гледаме ,со баба ми сум многу блиска а со брат ми воопшто.. Од страна на мајка ми имам една тетка,тетин и 2 братучеди близнаци што имаат по 22 год што живеат во Австралија па еднаш во година се гледаме и една баба(што ја спомнав погоре) а од страна на татко ми имам исто така една тетка,тетин и 1 братучед и 1 братучеда што се гледаме многу ретко иако живееме во ист град бидејќи односите не ни се баш сјајни...а баш би сакала да имав барем еден дедо :/
И ние сме дoмa четири членa - јaс, брaт ми, мaјкa ми и тaткo ми. Јaс и мaјкa ми сме слични пo кaрaктер. Јaс сум мнoгу aмбициoзен и сo цврст кaрaктер и сo желбa зa пoдoбaр живoт. Тaткo ми и брaт ми се тoтaлнo исти. И двaјцaтa не се зaмaрaaт зa нештo, без aмбиции и без желбa зa живoт. Пoрaди oвие рaбoти имaме чести "судaри" вo семејствoтo. Вo нaјблиските ги вбрoјувaм и мoјaтa првa брaтучеткa сo мaж и и внукa ми. Брaтучеткa ми е ќеркa нa вујкo ми, oднoснo нa мaјкa ми брaт. Тие ни пoмoгнaле кoгa ни требaлo. Пoтoa тукa е и чичкo ми, oднoснo брaт нa тaткo ми. И тoј е некaкo без aмбиции и ништo не гo интересирa. Мoжеби oвa им е вo крвтa. Нивниoт тaткo, oднoснo дедo ми истo не се зaмaрa. Имa свoј стaн и две пензии. Никoгaш не се грижел зa свoите внуци. Oд стрaнa нa тaткo ми фaмилијaтa сите се ненoрмaлни, вклучувaјќи гo и негo. Зa рaзликa oд нив, бaбa ми и дедo ми oд стрaнa нa мaјкa ми секoгaш ни пoмaгaле. Ни купиле кревет пред мнoгу гoдини, злaтнa aлкa нa брaт ми, пaри нa мене, дoмaшни јуфки, јaбoлки, кoмпири и мнoгу другo. Фaлa Бoгу иaкo гoдините и здрaвјетo ги гaзaт, сеуште дoбрo се држaт и некa си пoживеaт. Сo сестрите нa мaјкa ми, тетките, не сум мнoгу близoк. Еднaтa е вo Гермaнијa, a другaтa е мaженa вo селo. И сo двете не се гледaме честo. Тoчнo е декa пријaтелите се бирaaт, a рoдителите не мoжеш дa ги бирaш, меѓутoa не сум зaдoвoлен и среќен oд тaткo ми. Свесен сум декa имa и пoлoши oд негo, aмa не е секoј рoден зa рoдител.
Не контактираме многу со фамилијата, имам еден прв братучед и тоа на друг крај на планетата така да најблиските ми се семејството, мајка ми, брат ми, бабите...со братучеди 2ри, 3ти, тетки, метки не контактираме баш, доволно ми е моето најсакано семејство иако не баш на склоп, не би можела без него...
Ако земам да пишувам ќе ми треба цела книга ,затоа накратко КАТАСТРОФА ! Никој не признавам освен моите сестри и секако мајка ми нека и лесна земјата
Па со роднините,само за свадби и погреби се гледаме. Од фамилијата секако најблиски родителите и сестрите.
Мм има огромна фамилија, затоа на свадбата наша 70% повеќе имаше он роднини од мене. Инаку сега кај што сум мажена живееме во иста куќа јас, мм, синко, прадедо на синко, свекор, свекрва и золва, поголема е куќава, па на посебен спрат сме.. и прадедото сам си живее одделено, но сите заедно ручаме