Активност 0- од кревет на компјутер па до фрижидер и пак назад и се така.Освен сексот ако е тоа физичка активност воопште и пливањето од одморот . Ама ке се активирам деновиве повеќе
Порано бев супер, си одев на фитнес ама ми се јавија проблеми со рамово, и сега не можам ништо да вежбам одма имам болки. Па џогирав со другарка ми од сабајле неколку дена сега месецов, ама и тоа изглеа не оди најдобро. Значи, мојата физичка активност е прилично бедна.
Какви ти се проблемите со рамото? Пукнато, исчашено или нешто трето? Имав и јас повредно рамо ама ми помина па затоа те прашувам .
Од кревет во кола, од кола на работа ,од работа во кола Па и тоа е физичка активност се троши енергија
Јас сум физички активна, одам на играорна до лани одев и на карате ама го напуштив...многу го сакам спортот
Нешто трето, ни јас не знам точно што е проблемот треба да одам на лекар, ама почна со онака мали болки при вежбање, за потоа т.е. сега ме боли и кога не вежбам, константно. Од рамото некогаш се пренесува болката и кон вратот и раката, многу зае*ано. Не знам точно што е, знам не можам да вежбам.
Ок, ај да не погодувам, се надевам не си имала болни крајници или реума како мала така да ако не ти е незгодно чим ти кажат дијагноза кажи ми, баш ме интересира што може да биде .
Сум физички активна секој ден станувам во 9 часот и вежбам хип-хоп околку 2 часа,ноќе па пешачам 2-3 часа
Па секој ден можам да си одвојам дел за физичка активност. Тоа ми е рутина, едноставно неможам и не се чувствувам убаво ако не направам нешто во текот на денот, и автоматски се полнам со негативна енергија. Еден ден џогирам, еден ден возам точак, плус правам дома неколку вежби за стомакот, задникот, грбот и нозете. 1 час ми е сосема доволен, некогаш кога ќе се унесам дури и повеќе ме фаќа Покрај тоа секогаш кога треба да одам некаде ако ми е поблиску ја користам можноста да одам пешки. Обично секогаш на нешто сум запишана, па кај и да е повторно почнувам со пилатес, така да ќе ги исклучам домашните вежби Тоа е тоа, доста сум физички активна, да не зборам и колку скали имам од продавница до дома и низ куќава и тоа се брои којзнае колку пати на ден ги качувам и симнувам.
Mинимум саат ипол.Пола саат турбо џам,пола саат хулахоп и скокање на јаже 40-45 мин.То је то Или пак некогаш наместо хулахоп возење точак.Џогинг во овој период слабо,кога ќе залади малце тогаш
јас вежбам понеделник среда петок и тава аеробик, модерен и класичен балет, тае бо, јога и фитнес и тава понеделник среда и петок кога отидам од 18:00-23:00 час.трчам на недела а така презнеделата се сум со кола како на пример мојата другарка она неделно 2 пати практикува да оди пеш до работата 1 час пешачење а јас сум секогаш со кола а кога колата ми е сервис со такси.
Јас физички сум супер активна, спијам по 14 саати и секое утро одам од собата моја до вцето(5 чекори) и пак назат и се движам до колата и пак од колата до дома.... па не е малку а и кога ке размислам колку трепкам дневно ехееееее за срамови е моето туку ај белки ке се стопле побрзо да почнам да правам нешто оти вака ке се направам како мечкаааа
Леле сењорита никако како мечка брр недостаток од поголема физчка активност имам во зима и поради тоа плус причина што сакам надвор да биде пролет и да грее сонце. За среќа постојат многу вежби што можат да се вежбаат низ дома и ако се прават нема да дозовлат да се направиме мечки. Ја вежбам 5 пати неделно ама без многу оптеретување во моментов, Понеделник, Среда и Петок вежби за нозе, останатите денови за стомак и размрдување и орбитрек а Недела одмарам. Се на се во текот на денот 15 минути сигурно сум физички активна.
Обожавам да пешачам, ја користам секоја прилика, не нешто планирано, туку многу пати го оставам автомобилот ако имам време и си тргнувам пешки... Бидејки сум многу по шетањето тоа воопшто не го чувствувам како нешто тешко, туку ме исполнува и не ни приметувам колку сум поминала , а и ако сум некогаш нерасположена пешачењето ми е најдобар начин за трошење на негативната енергија . Инаку посетував фитнес центар но некако зимава немам толку време или не си одвоив . А бидејки поминувам 8 саати пред комп. на работа сеа почнав да ги правам вежбите што ги прочитав на фемина дур сум си сама во канц , и сум си мн задоволна
Не ви треба ништо. Само АКТИВНО МИЛЕНИЧЕ! Јас сега купив и еве 500 м спринт трчање , па застанеме малку па пак продолжуваме. И на назад 500 м =1000 м на ден. Па ако имам можност и ноќе малку се шеткаме. Бидејќи денеска беше првата шетња дома вода течеше од мене , мислиш сите тие калории во вода паднаа. За мене тоа е доволно , а и одам на аикидо така да... ќе се појави рамен стомак до лето