1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вашата физичка активност

Дискусија во 'Фитнес' започната од Lux, 12 јуни 2011.

  1. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Ајде вака, се одлучив да ја отворам темава за сите оние кои се на каков било начин физички активни.
    Мотивирана од диетодржачите и оние кои сакаат да се хранат здраво, а воедно и убаво да изгледаат, море и од оние кои си се хранат калорично па пак убаво изгледаат ;)
    Значи под физичка активност сите подразбираме што значи, било пешачење (бавно, брзо), трчање, скокање на јаже, пливање итн.
    Прашањево ми беше колку вие практикувате да бидете физички активни во текот на денот со оглед на тоа колку имате слободно време и ви дозволуваат условите.
    Без разлика дали си со килограми вишок, сакаш да симнеш некое кило или сакаш да ја одржуваш тежината мора да бидеш физички активен.
    Се препорачува дури и оние на кои работните места им се со седење(скоро на повеќето се такви) на секој пола саат да станат да се "рашетаат" низ просторијата или малку да се истегнат.
    Дали практикувате намерно да се прошетате повеќе од вашата вообичаена дневна релација што ја печашите секој ден?
    Колку вежбате во текот на една седмица да речеме или во еден ден правите вежби по серии?
    Каков е вашиот план на вежбање, комбнирање вежби, ги вежбате одделно по денови, правите пауза.

    Кои денови ви се резервирани за вежбање, кои за одмарање?
    Повеќе сакате да вежбање во друштво или сами, со пуштена музика, без, пред телевизор, со слушалки...
    Колку време трае вашата физчка активност и како сте задоволни од неа и зошто ја практикувате ?
    Може темава да послужи и како наш личен дневник соопштувајќи ги видовите на активност кои сме ги правеле во текот на денот или изминатите денови.
    Па може да послужи и некому како мотивација или самата помисла дека не вежбате само вие, туку во исто време тоа го прават уште милион луѓе па и овдешните форумџики, дополнително ќе ве мотивира и ќе ви ја зголеми желбата за каква било физичка активност
    .
    П.С морам да напоменам дека физичката активност не се практикува само за слабеење и добар изглед, општо секој вид на физичка активност е добар за здравјето на срцето, за релаксирање, смиреност, т.е е добра и корисна за целиот организам.
    Па фитнес зависнички и оние помалку зависните отворете се тука слободно без никој да ви приговара, а тие што не се доволно активни со темава сигурно ќе стапат во акција ;) .
     
    На srcekrsacka, Cacy и teddybear им се допаѓа ова.
  2. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Јас зумбам, прво зумбав по 5, па 10 и сега цели 25 минути ги издржувам без поголема мака.
    Знам и на орбитрејк да се качам 10тина минути ама зумбата ми е незаменлива.
    Пешачам, некогаш пешки со другарките до палма( некои 40 минути), и некои 40 минути севкупно одење ми се фаќа на факултет кога одам ( од дома до автобуска и назад има некои 25 минути :lol: )
    некогаш со другарките и ролерки возам, а знам и на точак да се качам до продавница или нешто.

    До пред малку зумбав, жива вода бев, јас се врзувам со фолија пред да вежбам, па облекувам мидер и боди па над тоа некоја лесна облека. Тече вода од мене и чувството е убаво.
    Некако повеќе си сакам сама да вежбам. А вежбам некогаш секој ден некогаш преку еден ден.
    Зависи од околности и расположение.

    Признавам порано мразев да вежбам. Ама сега со зумбата се забавувам одлично. :)
     
    На Lux му/ѝ се допаѓа ова.
  3. sonce777

    sonce777 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Lux да ти се пожалам немам никаква физичка активност во 17ч од работа сум дома ручам и веднаш го фаќам кревето до 20ч спијам останатото време ништо не правам-се мразам-се мразам-се мразам сега планирам навечер да излегувам покасно и да пешачам убаво е времето се стопли и нема да ме мрзе.Порано шетав многу дури и кругови вртев околу зграда.Во последно време се поправив ама почнав лепчето да си го кратам.Ке ја читам темата секојдневно и ке си давам стимул навечер да шетам.Си се познавам себеси ако решам ке излегувам секоја вечер лоша ми е навиката и попладне што многу спијам,а навечер седам до касно морам да се одвикнам.
    Треба си некоја физичка активност на самото тело така и ние подобро ке се чуствуваме.
    Lux :clap: :clap: :clap: за темата.
     
    На Lux му/ѝ се допаѓа ова.
  4. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    до пред недела дена одев на часови пилатес, ама повеке е ти реков-ми рече отколку везбање
    за пешачење, пешачам постојано, низ маало, во центар, постојано наваму-натаму обврски, интервјуа...
    сакам да си каснам(особено благичко) ама никогаш сум немала проблеми со тежината (таков ми е метаболизмот, а сега летно време каде и да одам шишето со вода ми е во рака)
     
  5. spanko

    spanko Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    522
    Moja тема :inlove: Најавувам дека секојдневно ќе има тука мое мислење (баш како дневник)!
    Физички сум доста активна, колку што ми е дозволено!

    КЕЈ! Оооох мојот душевен мир! Некој кога ќе ми рече ’ај на кеј’ сум како мало дете на кое му давате лижавче :$ :lol: Живеам на 5-10 мин од кејот и редовно го посетувам (освен во зима кога е ептеееен ладно), сама или со друштво сеедно! Добро, најчесто сама зошто сите другарки и другари ми се мрзливи, а ко за беља дечко ми е најмрзлив! Има периоди кога сум им лута на сите зошто не ме дружат, ама па со сила неможам да ги натерам, во такви моменти слушалките во уши и решен проблем! А инаку не сакам музика, сакам филмчиња да си правам во глава, да си го планирам времето или некои креативни идеи тогаш ме напаѓаат!

    Од спортови и останати физички активности сум пробала речиси се, за да дојдам до заклучок дека кошарка, ракомет, фудбал, зумба :devil: не се за мене!
    Никогаш не сум тренирала нешто активно бидејки кога сум била малечка сум имала проблеми со срцето и на 5 години ме оперирале па докторите забраниле напорни активности. Сега се е во најдобар ред, но истото важи: дека активно тренирање одтерен спорт и диктирање на темпото од др ми се забранети! Можам да правам се но умерено, да се одморам кога ќе почувствувам дека немам сила и да не претерувам.
    Со аеробикот се справувам одлично па може и одбојка, тенис по малце и сл. Затоа пак точак, ролери, пилатес, трчање, брзо одење, планинарење, скојање на јаже ми се омилени!
    Во текот на зимата одам на пилатес и аеробик 3-4 пати неделно и плус уште некој ден ако имам желба правам вежби по дома! Од мај до крај на септеври, комбинирам, зависи за што сум расположена дента :)
    Изминативе 5 дена прво зовев ролери, утредента пешачев брзо, па два дена трчав, вчера ролерите си ги искористив како превозно средство сабајле, а останатиот дел од денот уживав.
    Неколку пати во неделата пешачам до факултет и назад по 40 мин за да избегнам менување на два автобуси или барем до некаде со бус после пешки 20 мин. Во недостиг на време, а кога имам голема желба за вежбање, обавезно правам статични вежби колку што ми дозволува просторот во соба.

    Заклуок: спанко не спие баш по цели денови :D ни па седам по кафиња, на прво место е паркот, зоолошката, кејот, Вдоно и Матка па после се останато! Долг коментар знам, sorry, затоа сега ги облакам ролерите и одам да се борам со ветерот на кеј! И плус имам друштво нема да сум сама! :rofl:
     
  6. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Јас сум едно хиперактивно детиште што место не го држи повеќе од 5 минути на едно место (Освен во испитна сесија :rofl: ).

    Пред се да кажам дека најмногу ми помогна да си добијам тежина каква што сакам јадењето на здрава храна, секој ден внимавам многу што јадам. Благо и онака никогаш не јадам, можеби сум единствениот човек на планетава што мрази благо, чипсовите ги откажав целосно, фаст фуд исто.

    После времето во читална (до 8 сум таму најчесто) си идам дома се пресоблекувам и трчам 1 час. Прво ми беше многу тешко, ама со тек на време си стекнав кондиција.

    Кошарка играм секој викенд, без неа не можам, барем час морам да си пофрлам на кош.

    Секоја недела се искачувам на едно доста високо место, таму го шетам целото и потоа се враќам назад.

    Кога ме пукнува адреналинот (а многу често знае тоа) одам на некои поопасни места и правам секакви акробации кои се се, само сигурни не :D

    Лето без возење на велосипед до едно село каде што имам роднини секоја 2ра недела не ми поминува. А и општо сегде со велосипед одам, многу ми е и побрзо и поздраво така.

    Зумба, аеробик такви работи не сум пробала никогаш, ме стрвите сега со ова зумбава, ќе видам, нека ми поминат испитите.

    Не дека сум опседната со изглед, ама многу сакам телото да ми биде во форма, така се чувствувам поздраво пред се. Сега сум многу ослабена, едно 8,9 килограми секако, сега сакам уште да се затегнам и за летово таман. Ќе биди и тоа знам. Ако се сака се може.
     
  7. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Веќе 10 дена редовно одам на фитнес, значи секој ден, освен сабота и недела.
    Дека мамурна, па затоа да одморам малку. :D

    Мислев дека ќе ми биде лесно, ама морам да кажам дека ептен ми беше тешко првите 2, 3 дена, плачев и вежбав од што ми беше толку напорно.
    Одам со другарки, теретаната е многу убава, сега си уживам, ништо не ме боли.
    Се затегнувам нормално, полека, полека напредувам.
    Е сега ова жешкото ептен ме истепува, ама тоа е.

    Убаво се чувствувам, некако позатегната сум, посвежа.
    Ама почнав да јадам 3 пати дневно :^) , што и не ми се случувало баш. И сега се чувствувам некако тронтаво, а организамот ми бара храна, течности, дека трошам, а и вежбам по саат и половина, некогаш и по 2 часа.

    И што мислите вие, ако продолжам да јадам вака, ќе се затегнам, или ќе се здебелам плус. :tmi:
    Не сакам да станам мало билдерче. :D

    Таму ми рекоа дека пред вежбање еден час, и после вежбање морам да јадам, за да ги хранам мускулите. И нели нормално да ги одржувам.
    А јас пошто сум одличен соработник и ученик, тоа и го правам. :D

    Најмногу се задржувам на стомачните, нозете и задникот.
    Секој ден правиме различни вежби, за истите категории.

    Е уште оваа Зумбава да ја симнам некако, и таман, таман.

    Пред вежбање се мачкам антицелулитна, и така си вежбам, се надевам изгледа дека со еден удар две муви ќе утепам. :D Ама не губам ништо.
    Малку потешко ми оди со долните стомачни, не можам да ги кревам веќе нозете во третата серија.
    Па предложете некоја полесна а ефикасна вежба за тој дел. :$



    Мече, прво ќе си облечеш мидер, а потоа фолија, не е добро за бубрезите инаку.
    Се враќа испотеното внатре во телото, не цело нели, нормално, ама одредена количина повторно се враќа назад.

    Или пак ви аптеките има хеланки за слабеење, т.е си ги облекуваш и со нив си вежбаш, абе жива вода те прават, околу 300 ден мислам дека беа.
     
    На teddybear му/ѝ се допаѓа ова.
  8. macysh

    macysh Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2010
    Пораки:
    1.090
    Допаѓања:
    767
    Јас секој момент нешто правам,хиперактивно суштество сум - иста како татко ми! :D Инаку во врска со спортувањето,не одам на некој посебен спорт зошто никако не можам да ги убедам моите да ме пуштат на тенис |(
    Ама,наставничката од школо ни ги даде топките зошто ние си ги купивме со наши пари и сега три пати неделно играме со класот по два-три часа :) Играме одбојка,кошарка и фудбал и стварно е прекрасна забава и рекреација.
    Инаку,ролерите ми се неизбежни на лето,секој ден или секој втор ден (зависи од расположението) јас сум в парк.Додека пак за викендите наутро одиме на трчање со другарките.
    И секако,неизбежните стомачни,грбни,склекови ( како дрога ми се,морам да ги правам секојдневно :$ )
    Обожавам и танцување,мноогу често знам да се разиграм и пот да ме облева од скокање со музичето :D
    И морам да признаам,прекрасно е чувството после секоја физичка активност.Мислам дека нема фајде ако се прават со сила,треба да уживаш додека спортуваш - така резултатите се најдобри.Јас откако почнав да вежбам имам кондиција и што е најважно успеав да се поправам! Пред тоа залак не ставав в уста а сега си јадам нормално иако се уште ми фалат неколку кила.
    А најважно од се,се чувствувам здрава,среќна и задоволна од себе.Физичката активност има голема улога и врз стресот и брзиот начин на живот,многу релаксира! 8)
     
  9. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.592
    Пешачам по кеј со многу брзо темпо и рутата ми се фаќа некаде 4,5-5 км.
    Ова го практикувам 3-4 пати во неделата.

    Зумба стандардно секој ден по 20 минути.

    И вежбам со тегови заради рацете и правам стомачни.

    Сепак, си дозволувам 2 дена неделно одмор, затоа што е потребно време мускулите да се одморат и обноват.
     
  10. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.106
    Допаѓања:
    88.092
    Пол:
    Женски
    Не спортувам ништо ама затоа пешачам многу. Дневно околу 4 километри, а 2 пати неделно благодарение на Лина дознав дека на овие 4 им додавам плус 6 км. :lol: Некогаш вежбам дома од 20 мин. до час, но час веќе ме преморува и потоа не сум способна за ништо. Слаба сум многу и мислев ако вежбам дека ќе се здебелам, но ништо од тоа. Под ова здебелување мислев да ги зајакнам мускулите :lol:
     
  11. Dulce

    Dulce Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2011
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    35
    трчам секој ден и си пуштам дома музика и играм ... од утре го вадам и точокот од гаража :)
     
  12. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    4.451
    Пол:
    Женски
    Секој ден вртам на орбитрек, пола саат минимум, а ако имам време ја повторувам постапката :)
    Имам навика додека гледам тв, да не седам во кревет туку сум на под и правам стомачни, вежбам со тегчиња, некои вежби за задникот... ништо напорно туку онака повеќе за загревање и растегнување.
    Два до три пати неделно вежбам на справи кај дечко ми, имам ракавици и мавам во кукла ( каква терапија е тоа не знаете :) )
    Порано не бев толку активна а бев послаба, дефинитивно како одат годините така потешко се одржува фигурата.
    Многу пешачам, пред некој ден од Капиштец тргнав кон плоштад, па по кеј , кај влада, па до Бисер и назад пешки, ама тоа само кога имам многу слободно време.
    Вчера вежбав пола саат на орбитрек и правев некои вежби со тежина на справи, денес само пола саат на орбитрек, ама планирам да вежбам сега.

    Тешко е да се створи навика за вежбање, а толку е добро чувството после вежбање, како 100 кила да сум симнала од мене.
     
  13. Buubica

    Buubica Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2011
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    245
    Порано бев мрзлива многу и мразев секаков спорт...е сега како што поминуваат годините и после едно нагло здебелување видов дека само со диета неможе па се фрлив активно на работа :D :D :D
    Трчам 5 пати неделно а секој ден правам стомачни, грбни, вежби за раце и задник и склекови. Ова го практикувам скоро два месеци а од пред 2 недели почнав и на power plate да одам 2-3 пати неделно зависи како имам време.
    Е сега гледам и зумбава ја фалите па некако ми мути памет да почнам и да зумбам деновите кога не сум на тоа машината :P :P
     
  14. eemmiilliijjaa

    eemmiilliijjaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    549
    Допаѓања:
    213
    зA сега оште не сум почнала да трчам но со мојата другарка планираме да трчаме сега на распуст и малку сакаме даа се одмориме па ке почнаме
     
  15. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.303
    Допаѓања:
    7.301
    Пол:
    Женски
    Од кога се потстопли времево повторно му се вратив на кејот, само што овие две недели сум ептен поредовна.

    Значи трчам секој ден, намалена ми е исхраната, благо и леб немав пробано 14 дена, ама вчера ме пукна ненормална криза и фукнав една кришка. :emo:
    Е сега, јас немам стомак, нити спојлери, ама затоа некако нозеве ми се ептен голем проблем, од коленото надолу се супер, а горе ми изгледаат ептен дебело и ужасно. |( Малку ми се ослабнати, затоа што симнав 3 килограми за две недели редовно посетување на кејот, арно ама, сеуште не се онакви какви што сакам да бидат.

    Времето си тече, јас во недела одам на одмор и стварно, ама стварно немам претстава како би можела да ги ослабнам, уште 2 килца и таман.
    Реално, нема теоретски шанси, освен ако не фатам температура и ако не ставам ништо во уста, али не ми се јадат ни живи компири. :D

    Некој предлог сепак, од поискусните? :D

    Инаку, трчањето го практикувам сама, иако некогаш сум придружена и од другарки. Сепак, гласам за сама, затоа што прво, имам повеќе кондиција од нив и не морам да ги чекам да се одморат на секои 2 минути, а потоа ради муабетот, абре не можеме да ќутиме ние. Не, не и не. :x
    Така му доаѓа дека сама трчам околу еден саат, со пропратни пауза секако, но не траат многу, две или три зависи, од по 4-5 минути максимум, некогаш и помалку, а со нив 1ипол, некогаш и два саати, окапуваме буквално. :D


    Како и да е, прајслес ми е чувството кога доаѓам дома, влагам во купатило, се соблакам и мавам еден ладен туш. Нема поубаво во никој случај. 8)
     
  16. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    Ќе ви ја кажам мојата активност кога сум во Мкд....
    -Секое утро (лето/зима/пролет/есен не е битно) трчање покрај езеро. 4 пати во неделата модерен балет по 3 саати, 2 пати паркур и секоја вечер скејтање :)....
    отсуствување од овие работи многу ретко...
    а да и неможам во секое годишно време за жал да му се посветам на скејтањето и тоа во Мкд, пошо овде има затворени скејт паркови :))....
     
  17. antica20

    antica20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    28
    Во последно време редовно секојдневно пешачам по десетина километри низ градов,не нешто посебно трчање
    или брзо одење чисто пешачење.А и веќе не го користам лифтот па до 6 спрат си се качувам по скали да ви кажам искрено скалите се мајка за тврдо газе :D
    но и точакот не е запоставен од време на време знам да си го провозам.
     
  18. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.546
    Кога одев на школо пешачев 2 км кога одев брзо а назад некој пат бавно некој пат брзо и добро ми дојде :)
    И кога не одам на школо пешачам до парк,до другарка,до некое високо место и.т.н.
    Сега летово планирам многу повеќе да вежбам и трчам :) На компјутерот симнав многу вежби и за време на летото ќе ги вежбам :)
    Само што проблемот е во тоа што неможам да ги снимам вежбите на ДВД :worried:
    Програмата се вика RealPlayer :| Кога одам Burn избирам кои вежби сакам да ги има на двд или цд бидејки има повеќе опции:Аudio CD и Data CD и MP3 CD...Избирам што сакам и кога одам burn мидава друга програма за инсталирување ама таа е со пари :worried: И сега?Какво ЦД да ставам обично или ДВД или што? :?: Ако знае некој како да го решам овој проблем нека каже :(
     
  19. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Освен пешачење секој ден и трчкарање по малиот по дома некоја друга физичка активност немам. Таква ми е работата да не сум врзана за компј. и стол 8 часа. Обично за викенд си дозволувам понекогаш да се излежувам и спијам (попладне) бар еден ден.
    Си го сакам телото и убаво ми е во него :)
     
  20. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.366
    од скоро одам на аеробик 4 пати неделно посебно ги сакам вежбите за грб бидејќи сум врзана за стол цел ден и се чуствувам прекрасно после секое вежбање