1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вашата физичка активност

Дискусија во 'Фитнес' започната од Lux, 12 јуни 2011.

  1. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.059
    Јас минативе месец-два пешачев и вежбав на орбитрек 3-4 пати неделно а сега од вчера се заразив со Зумбаа :rock:
    Луѓее одвај чекам утре да дојде да си поиграм пак, толку многу ми е интересно :rofl:
     
  2. spanko

    spanko Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    522
    Цела фемина зумба, само јас не успевам никако! До толку да неможам да ги направам чекорите, мислам дека рацете и нозете во чвор ќе ми се врзат!
    Ама не ми влијае сега тоа на расположението, во други услови би се онерасположила, но вечерва сум горда сама на себе!!! :$ Истрчав 20-25 мин без престан, со повремено менување на темпото, но не застанав воопшто! Може на некој тоа му е малце, но за мене е успех! Се препотив вода течеше од мене и се чувстувам препородено :)
    Лесно се стекнувала кондиција за трчање само треба желба да се има ;)
     
  3. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    637
    За ќотек сум јас, најнеактивна сум од цела Фемина бре :x ! Па во животот немам поминато ни еден час во теретана, нити се имам обидено да спортувам, нити да танцувам...ништо,буквално ништо! И сега не ме замислувајте како слонка, напротив може да се каже дека немам многу вишок килограми (160см 54кг) ама нели не се вежба за да се биде само слаб туку и за здрава цврста фигура каква што посакува секоја жена!
    Мојата физичка активност е само пешачење! Одбегнувам такси превоз (поточно не ми се дава пари за такси :P ) и си одам секој ден пеш до работа 3км (отприлика) и одам доста брзо! Се враќам исто така пеш и тоа му доаѓа околу 6 км дневно пешчење со побрзо темпо (не најбрзо ама пак далеку од бавно)
    Навечер многу сакам да се шетам, и секогаш кога имам друштво си излегувам на дооолга прошетка и тоа толку долга што дури нозе ме болат кога се враќам дома :rofl: !
    Еден период се обидував дома да правам стомачни, ама ништо од тоа, па почнав на јаже да скокам и пак после 7 дена не можев нормално да одам од воспаление на мускулите |( !
    Значи мојата физичка активност е катастрофа, а за чудо некое посериозни проблеми со целулит, тежина, лабави мускули немам-гени се во прашање ваљда :muscle: ! :wasntme: Тоа не значи дека шансите да се соочам со тие проблеми се невозможни, затоа планирам физички да се активирам малце повеќе (односно пред да дојдат до израз салцето и целулитот јас да почнам да вежбам)! Зумбата си ја симнав и јас, па ќе пробам (не ветувам ништо), и ете друштво најдов за трчање па ќе видам што ќе биде! Морам да ја зголемам мојата физичка активност, ќе се потрудам па ќе пишам понатака што се случува со мене и моите мускули :muscle:
     
  4. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    1 саат дневно возам ролерки-ова ми е дел од новата програма за слабеење.Ама не го гледам возењето како вежбање, повеќе ми претставува задоволство :rofl:
     
  5. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.762
    Јас послободна сум последниов месец, па се фрлив на физички активности :D
    Сабајле минимум пола саат орбитрек, понекогаш и цел саат, ама во просек 45мин :)
    Поручек -Пешачење 1 саат
    -Аеробик, зумба, пилатес....зависи од денот - исто 1 саат
    Навечер - ролери исто по саат време, ова не секој ден, зависи од расположение, ама 3 пати неделно обавезно
     
  6. Obu

    Obu Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    3
    Оооо дефинитивно ова е тема во која максимално се пронаоѓам...еден месец немам правено ништо сем возење точак секој ден по мин. 10, 15 км.Инаку пред овој месец имав секој ден некоја спортска обврска т.е. задоволство.На листа на активности ми беше 45 мин пешки до тренинг , на тренинг (борење) загревање и сите други марифети кои многу измачуваат и те тераат да ги правиш уште, после пак 45 мин пешки до дома. Доколку не сум на борење тогаш сум на латино (2 часа, еднаш неделно). Доколку пак не сум ни на едното ни на другото тогаш сум на система и вежав напорни вежби со 50тина машки и само јас и уште 2 , 3 девојчиња.

    Едвај чекам да поминнат уште овие 4 дена и да си се вратам повторно во акција!!!! :inlove:
    п.с. Сакам се живо од храна да пробам, ама здравата храна не се менува особено овој период кога има во изобилие!!!
     
  7. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.467
    Јас сум и гледам да сум физички активна. Порано бев доста активна кога одев на играорна,имавме секој ден проби и се одржавав. Кога сум во Скопје, нон стоп пешачам. Каде и да одам одам пешки, автобус имам користено преку сила 10 пати во 3 години и тоа кога треба да одам некаде подалеку , а такси користам само кога сум натоварена со торбици кога доаѓам или си одам дома. Ми се случило и капната уморна да сум, јазиков до колена да го испуштам од замор, но сепак сум пешачела. Кога сум дома гледам да сум повеќе активна. Возам велосипед, понекогаш и трчам, дома вежбам аеробик вежби или зумбам и правам вежби за истегнување и зацврстување на телото ( стомачни, грбни, за нозе и сл.), на лето кога сум на плажа пливам. Во последно време вежбаме заедно со сестра ми, но и сама не ми пречи да вежбам, може и со музика и без, не ми е тоа проблем. Вежбам зашто така се чувствувам подобро, се опуштам, го одмарам умов и се изолирам малку од се; зашто така се чувствувам како нов човек, за да сум послаба, да имам убаво тело, но и за да бидам здрава.
     
  8. budal4e

    budal4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2009
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    10
    вежбам секојдневно
     
  9. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    497
    Со оглед на тоа дека не сум возач - секаде одам пешки. Некогаш релациите не ми се погодни да фатам автобус или пак такси, па не ми е проблем да одам пешки со километри. Си најдов финта за полесно поминување на времето во пешачење - си ги ставам слушалките на уши и си пуштам антена 5. :)
    Откако поминаа дождовиве станав „девојката со точакот“ и обично кога одам на кафе кај некоја другарка или слично си го земам точакот. Последнава недела практикуваме со другарка ми да возиме во парк од 7 до 9. Прилично сум живчана и не можам да седам во место.
    Веќе трети месец одам на пилатес, па тоа ми е дополнителна активност која дефинитивно најмногу ме истоштува.
     
  10. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.251
    Допаѓања:
    21.754
    Пол:
    Женски
    Последниве неколку недели зумбувам дома, и многу ми е интересно! Инјаку секојдневно пешачење минимум еден саат. Од денес почнав и со возење точак и трчање, мора да се затегнам до одморот. А и онака, убаво се чувствувам кога не се тресам цела како пудинг :D
     
  11. eemmiilliijjaa

    eemmiilliijjaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    549
    Допаѓања:
    213
    со една моја другарка се договоривме да трчаме секое утро за малку да се застегнема ама како што гледам ништо од тоа и затоа си решив наутро додека е свежо да возам велосипед :$
     
  12. lovely92

    lovely92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2010
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    3
    Оваа пролет одев во фитнес ценар, ама не продолжив дека летно време е многу топло таму па сега си пешачам секој ден и секој виденд шеткам по бутиците па тоа ме одржува во форма :D
     
  13. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    Од ввчера почнав да трчам. Сега за сега по пола сат, пошто ич немам кондиција, ама натака ќе се зголемува времето.
     
  14. mia9184

    mia9184 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    294
    Пол:
    Женски
    Минатиов месец вежбав редовно секој ден по 1 час и возев статичен точак по половина час и ослабнав , ама тоа траеше додека не отидов на одмор ;) , кога се вратив ме фати една мрза , ништо не ми се прави , ама морам деновиве пак да почнам . :)
     
  15. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Искрено, последниве три години сум стаала тешка мрза. Порано возев ролери, точак, трчав, па и спотрував по нешто рекреативно. Сега, да не е пешачењето сигурно ќе бев прасенце.
    Пешачам секој ден, во просек по 6/7 километри. Тоа ме одржува во некоја си задоволителна форма. Еве сега планирам да започнам активно со зумбава (ја запоставив деновиве), сакам да почнам и да трчам на стаза или пак да возам ролери.
    Размислувам и за скокање на јаже, бидејќи навистина не бара многу посветеност а дава резултати.

    Ова се плановите, ќе видиме колку остварување ќе има :)
     
  16. AhThatFemaleProblems

    AhThatFemaleProblems Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    200
    Мојата физичка активност во последно време = 0.
    Се запишав на зумба пред некое време, појдов 4-5 пати и толку беше, ама мислам дека прекинав да одам затоа што ми беше далеку од кај што живеам и баталив.. Сега пошто сум на диета, се затегнувам по тро низ дома, правам стомачни, вежби за газот :) и за бутовите.. и толку од мојата активност :)
    Ако има некое трчање со седење на компјутер, известете ме благовремено :) :) :)
     
  17. SunFlower94

    SunFlower94 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2010
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    362
    Девојки сакам да ве прашам дали вежбате за време на менструалниот циклус? Јас сум на диета, и редовно вежбам, ама вчера добив, и стомак ме боли, омалаксана сум, неможам да се решам да трчам или да правам вежби, како се справувате вие?
     
  18. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.251
    Допаѓања:
    21.754
    Пол:
    Женски
    Мене пред 2 дена ми дојде, и паузирам со вежбите додека ми трае мензисот. Избегнувам секакво движење, освен она неопходното, бидејќи имам обилно крварење и ми фали уште да вежбам. 5 дена ќе се воздржам од било каква физичка активност.
     
  19. IndieGirl

    IndieGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    707
    Џогирам секој ден на стаза по половина час или пак цел час зависи. Сега ќе почнам од сабајле зумба па приквечер негде ќе џогирам и таман ќе си бидам цел ден зафатена ем ќе слабеам :) :)
     
  20. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.251
    Допаѓања:
    21.754
    Пол:
    Женски
    Се вратив пак на зумбата! Ми заврши мензисот, и денес зумбав околу 1 час. Прво бејсик вежбите, а потоа и кардио. За крај, вртев со новиот хулахоп. Мора да го снема мешето додека да одам на одмор!! Утре планирам со една сосетка да возам точак.